студенски протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Feb 2021 07:11:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студенски протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција: Уапсени деветмина поддржувачи на студентските протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapseni-devetmina-poddrzuvachi-na-studentskite-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapseni-devetmina-poddrzuvachi-na-studentskite-protesti/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=467625

Турската полиција уапси девет луѓе кои се собрале пред судот во Истанбул за да покажат солидарност со останатите приведени поради поддршка на студентските протести против именување на ректор, кој е поврзан со Владата. Повеќе од еден месец студенти и професори на Универзитетот Босфор во Истанбул одржуваат главно мирни протести против новиот ректор Мелиха Булу, која има врски со владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Тие бараат оставка и да се дозволи Универзитетот сам да избере свој ректор. Полицијата приведе стотици демонстранти на Универзитетот и на протестите за солидарност одржани на други места. Некои се уапсени по упад во нивните домови, а повеќето од нив подоцна се ослободени. Владини официјални претставници велат дека „терористички групи“ ги поттикнуваат протестите. Ердоган ги нарече студентите кои протестираат „терористи“, додавајќи дека нема да дозволи собирите да прераснат во масовни антивладини протести, слични на оние во 2013 година во Турција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-uapseni-devetmina-poddrzuvachi-na-studentskite-protesti/feed/ 0
Приведени 52 лица на вчерашните студенски протести во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-52-lica-na-vcherashnite-studenski-protesti-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-52-lica-na-vcherashnite-studenski-protesti-vo-atina/#respond Thu, 11 Feb 2021 11:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=467158

Приведени 52 лица, повредени тројца полицајци и нападнат фоторепортер од полициските сили, е билансот од вчерашниот протест на студентите во центарот на Атина, на кој се случија сериозни инциденти, додека пак за попладневно, најавени се нови демонстрации во пресрет на гласањето на новиот закон за високо образование, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, на протестот присуствувале околу 5.000 лица, а биле приведени 52 лица и повредени тројца полицајци кои биле пренесени во болница. По завршувањето на протестот, дел од демонстрантите се собраа пред главниот објект на полицијата, каде што беа пренесени приведените за да им изразат поддршка, солидарност и да побараат веднаш да бидат ослободени. Од Здружението на фоторепортери на Грција, соопштија дека во инцидентите што се случија пред грчкиот Парламент, полицајците удриле фоторепортер член на здружението. Протести и инциденти вчера имаше и во Солун, каде што била уапсена 18-годишна девојка поради напад врз полицијата. Студентите во Грција протестираат против измените во Законот за високо образование за кои веќе трет ден расправаат пратениците во Парламентот. Гласањето се очекува да биде во текот на денешниот ден, па затоа, студентите за попладневните часови закажаа нови демонстрации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privedeni-52-lica-na-vcherashnite-studenski-protesti-vo-atina/feed/ 0