Струшка Литија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 14:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Струшка Литија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Мерко со претставници на црквата и полицијата за организирање на Струшката литија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-merko-so-pretstavnitsi-na-tsrkvata-i-politsijata-za-organizirane-na-strushkata-litija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-merko-so-pretstavnitsi-na-tsrkvata-i-politsijata-za-organizirane-na-strushkata-litija/#respond Wed, 03 May 2023 14:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=830195

Во Струга владее многу пријатна атмосфера, како никогаш досега бидејќи нашите граѓани не прават никакви етнички или верски разлики меѓу себе, нема никакви проблеми и се надеваме дека ќе биде вака. Тоа го изјави градоначалникот Рамис Мерко по средбата со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга, на која биле прецизирани детали за организирање на Струшката литија, што традиционално ќе се одржи на 7 мај. За време на еордијата, струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим. - Полициската станица од Струга презема активности за што подобро одвивање на оваа верска манифестација, пред се за регулирање на патниот сообраќај, како за возилата, така и за пешаците, преку посебен режим во патниот сообраќај, за некои од главните улиците на градот. Секако тука спаѓа и обезбедувањето јавен ред и мир, потенцираше командирот на Полициската станица од Струга, Абдулкерим Камбери. Сенародната струшка еордија (литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец", неговата чудотворна икона и Крнинската чудотворна икона на Богородица, традиционално ќе се одржи на 7 мај низ улиците во Струга. - Оваа традиционална прослава на православните верници од Струга, секоја година станува се поголема и поатрактивна, затоа сме среќни, истакна отец Васко Голабоски од црквата „Свети Георгиј“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-merko-so-pretstavnitsi-na-tsrkvata-i-politsijata-za-organizirane-na-strushkata-litija/feed/ 0
Во сабота во Струга ќе се одржи традиционалната струшка литија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-vo-struga-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-vo-struga-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/#respond Tue, 03 May 2022 09:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=671025

Со учество на локалното свештенство, братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, верници и добронамерници, и со традиционалните торжества, на 7 мај во Струга ќе се одржи познатата струшка литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што информира сестра Ефимија, од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. – Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА. Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во Литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе“ и фрлање цветни ливчиња. – Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија. Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј“ во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија“ со чуварите на македонската народна музика и фолклор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-vo-struga-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/feed/ 0
Струшката Литија ќе се одржи на 7 мај само со црковни лица без присуство на верници поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/#respond Mon, 04 May 2020 13:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=341425

Поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи на 7-ми мај во Струга, но без присуство на народ, информираат од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица. -Традицијата на Струшката литија (Еордија) и чествувањето на св. вмч. Георгиј никако нема да изостанат, зашто неговиот благослов е особено потребен во актуелниот период, но овој пат, целокупната церемонија ќе мора да биде реализирана само од страна на свештеничкиот клир, како и од Бигорската, Рајчичката и Пречистанската Обител, велат од манастирот. Оттаму истакнуваат дека се свесни за огромната почит која верниците ја имаат кон светиот Георгиј Победоносец, но сесрдно замолуваат граѓаните да останат во своите домови и уверуваат дека тие ќе се помолат пред него за секого и за целата наша земја и светот, за што поскоро да бидат избавени, како што велат, од искушението наречено Ковид– 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/feed/ 0