струшки ракометен турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 06:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png струшки ракометен турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-51-izdanie-na-strushkiot-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-51-izdanie-na-strushkiot-rakometen-turnir/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867193

На ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга денес почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир. Турнирот ќе го отворат, домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач Вардар, а силите ќе ги одмерат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Љубителите на ракометот утре ќе може да ги погледнат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, како и Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга. Вo петок ќе настапат екипите на Вардар и Гуиф и екипите на Алкалоид и АЕК Атина. Последниот ден е резервиран за натпреварите за пласман. Освојувач на ланскиот турнир е екипата на Еурофарм Пелистер, која годинава не настапува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-51-izdanie-na-strushkiot-rakometen-turnir/feed/ 0
Пешевски е МВП на турнирот во Струга, Лесјак најдобар голман – Талески најдобар стрелец https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/#respond Sun, 21 Aug 2022 07:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=721607

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга. Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани. Покрај Пешевски, со трофеј заминува и голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје. Со 24 постигнати гола најдобра стрелец е Филип Талески од Вардар. а во негово отсуство наградата ја прими тренерот Владо Недановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/peshevski-e-mvp-na-turnirot-vo-struga-lesjak-najdobar-golman-taleski-najdobar-strelec/feed/ 0
Вардар и Целје вечер ќе се борат за финале на Струшкиот ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-celje-vecher-kje-se-borat-za-finale-na-strushkiot-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-celje-vecher-kje-se-borat-za-finale-na-strushkiot-rakometen-turnir/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=720337

Третиот ден од 50. јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, ќе го отворат домаќинот РК Струга и АЕК од Атина (почеток 17:15 часот). Веднаш по нив (19:15 часот) силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер и словачкиот шампион Татран, а во дербито на вечерта ќе биде познат првиот патник за финалето по директниот дуел меѓу Целје и Вардар (21:15 часот). Македонскиот шампион Вардар синоќа убедливо ја совлада екипата на Бутел со резултат 32:20, а на полувреме беше 18:8. Претходно словачкиот претставник Татран Прешов го совлада АЕК со 25:21 (16:11), а Алкалоид беше совладан во последните секунди од Целје со 29:28 (15:15). Мечот го одбележа кавгата меѓу тренерите Кирил Лазаров и Алем Тоскиќ, кои беа исклучени пред крајот на првото полувреме и натпреварот го следеа од трибините. Струшкиот ракометен турнир почна во вторникот, а ќе трае до сабота, кога ќе се знае победникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-celje-vecher-kje-se-borat-za-finale-na-strushkiot-rakometen-turnir/feed/ 0
Убедлив триумф на Целје против Бутел на Струшкиот ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-celje-protiv-butel-na-strushkiot-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-celje-protiv-butel-na-strushkiot-rakometen-turnir/#respond Wed, 17 Aug 2022 07:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719622

Поранешниот европски шампион Целје синоќа триумфираше убедливо против тимот на Бутел со 31:20 (18:8), со што го најави најави својот напад за освојување на Струшкиот ракометен турнир оваа година. Словенците тргнаа моќно во овој дуел уште во воведните минути од натпреварот и стигнаа до резултат 10:1 и практично го решија победникот, на одмор се замина со резултат (18:8). Во вториот дел се играше поопуштено, двајцата тренери им дадоа шанса на повеќе ракометари од клупата да играат и конечниот резултат гласеше 31:20. Вториот ден од турнирот го отвараат екипите на Алкалоид и Целје (17:15 часот), два часа подоцна премиерно годинава ќе настапат АЕК Атина против Татран Прешов, додека во последниот меч се среќаваат скопските екепи на Вардар и Бутел (21:15).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-celje-protiv-butel-na-strushkiot-rakometen-turnir/feed/ 0
Познат составот на групите на Струшкиот ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-sostavot-na-grupite-na-strushkiot-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-sostavot-na-grupite-na-strushkiot-rakometen-turnir/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=711906

Македонскиот првак Вардар 1961 ќе ја предводи групата Б, додека вицешампионот Еурофарм Пелистер групата А на традиционалниот меѓународен Струшки ракометен турнир, чие јубилејно 50. издание ќе се одржи од 16 до 20 август на отвореното игралиште кај „Женска плажа“ во Струга. Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК од Солун и словачки Татран Прешов. Покрај Вардар, во групата Б се македонските прволигаши Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-sostavot-na-grupite-na-strushkiot-rakometen-turnir/feed/ 0
Вардар го освои 49. Струшки ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-49-strushki-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-49-strushki-rakometen-turnir/#respond Mon, 16 Aug 2021 06:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=550998

Македонскиот шампион Вардар, го освои 49. Струшки ракометен турнир, откако синоќа во драматичен дуел и реприза од ланското финале му се реваншираше на Еурофарм Пелистер, совладувајќи го дури по продолженијата со 33:32 и по 13-ти пат го освои овој турнир. Во регуларниот дел натпреварот заврши 28:28. Натпреварот го реши Тимур Дибиров од пенал во последната секунда во продолженијата. Претходно за третото место Бутел го совлада тимот на Тиквеш убедливо со 29:20. Натпреварот беше решен во првите 30 минути, во кои Бутел замина на одмор со седум голови позитива (17:10). Во првиот неделен меч, Металург го совлада домаќинот, екипата на Струга со 29:23 (15:12), со што го избегна последното место на турнирот. За најдобар голман на 49. Струшки турнир беше прогласен Мартин Секељи од Еурофарм Пелистер, најдобар стрелец беше Златко Мојсовски од Бутел, а најдобар играч е Тимур Дибиров од Вардар. Организаторите најавија многу звучни имиња, учесници во Лигата на шампионите за јубилејното 50. издание на Струшкиот ракометен турнир за идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-49-strushki-rakometen-turnir/feed/ 0
Почнува традиционалниот „Струшки ракометен турнир“ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-tradicionalniot-strushki-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-tradicionalniot-strushki-rakometen-turnir/#respond Thu, 12 Aug 2021 06:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=549463

Со македонски екипи, без интернационални гости денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга почнува 49. издание на „Струшкиот ракометен турнир“. Традиционалниот турнир ќе го отворат екипите на домаќинот Струга и Вардар, а по свеченото отворање силите на теренот ќе ги одмерат Тиквеш и Металург. Турнирот ќе трае до 15 август, а шесте македонски екипи ќе се натпреваруваат во две групи. Во Првата група се екипите на Струга, Бутел и Вардар, додека во втората ќе настапат Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш. Бранител на трофејот е Еурофарм Пелистер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pochnuva-tradicionalniot-strushki-rakometen-turnir/feed/ 0
Целје го освои трофејот на Струшкиот ракометен турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/celje-go-osvoi-trofejot-na-strushkiot-rakometen-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/celje-go-osvoi-trofejot-na-strushkiot-rakometen-turnir/#respond Mon, 20 Aug 2018 06:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=89709

Во неизвесен дуел словенскиот шампион Целје го освои ракометниот турнир „Струга 2018“ откако во финалето минимално го совлада тимот на Доброгеа Суд Констанца со 25:24 (11:13). Натпреварот беше полн со возбуда и неизвесност до самиот крај. Двете екипи го менуваа водството, но сепак поголема концентрација во финишот покажаа Словенците кога направија водство од плус три и предноста ја задржаа. Одличен настап во финалето имаше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски за романскиот тим со 12 интервенции. Бронзата ја освои екипата на Тулуз, совладувајќи го српскиот вицешампион Железничар со 32:24 (16:14). Во првото полувреме играа израмнето, но стартот на вториот дел им припадна на французите кога направија серија од четири гола за 20:14 и тука се реши победникот и освојувачот на пехарот за трето место. Шведски Алингсас го победи турскиот шампион Бешикташ со 29:22 (12:13). После израмнето прво полувреме во кое за нијанса подобри беа турците работите се сменија во вториот дел. Швеѓаните имаа перфектен финиш добивајќи го со 7:1, за убедлива победа на крајот и освоено 5. место. Во борбата за избегнување на последното место на турнирот екипата н Еурофарм Работник го совлада домаќинот Струга со 33:26 (18:10). Битолчани беа подобри во првото полувреме покажувајќи повеќе мотив за победа и заслужено го зазедоа 7. место на турнирот, а Струга остана последно пласирана. За најдобар играч на турнирот е прогласен Домен Макуц, а за најдобар голман Клемен Ферлин и двајцата од екипата на Целје. Најдобар стрелец е Горан Кузманоски од Еурофарм Работник со 27 гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/celje-go-osvoi-trofejot-na-strushkiot-rakometen-turnir/feed/ 0