студена војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 07:22:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студена војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина: Ванг и Патрушев против враќање на „менталитетот“ на Студената војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vang-i-patrushev-protiv-vrakane-na-mentalitetot-na-studenata-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vang-i-patrushev-protiv-vrakane-na-mentalitetot-na-studenata-vojna/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=803446

Високиот кинески дипломат Ванг Ји и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев се согласија за време на состанокот во Москва дека мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион треба да бидат цврсто поддржани и се спротивставија на враќањето на „менталитетот“ на Студената војна, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Ванг, инаку директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и член на Политбирото на Централниот комитет на КПК, се сретна со лидерите на кинеско-рускиот стратешки безбедносен советодавен механизам и Патрушев, со кои разговарал за начините за подобрување на глобалното владеење, се наведува во соопштението на кинеското Министерство.

За време на средбата биле разменети мислења за ситуацијата во Украина, додаваат од Министерството, без да наведат детали.

Двете страни ја изразиле својата подготвеност заеднички да практикуваат „вистински мултилатерализам, спротивставувајќи се на сите форми на еднострано насилство и промовирајќи ја демократизацијата на меѓународните односи и мултиполаризацијата на светот“.

Ванг денеска треба да се сретне и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не ја исклучува можноста Ванг да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ванг вчера пристигна во посета на Москва. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vang-i-patrushev-protiv-vrakane-na-mentalitetot-na-studenata-vojna/feed/ 0
Во Норвершка почнаа најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norvershka-pochnaa-najgolemite-voeni-vezbi-na-nato-od-krajot-na-studenata-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norvershka-pochnaa-najgolemite-voeni-vezbi-na-nato-od-krajot-na-studenata-vojna/#respond Thu, 25 Oct 2018 10:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=119334

Во Норвешка денеска почнаа најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна со примена на хипотетичко сценарио за повторно воспоставување на суверенитетот на оваа скандинавска земја после напад од страна на „фиктивен агресор“. НАТО ја информирал Русија, која се граничи со Норвешка, за вежбата „Спој на трoзабец 2018“ (Trident Juncture 2018 ) и ја повика да ја набљудува, но Москва и покрај тоа се уште е лута поради оваа вежба, коментираат светските агенции. Се потсетува дека рускиот министер за одбрана предупреди оти Москва би можела да биде приморана да одговори на зголемената активност на НАТО во близина на западната граница на Русија.   На воената вежба на Алијансата учествуваат 50 илјади членови на воениот персонал од 29 сојузници на НАТО со партнерските земји Финска и Шведска, а ангажирани се и околу 65 бродови, 150 авиони и десет илјади возила. Планот е вежбата да трае до 7 ноември а се одржува на подрачјето на централна и источна Норвешка, северниот дел на Атлантскиот Океан и во Балтичкото Море. Медиумите претходно објавија дека таа ќе претставува и голем логистички предизвик за државата домаќин која мора да обезбеди 1,8 милиони оброци и 4,6 милиони шишиња вода, како и да се справи со 660 тони валкан веш. Покрај тоа, Норвешка за потребите на вежбата мора да стави на располагање големи подрачја земјоделско земјиште во земјата. Според локалните медиуми, врз основа на искуствата од претходните вежби норвешката армија воспоставила директна телефонска линија преку која земјоделците и другите ќе можат да пријават штета направена на земјоделското земјиште, во шуми или врз животни. Тие наведуваат дека пилињата на пример се чувствителни на бучавата од авионите кога летаат ниско. Норвешката армија распоредила ветеринари и други експерти да ги скенираат возилата кои доаѓаат на вежбата за да обезбедат да не донесат со себе инванзивни видови преку семе или земја на гумите. Возачите во Норвешка и во соседна Шведска се предупредени на можноста од повремени застои поради воените конвои кои ќе се движат бавно. Норвешкиот весник „Афтенпостен“ објави дека холандската армија „направила зачудувачка грешка“ во плановите пред вежбата затоа што наводно заборавила на временските услови во Норвешка и не купила зимска облека за околу илјада војници. Според информации на весникот, холандските војници поради тоа ќе добијат по илјада евра сами да си купат дополнителна топла облека во Норвешка. Вежбата исто така ќе ги тестира способностите за преместување на опрема ширум Европа, што би било потребно во случај на одговор на вистинска закана. Се наведува дека Велика Британија, на пример, одлучила поголемиот дел од опремата и возила во Норвешка да ги донесе по копно преку Франција. НАТО силите денеска почнуваат подготовки на терен, а главниот дел од вежбата ќе биде одржан од 31 октомври до 7 ноември. Сојузниците ќе бидат поделени во две групи – „јужни сили“ со бригади од Германија, Италија и Британија и „северни сили“ кои вклучуваат норвешки, канадски, шведски и американски војници. Во првиот дел од вежбата северните сили ќе ги нападнат јужните, а потоа обратно. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norvershka-pochnaa-najgolemite-voeni-vezbi-na-nato-od-krajot-na-studenata-vojna/feed/ 0