струшки вечери на поезијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 19:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png струшки вечери на поезијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vracheni-nagradite-na-62-strushki-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vracheni-nagradite-na-62-strushki-vecheri-na-poezijata/#respond Sun, 27 Aug 2023 19:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=871604

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На настанот им беа  врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот настапија странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vracheni-nagradite-na-62-strushki-vecheri-na-poezijata/feed/ 0
Вечерва свечено затворање на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-svecheno-zatvorane-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-svecheno-zatvorane-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/#respond Sun, 27 Aug 2023 11:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=871461

Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено ќе се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На настанот кој треба да започне во 20:30 часот ќе им бидат врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. На фестивалот настапуваат странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид се одржа поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен Венец“, Влада Урошевиќ. На истата локација се одржа и свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, чие чествување се одбележа и со изложба на фотографии поврзани со неговото учество на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Во рамки на програмата на фестивалот беше организиран и специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“. По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата беше отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година беше издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и философ Иван Џепароски. Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-svecheno-zatvorane-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/feed/ 0
СВП објави конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svp-objavi-konkurs-za-nagradata-braka-miladinovtsi-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svp-objavi-konkurs-za-nagradata-braka-miladinovtsi-za-2023-godina/#respond Wed, 31 May 2023 12:27:56 +0000 https://kurir.mk/?p=840852

Националната установа - манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година. На конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик. - Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN број, стои во конкурсот на СВП. Според конкурсот, книги од членови на Управен и Надзорен одбор на СВП, директорот на институцијата, вработени или членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени. Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга, Република Северна Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svp-objavi-konkurs-za-nagradata-braka-miladinovtsi-za-2023-godina/feed/ 0
Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvane-na-laureatite-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-i-poetsko-chitane-po-povod-svetskiot-den-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvane-na-laureatite-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-i-poetsko-chitane-po-povod-svetskiot-den-na-poezijata/#respond Tue, 21 Mar 2023 07:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=814390

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата - 21 Март. Во рамки на програмата, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. По прогласувањето на лауреатите на Струшките вечери на поезијата, ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvane-na-laureatite-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-i-poetsko-chitane-po-povod-svetskiot-den-na-poezijata/feed/ 0
Почнува 61. издание на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-61-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-61-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/#respond Thu, 25 Aug 2022 05:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=723556

Со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган, вечер во Струга ќе почне 61. издание на Струшките вечери на поезијата. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“. Претходно, точно напладне во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрвце во чест на добитникот на највисокото признание на манифестацијата, „Златен венец“ за 2022 година, јапонски поет Шунтаро Таникава. Годинашниот лауреат, како што соопшти дирекцијата на Фестивалот СВП, поради поодмината возраст (91 година) и здравствени ризици нема да присуствува физички, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Специјален гостин на манифестацијата ќе биде минатогодишниот добитник на „Златниот венец“, израелскиот поет Амир Ор. На Струшките вечери на поезијата најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата меѓу кои Шаип Емерлаху, Иван (Ивица) Џепароски, Никола Маџиров, Рамша Ашраф, Ефе Дујан, Кедиџа Гадум, Бране Мозетич, Андријана Кос Лајтман, Сет Мајклсон, Јуриј Серебријански, Зоран Анчевски, Лидија Димковска…. Манифестацијата ќе се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката. – Во рамките на програмата предвидено е меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети, соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидена е промоција на Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети, чија тема е музиката. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга и „Браќа Миладиновци“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-61-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/feed/ 0
Свеченото отворање на Струшките вечери на поезијата ќе биде во хотел „Дрим“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenoto-otvoranje-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-kje-bide-vo-hotel-drim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenoto-otvoranje-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-kje-bide-vo-hotel-drim/#respond Wed, 24 Aug 2022 12:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=723202

Свеченото отворање на 61. издание на Струшките вечери на поезијата утревечер ќе се одржи на летната тераса во хотелот „Дрим“, најави денеска дирекцијата на фестивалот. Одлуката за промена на локацијата од платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, според информацијата на националата установа „Струшки вечери на поезијата“ е поради најавата за поројни дождови. – Поради исклучително неповолната метеоролошка прогноза што предвидува поројни дождови во попладневните часови во Струга, в среда во термин кога на отворен простор, пред платото на Центарот за култура беше предвидено да се поставува масивна опрема за осветлување и озвучување и која може да претрпи оштетувања и прогноза за поројни дождови, в четврток попладне, бевме принудени да донесеме одлука за промена на локацијата на свечното отворање за да го минимизираме ризикот од откажување на настанот, стои во соопштението на СВП. Изразуваат надеж дека временската прогноза за во недела ќе биде поволна и затворањето на Фестивалот ќе се одржи на традиционалната локација на Мостот на поезијата. Фестивалот Струшки вечери на поезијата почнува на 25 август, а ќе трае до 29 август, според дирекцијата, ќе ги задржи препознатливите програмски содржини. Најавено е присуство на 24 странски и триесетина домашни поети на главните поетски читања. – Во програмата предвидено е меморијално чествување на доајенот на македонската поезија Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети, информира СВП. Годинашното издание ќе се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenoto-otvoranje-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-kje-bide-vo-hotel-drim/feed/ 0
„Струшките вечери на поезијата“ се враќаат во редовно издание на препознатливите локации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/#respond Mon, 08 Aug 2022 06:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=715443

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август во своето автентично издание на препознатливите локации. Свеченото отворање на фестивалот повторно ќе се одржи на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Годинешниот лауреат на СВП, истакнатиот јапонски поет Шунтаро Таникава поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присутвува на фестивалот. Неговиот син, Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист, ќе го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко. Кенсаку Таникава во рамки на портретот на лауретот во „Св. Софија“ во Охрид, ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на Шунтаро Таникава. Специјален гостин на годинешното издание е лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 25 до 29 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања. Во состав на програмата е предвидено меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под мотото „РИТАМ НА СТИХОТ, РИТАМ НА ЖИВОТОТ“ со кое се потенцира исконската врска помеѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската помеѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката. Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширокот аудиториум. „Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/feed/ 0
Јапонскиот поет Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/#respond Mon, 21 Mar 2022 11:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=650641

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна преобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди. -Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минаттот, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева. Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“. -Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро. Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат. Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони. Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика. -Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски. Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/feed/ 0
Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/#respond Mon, 21 Mar 2022 06:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=650382

Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година. Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот ден на поезијата – 21 Март. По прогласувањето ќе следува и поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети – членови во Македонскиот ПЕН Центар и во Друштвото на писателите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/feed/ 0
Под посебни протоколи утре почнува јубилејното 60 издание на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-posebni-protokoli-utre-pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-posebni-protokoli-utre-pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/#respond Wed, 25 Aug 2021 08:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=554779

Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид-19 и без дел од традиционалните содржини утре во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Официјалното отворање ќе биде вечерта на летната тераса во хотел „Дрим“, а претходно на летната сцена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба „60 години Струшки вечери на поезијата“. Годинава ќе изостане традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот, поради неможноста да присуствува добитничката на Златен венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Според најавите на Фестивалот, лауреатот ќе има видеообраќање и поетско читање. Јубилејното фестивалско издание ќе се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, што според НУ Струшки вечери на поезијата, го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување дрво од лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот. Најголем дел од поетските читања и портретите на фестивалот ќе се одржуваат на летната тераса во хотел „Дрим“ и на летната сцена во Центарот за култура, а најавено е присуство на 30-ина поети од земјава и светот. Манифестацијата завршува в недела со меѓународното поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, на летната тераса во хотел „Дрим“. Фестивалот, како што неодамна најави дирекцијата, ќе се одржува со целосно почитување на најновите мерки за заштита од коронавирусот. – Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст, соопшти установата. Програмата ќе се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на Струшките вечери на поезијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-posebni-protokoli-utre-pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/feed/ 0