струмички карневал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 10:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png струмички карневал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавена програмата на Струмичкиот карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval-2/#respond Tue, 31 Jan 2023 10:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=794151

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите. Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, а наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“. В петок, на 24 февруари, треба да се одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер ( 25 февруари 18,30 ч.). Празникот Прочка ( 26 февруари, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките. На Чист Понеделник (27 февруари) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните. Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер. Карневалот завршува на 1 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval-2/feed/ 0
Почнуваат карневалските празнувања во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-vo-strumica/#respond Wed, 02 Mar 2022 07:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=639070

Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите вечерва во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 овој месец. По предавањето на клучот ќе се одржи промоција на монографијата „Струмичко чудо“ и ќе се доделат благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот карневал по повод 30 години од обновувањето на вековната традиција. Главниот настан на Струмичкиот карневал ќе се одржи в сабота, кога ќе продефилираат домашните карневалски групи, а ќе учествуваат и групи од Лесковац, Србија и од Кукуш и Солун од Грција. Струмичкиот карневал повторно се организира во целосно издание по пауза од две години заради пандемијата од Ковид-19. Организаторите велат дека сите настани ќе се одвиваат според ковид протоколите и упатија апел до сите учесници и посетитили да се придржуваат до нив. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-vo-strumica/feed/ 0
Објавена програмата на Струмичкиот карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval/#respond Wed, 09 Feb 2022 11:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=629110

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите. Веднаш потоа е закажана промоција на монографија „Струмичко чудо“ и доделување на благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот карневал по повод 30 години во обнобувањето на вековната традиција. Наредниот ден е резервиран за концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“. В петок, на 4 март, треба да се одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно кралската свита ќе ја предводат карневалската поворка на главната карневалска вечер ( 5 март 18:30 часот). Годинава во поворката ќе учествуваат само домашни карневалисти, а заради пандемијата групите од странство кои досега учествувале ќе имаат само свој претставник. Празникот Прочка (6 март, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките. На Чист Понеделник (7 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резулатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните. Претпоследниот ден е резервиран за доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер и одржување на забава на отворено насловена како „Карневалско село“. Карневалот завршува на 9 март со одбележување на Тримерските обичаи, враќање на клучот од градот на градоначалникот и со концерт на ансамблот „Фолклорна низа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval/feed/ 0
Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumichkiot-karneval-kje-se-odrzi-od-2-do-9-mart/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumichkiot-karneval-kje-se-odrzi-od-2-do-9-mart/#respond Wed, 26 Jan 2022 12:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=623190

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19. Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска  традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи. -Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци. Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот. Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село-забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од oганизараното одржување на карневалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumichkiot-karneval-kje-se-odrzi-od-2-do-9-mart/feed/ 0
Струмичкиот карневал и годинава без големи манифестации поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkiot-karneval-i-godinava-bez-golemi-manifestacii-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkiot-karneval-i-godinava-bez-golemi-manifestacii-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 04 Mar 2021 08:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=476985

Заради пандемијата и годинава нема да се организираат големите карневалски манифестации како што се главната карневалска вечер со дефиле на карневалските групи, која требаше да се одржи на 13 овој месец, маскенбалот и детскиот карневал, соопштија од Организицискиот одбор на струмичкиот карневал. Од Одборот најавуваат дека се планира одржување на помали собири поврзани со карневалот. -Струмичкиот карневал 2021 годинава ќе се одржи од 11 до 17 март, но без традиционалната карневалска поворка, маскенбал, детски карневал и маскирања во различни креации. Со почитување на протоколите за јавни настани во време на пандемија, планираме да се одржи изложба на карикатури, промоција на монографија, Чист понеделник со делење на посен грав на плоштадот, изведување на традиционалниот Тримерски обичај, предавање на клучот од градот на карневалистите и слично, појаснуваат од Одборот. Програмата со активностите и местата на одржување на настаните од 11 до 17 март ќе бидат објавени пред почетокот на карневалската недела во Струмица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkiot-karneval-i-godinava-bez-golemi-manifestacii-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Откажан карневалот во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otkazan-karnevalot-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otkazan-karnevalot-vo-strumica/#respond Fri, 28 Feb 2020 08:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=309826

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов. Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања. – Јас го откажав учеството на сите групи кои требаше да дојдат на карневалот. Цела ноќ не сум спиел и некои групи буквално ги враќав од границите. Планирам во текот на денот да одржиме прес-конференција со градоначалникот Коста Јаневски на која ќе соопштиме повеќе детали, рече Цицимов. Дополнитено ќе се утврдат термини во кои ќе се одржат главните манифестации на Струмичкиот карневал. На интернационалната карневалска вечер, што беше закажана за утре, требаше да учествуваат 46 карневалски групи од земјава и странство со над 1.200 учесници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otkazan-karnevalot-vo-strumica/feed/ 0
Коронавирусот нема да го откаже Струмичкиот карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koronavirusot-nema-da-go-otkaze-strumichkiot-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koronavirusot-nema-da-go-otkaze-strumichkiot-karneval/#respond Wed, 26 Feb 2020 20:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=309289

Засега откажа една мала група со деца од Белград, поради препорака во нивното училиште да не се патува на екскурзии, а други откажувања немаме, информираше вечерва претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов пред почетокот на годинашните карневалски празнувања по појавата на коронавирусот во нашата држава. Според него, Организациониот одбор ги почитува препораките на Владата, кои беа соопштени попладнево дека сите манифестации и животот треба да продолжат. -Следејќи ги препораките одлучивме да го тераме карневалот, бидејќи ние не сме во состојба да одлучиме самостојно и да шириме паника ако го откажаме. Бидејќи, на ниво на државата е решено манифестациите да продолжат ние тераме според утврдената програма, додаде Цицимов. Инаку, на Интернационалната карневалска вечер, која ќе се одржи в сабота, треба да учествуваат 45 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/koronavirusot-nema-da-go-otkaze-strumichkiot-karneval/feed/ 0
Струмица поплавена од река од маски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-poplavena-od-reka-od-maski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-poplavena-od-reka-od-maski/#respond Sat, 09 Mar 2019 20:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=173145

„Време е! Нека почне Струмичкиот карневал“, објави кралот и почна карневалот. Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал. Пред голем број граѓани, премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, повеќе министри во Владата, амбасадори и гости од земјава и странство, но и пред стручното жири, карневалските групи буквално експлодираа во своите настапи и со своите креации. Почна да тече непрегледната колона од маски и костуми, кои под светлината на прекрасниот огномет уште еднаш потврдија дека вековната традиција на волбшеството под маски на градот под Царевите Кули од година во година ги поместува границите на креациите на учесниците. Први на големата сцена стасаа членовите на Кернвелската група „Ефтимови“ со маската „Чувари на традицијата“. За својот настап и 25 години учество на Карневвалот од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов добија медал. Веднаш по нив учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица дојдоа со маската „Џунгла во Струмица“. И навистина направија „џунгла“ со своите креации и настап. -Маската ја работиме повеќе од три месеци. Во изработката учествуваа сите наставници и голем дел од учениците и навистина е гордост да се биде тука и да се почувствува среќата на карневалот, рече професорот Васко Пиличев. Откако џунлата замина и се врати во Африка настапија „Златните потковици“, а по нив италијанската паста претече во Струмица преку „Струмичките шпагети“ на учениците од ОУ „Видое Подгорец“. Како на филмска лента се редеа „Шареента Лена“ на Цветко Багашевски, па Газелите од Радовиш се претставија со „Танцот на кабаутерите“ и така во недоглед по струмичките улици исполнети со каревалисти. -Во Струмица се слеа милион бои сите претворени во една-карневалска, рече еден гостин од Бугарија. Вечерва низ улиците на Струмица ќе поминаат 47 маски во различни категории, со околу 2 илјади учесници. Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории. Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на Прочка, со одржувањето на Детскиот карневал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-poplavena-od-reka-od-maski/feed/ 0
Струмица: За карневалот ќе се подготват три илјади порции грав на отворено https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-za-karnevalot-kje-se-podgotvat-tri-iljadi-porcii-grav-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-za-karnevalot-kje-se-podgotvat-tri-iljadi-porcii-grav-na-otvoreno/#respond Thu, 15 Feb 2018 09:11:09 +0000 http://kurir.mk/?p=21697

Струмичките карневалски празнувања почнаа вчера со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот Коста Јаневски на карневалџиите и со кревањето на знамињата. Веднаш потоа закажаните манифестации почнаа да се редат како на филмска лента: синоќа се одржа Детскиот маскенбал, а веќе денеска се закажани три настани-објавување на резулатите од литературниот конкурс на тема карневал, отворање изложба на фотографии од ланскиот карневал и концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“. Сепак најголем внимание од синоќа привлекува огромниот казан поставен на Плоштадот „Гоце Делчев“. Во него треба да се подготви посниот грав за „Чист понеделник“, првиот ден од почнувањето на Велигденските пости, а шести карневалски ден. Според организаторите годинава за прв пат треба да се подготват околу три илјади порции грав. Традиционалното македонско јадење ќе го приготвуваат готвачи од ресторанот „Ројал Парк“, со помош и поддршка на повеќе струмички компании и на општина Струмица. Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, покрај досегашните новини во одржувањето на карневалските манифестации, вели дека ќе има и други нови содржини. - Познато е дека ќе имаме 41 групи од земјата и странство, кои ќе учествуваат во карневалската поворка од околу 2 илјади учесници. Интересот беше голем, но поради времетраењето на Интернационалната карневалска вечер од три часа, но и заради ограничените капацитети за сместување, веќе неколку години наназад бојот на учесниците е околу две илјади. В сабота по завршувањето на карневалската вечер, ќе има забава на отворено на плоштадот со гостите од холандскит остров Аруба, кои со нивна автентична музика ќе ги забавуваат сите присутни, информираше Цицимов. Инаку, Струмичкиот карневал завршува в среда, на 21 овој месец, со традиционалните Тримерски обичаи и настап на Ансамблот „Тримери“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/strumica-za-karnevalot-kje-se-podgotvat-tri-iljadi-porcii-grav-na-otvoreno/feed/ 0