Струшките вечери на поезијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 09:16:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Струшките вечери на поезијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Чарлс Симиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-charls-simik-dobitnik-na-zlatniot-venets-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-charls-simik-dobitnik-na-zlatniot-venets-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=785419

Американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017 година почина на 85 години. Веста за смртта на Симиќ, кој беше добитник и на Пулицеровата награда беше објавена на социјалните мрежи. Симиќ беше роден во Белград во 1928 година и беше еден од најзначајните современи светски поети и есеисти. Од Белград, емигрирал во Париз, па заедно со семејството заминале во САД во 1953 година. Тој е добитник и на наградата „Едгар Алан По“, на Грифиновата награда, „Валас Стивенс“, потоа на Американската акдемија и многу други најврвни светски награди за книжевност. Бил член на неколку интернационални здруженија, а во 199 година станал член на Американската академија за умтеност и книжевност. Од 1999 година напишал 175 есеи и песни за „Њујорк ривју“. Трипати бил во Македонија, во Струга во 1972 и 2017 година, а во Скопје во 1982 година. Во интервју за „Република“ тој изјави дека откако добил „Пулицер“, критичарите рекле дека тоа е крај на западната цивилизација. Многу научив за поезијата кога се запознав со Антологијата на словенската поезија. Што се однесува до моделот на преведување постојат различни. Тешко е кога поетот е целосно е вкоренет во сопствениот јазик. На пример неколку пати се обидов и никако не можев да ја завршам една песна. Сметам дека идеалниот превод е невозможен. Ме потсетува на времето кога почнав да играм шах. Се сеќавам дека во тоа време во весниците имаше шаховски проблеми. Ги сечев, ги закачував на ѕидот над креветот и долго ги разгледував, размислувајќи дека се невозможни или пак дека е некаква грешка. По неколку дена ми се случуваше да станам и ќе го видев решението. Така е и со преводот. Преводот е мат во два потега, кажа меѓудругото во интервју „Република“ Симиќ .
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochina-charls-simik-dobitnik-na-zlatniot-venets-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/feed/ 0
Почнува јубилејното 60 издание на Струшките вечери на поезијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/#respond Thu, 26 Aug 2021 05:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=555087

Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19 и без дел од традиционалните содржини денеска во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Официјалното отворање ќе биде вечер на летната тераса во хотел „Дрим“, а претходно на летната сцена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба „60 години Струшки вечери на поезијата“. Годинава ќе изостане традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот, поради неможноста да присуствува добитничката на Златен Венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Според најавите на Фестивалот, лауреатот, ќе има видео обраќање и поетско, читање. Јубилејното фестивалско издание ќе се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, што според НУ Струшки вечери на поезијата, го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот. Најголем дел од поетските читања и портретите на фестивалот ќе се одржуваат на летната тераса во хотел „Дрим“ и на летната сцена во Центарот за култура, а најавено е присуство на 30-тина поети од земјава и светот. Манифестацијата завршува на 30 август, в недела со меѓународното поетско читање Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, на летната тераса во хотел „Дрим“. Фестивалот, како што неодамна најави дирекцијата, ќе се одржува со целосно почитување на најновите мерки за заштита од коронавирусот. – Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст, соопшти установата. Програмата ќе се пренесува во живо на официјалниот Youtube канал на Струшките вечери на поезијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-jubilejnoto-60-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/feed/ 0
Прогласување на добитникот на „Златниот венец“ за 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/#respond Wed, 21 Mar 2018 07:10:55 +0000 http://kurir.mk/?p=31671

Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата денеска, традиционално на Светскиот ден на поезијата 21 Март, ќе го прогласат добитникот на наградата „Златен венец“ за 2018 година. Прогласувањето на венценосецот на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде во Македонската академија на науките и уметностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/feed/ 0