студенчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Nov 2021 18:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студенчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Водата од Студенчица исправна за пиење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-studenchica-ispravna-za-pienje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-studenchica-ispravna-za-pienje/#respond Mon, 29 Nov 2021 18:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=601606

Интензивните врнежи од дожд што го зафатија кичевскиот регион во текот на вчерашните ден, предизвикаа заматување на безмалку сите водотеци во општината. Директорот на ЈКП„ Комуналец“ Кичево, Зенел Јонузи за МИА потврди дека населението од општина Кичево, како и на сите водокорисници од регионалниот хидросистем можат да бидат спокојни, бидејќи водата од Студенчица е исправна за пиење, што го потврдија и резултатите добиени од анализите на мострите извршени во текот на денешниот ден. – Интензивните врнежи од дожд кои во изминатите дваесетина часови го зафатија нашиот регион, предизвикаа заматување на поголемиот број водотеци во регионот, сепак со полна одговорност можам да потврдам дека водата од „Студенчица“ е исправна за пиење и приготвување на храна без дополнително превривање. Тоа го потврдија и денешните наоди по извршените лабораториски анализи, од кои може да се види дека водата од Студенчица е исправна за пиење како хемиски така и бактериолошки, нема промена на нејзината бистрина и корисниците од овој регион можат без страв да ја користат, нагласи Јонузи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-studenchica-ispravna-za-pienje/feed/ 0
Студенчица без капка вода во нејзиниот долен тек https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studenchica-bez-kapka-voda-vo-nejziniot-dolen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studenchica-bez-kapka-voda-vo-nejziniot-dolen-tek/#respond Wed, 02 Sep 2020 09:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=398144

Коритото на некогаш полноводната и бистра река Студенчица, во чии води можеше да се уловат најквалитетната речна пастрмка салмо македоникус, ракови и сѐ што вирее во чистите и студени планински води, за жал деновиве целосно е исушено во должина од близу три километри. Дефицитот од вода во речното корито, секако, целосно ќе го промени биодиверзитетот на оваа река и прашање е колку години ќе треба, барем делумно, да се врати во нормала живиот свет во Студенчица. Од ЈПВ „Студенчица“, претпријатие што стопанисува со оваа река и од каде што со вода за пиење се снабдуваат над 160.000 жители од повеќе општини во југозападниот дел од земјава, тврдат дека целосно го почитуваат договорот за хидробиолошки минимум на реката и дека во речното корито редовно се испуштаат најмалку 50 литри вода во секунда, а изминативе триесетина дена количествата беа многу поголеми и изнесуваа околу 120 литри. – Она што е договорено во реката да се испуштаат најмалку 50 литри вода во секунда за хидробиолошки минимум, нашата компанија во целост го почитува и, следејќи ги секојдневните параметри, можам одговорно да потврдам дека не 50 литри, туку во речното корито се испуштаат повеќе од100 литри вода во секунда, а тоа што дел од речното корито е исушено, причината лежи во понирањето и испарувањето на водата, на што ние како компанија не можеме да дејствуваме – вели Гоце Наќески од ЈПВ „Студенчица“. Рибарите се крајно разочарани и револтирани, бидејќи најчистата река во регионот остана без капка вода и којзнае уште колку време треба да помине за во коритото на оваа река да протечат првите количества вода, но во тој случај некогаш пребогатата река со жив свет ќе биде безживотна. Проблеми со недоволно вода во реката за својот рибник чувствуваат и неговите сопственици, кои се принудени да ги намалат количествата на риба во базените за да не наидат на дефицит од неопходниот ресурс – водата. – Последните неколку години кон крајот на летото и почетокот на есента штедроста на изворот Студенчица е во опаѓање, а тоа нѐ присилува, во време кога најмногу се бара рибата, да ги намалиме количествата во базените за да може рибите нормално да егзистираат. И по цена на намалени приходи, мора да се однесуваме така – вели Бобан Миноски. Инаку, во моментов штедроста на изворот Студенчица изнесува околу 800 литри и од компанијата потврдуваат дека околу 700 литри вода во секунда се упатуваат кон водокорисниците, додека минимум 100 литри вода во секунда се испуштаат во речното корито преку малата хидроцентрала, а бидејќи РЕК „Осломеј“ е надвор од погон, за хидробиолошки минимум остануваат поголеми количества вода од договореното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/studenchica-bez-kapka-voda-vo-nejziniot-dolen-tek/feed/ 0