студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 17:32:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студентите до владините функционери: Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите оброци! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-vladinite-funktsioneri-ajde-da-go-zamenime-nashiot-suv-i-bajat-leb-za-vashite-obrotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-vladinite-funktsioneri-ajde-da-go-zamenime-nashiot-suv-i-bajat-leb-za-vashite-obrotsi/#respond Mon, 16 Oct 2023 17:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=889494

Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се "гоштеваат" штедејќи врз грбот на студентите, порачуваат од Стиденсткиот отпор. -Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите. Не е подобра ситуацијата во студентските домови. Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна, велат студентите. На функционерите им порачуваат: "Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!" Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-vladinite-funktsioneri-ajde-da-go-zamenime-nashiot-suv-i-bajat-leb-za-vashite-obrotsi/feed/ 0
ЕДЕН ПОВРЕДЕН: Тепачка меѓу студенти од Таџикистан и Пакистан кои учат во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-povreden-tepachka-megu-studenti-od-tadhikistan-i-pakistan-koi-uchat-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-povreden-tepachka-megu-studenti-od-tadhikistan-i-pakistan-koi-uchat-vo-tetovo/#respond Wed, 27 Sep 2023 11:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=882268

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 11 часот ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан. Портпаролот на СВР Тетово, Мајан Јосифоски информира дека лицата претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале. -Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Јосифоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-povreden-tepachka-megu-studenti-od-tadhikistan-i-pakistan-koi-uchat-vo-tetovo/feed/ 0
Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/#respond Mon, 18 Sep 2023 17:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=879222

Пред Владата на Република Северна Македонија денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери. Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, нагласуваат, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем. - Бараме да се врати правото, да се почитува како што треба и да има правда, изјави студентот, Лазар Симонов. Студентите бараат да се анулираат измените на Кривичниот законик кои беа донесени неодамна. Бараат, како што велат, правдата да ги стигне сите оние кои придонеле за огромната недоверба во правниот систем. Според нив, на Македонија ѝ е потребна нова генерација правници. - Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава, порачаа тие во најавата за протестот. Бараат одговорност и порачуваат да не се злоупотребува европското знаменце. - Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања. Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем, стои во најавата за протестот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-izlegoa-na-protest-protiv-izmenite-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Зголемена кирија во студентските домови, незадоволство од бесплатниот оброк – студентите се подготвуваат за протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-kirija-vo-studentskite-domovi-nezadovolstvo-od-besplatniot-obrok-studentite-se-podgotvuvaat-za-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-kirija-vo-studentskite-domovi-nezadovolstvo-od-besplatniot-obrok-studentite-se-podgotvuvaat-za-protesti/#respond Mon, 18 Sep 2023 06:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=878940

Студентите соочени со високи кирии во домовите и незадоволни од бесплатниот оброк најавуваат можни протести. Од „Студентски отпор“ велат дека месечната кирија во студентските домови се зголемила на 3.945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари, при вселување за документација 500 денари, и уште 300 денари за како што велат фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто. Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот… Наместо да добијат зголемување на сумата, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти“, се вели во нивната реакција... Во однос на субвенционираниот студентски оброк велат сè уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе може да се користи ваквата поволност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemena-kirija-vo-studentskite-domovi-nezadovolstvo-od-besplatniot-obrok-studentite-se-podgotvuvaat-za-protesti/feed/ 0
Важна вест за студентите: Аплицирајте за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-vest-za-studentite-aplitsirajte-za-subventsioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-vest-za-studentite-aplitsirajte-za-subventsioniran-studentski-obrok/#respond Tue, 01 Aug 2023 08:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=862248

Министерството за образование и наука објави повик за  субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023. Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка. Право на субвенциониран оброк имаат редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, кои не се во редовен работен однос; не се регистрирани како индивидуални земјоделци и кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во државава за тековната година. Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од МОН за купување приготвена храна. Корисникот има право на оваа услуга од понеделник до сабота и доколку во тој период не го искористат правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенцијата  не му се префрла во наредниот ден. Субвенциониран студентски оброк не може да се користи од 1 јули до 1 октомври во годината во која корисникот го стекнал тоа право, како и за време на државни празници и неработни денови. Кандидатите треба да се пријават електронски на линкот: https://e-uslugi.mon.gov.mk и притоа  да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат. Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат. Во јавниот повик е наведено дека МОН  склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк така што сите студенти кои ќе се стекнат со ова право  ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали  претходно биле клиенти на оваа банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци. -Студентот ќе може да ги троши средствата наменети за субвенциониран студентски оброк кај даватели на субвенциониран студентски оброк, кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне картичката, нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка, појаснува МОН во објавениот повик. Исто така, во секој месец од академската 2023/2024, во деновите од  1 до 7 во месецот,  ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на ова право или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик. -Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на субвенциониран студентски оброк. По извршената проверка на податоците за студентите кои ги исполнуваат условите од јавниот повик исплатата ќе се врши ретроактивно за периодот кој почнува од 15 септември па натаму се додека студентот ги исполнува условите согласно овој јавен повик, наведува МОН во објавениот повик. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот: [email protected]  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazhna-vest-za-studentite-aplitsirajte-za-subventsioniran-studentski-obrok/feed/ 0
Дваесет и еден процент од матурантите од четири региони ги пакуваат куферите на студии во Словенија или Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-eden-protsent-od-maturantite-od-chetiri-regioni-gi-pakuvaat-kuferite-na-studii-vo-slovenija-ili-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-eden-protsent-od-maturantite-od-chetiri-regioni-gi-pakuvaat-kuferite-na-studii-vo-slovenija-ili-bugarija/#respond Sat, 01 Jul 2023 07:05:26 +0000 https://kurir.mk/?p=851411

Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски во видео разговор во прес центарот на МИА во Штип, што во целост ќе биде објавен утре, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите. Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент. -И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион, вели Стојановски. Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година. Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата. -Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале, вели Стојановски. Во видео разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива. - Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа, коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони, појаснува Стојановски. Според Стојановски, реформите не се задоцнети, но проблемот, како што вели, е во системскиот пристап. - Тоа го имам потенцирано неколкупати досега, можеби затоа што профилот ми е таков како социолог па малку гледам популистички на проблемите, не еднонасочно. Се разбира во одредени аспекти, јас би имал погрешни познавања отколку некои кои се директно инволвирани, на пример, во креирање на образовните политики. Меѓутоа, од аспект на методологија на спроведување на реформи потребни се прво клучни истражувања, нешто што не го гледам во јавната дебата. Понатаму потребна е фаза на пилот проекти. Имам одредени индикации дека паралелно се спроведуваат пилот проекти и се имплементираат реформи во образованието. Тоа не е во ред. Се прават пилот проекти, па се алудираат тие пилот проекти, па дури тогаш пристапуваме кон реформи на кој и да било систем, вели Стојановски. Потенцира дека не може да се зборува за „ад хок“ реформи што би се спровеле во рок од еден мандат на политичките партии што доаѓаат на власт. Тој мандат, како што вели, би траел евентуално четири години во нормални околности, туку се потребни осеопфатни истражувања коишто не се врзани директно со носење на политички одлуки. - Бев критичен и кон процесот на реформирање пред повеќе од една декада кога се инкорпорираше Кембриџ системот. Не велам дека нема позитивни аспекти, можеби има и простор за критики. Меѓутоа и тогаш некако набрзина се имплементираше без да се направат длабински, соодветни истражувања за тоа и преку јавна дебата врз база на критики низ тие фази, да дојдеме до одредени решенија што не се непроменливи. Меѓутоа ако зборуваме за младите, треба да имаме некаква среднорочна или долгорочна стратегија што нема да се гради врз база на теоретски познавања и никако врз база на копирање на туѓи системи, вели Стојановски. Смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија. -Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите, порачува Стојановски. Извор: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-eden-protsent-od-maturantite-od-chetiri-regioni-gi-pakuvaat-kuferite-na-studii-vo-slovenija-ili-bugarija/feed/ 0
Истражување: Македонските студенти се неинформирани каде и како да пријават корупција на факултетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-makedonskite-studenti-se-neinformirani-kade-i-kako-da-prijavat-koruptsija-na-fakultetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-makedonskite-studenti-se-neinformirani-kade-i-kako-da-prijavat-koruptsija-na-fakultetite/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=848612

Корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите сметаат 20 проценти од анкетирани македонски студенти. На еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка. Над 90 отсто студенти испитаници не знаат како треба да реагираат и каде да пријават коруптивно однесување на факултетите. Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ денеска ги презентираше прелиминарните резултати од анкетата за перцепциите на студентите за корупција во високото образование во Албанија, Северна Македонија и Србија. Истражувањето било спроведено во мај годинава од независна агенција и биле анкетирани 300 студенти во секоја земја, во рамки на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ поддржан со регионален грант на Смарт Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан. -Тоа се податоци кои нѐ загрижуваат. Изненадувачки е што првпат оваа анкета покажува дека има висок степен на перцепција за коруптивни практики од самите студенти – дури 20 отсто, на пример, наведуваат дека студентите мамат на испити или дека студентите ангажираат други лица да им пишуваат тези или семинарски работи. Тоа се две од трите најглавни коруптивни практики коишто ги утврди истражувањето, рече проф. д-р Мишо Докмановиќ, менаџер во проектот за нашата земја. За разлика од другите две земји, во нашата држава студентите се најмалку информирани – повеќе од 90 отсто од анкетираните кажале дека воопшто не знаат како се пријавува корупција, ниту дали постои надлежна установа или орган на факултетите. На прашањето зошто не пријавуваат корупција, една третина од испитаниците во земјава одговориле дека се плашат од последиците доколку пријават корупција. -Имаме над 90 отсто студенти кои не знаат како треба да реагираат и тоа е проблем. Студентите се тие што треба да пријават евентуално коруптивно поведение на факултетите и мора да бидат многу подобро информирани. Секој студент кога почнува учебната година треба точно да знае каде и како пријавува итн. Да речеме, интересен податок е што студентите во Македонија најмногу одговараат дека онлајн-формулар е најдобра форма за да пријават корупција. Тоа значи дека сакаат да им обезбеди максимална заштита потенцијалното пријавување, додаде Докмановиќ. Параметрите се разликуваат меѓу трите земји. На пример, како што рече, во Албанија постои многу подобра информираност за пријавување на корупцијата, а во Србија има помала перцепција, на пример, во делот на барањето мито од страна на професорите или обврската да им се купи книга. -Една од трите главни коруптивни практики е и тоа што студентите во Македонија наведуваат дека професорите ги обврзуваат за книга за подобра оценка или подобар резултат, додаде проектниот менаџер. При креирањето на примерокот за анкета се внимавало на пропорционална застапеност на универзитетите според бројот на студенти и се вклучени главните универзитетски центри во земјава – Скопје, Битола, Штип и Тетово и, како што беше посочено, нема некое драматично отстапување во резултатите. Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, изјави дека ризиците за корупција во високото образование се утврдени во Националната стратегија за спречување корупција и нив ги има во поголем број и се, главно, од аспект на случувањата во самото високо образование, како при изборот на наставно-научни звања, трговија со влијанија клиентелизам итн. -Сите истражувања што се прават ги земаме предвид како надворешни дополнителни елементи што ќе ни послужат во нашата работа, а и ние направивме минатата година. Ние се обидуваме, пред се, да изградиме превентивни механизми да не се случуваат овие работи и затоа ги вградивме во националната стратегија. Ваквите истражувања што произлегуваат од жртвите на корупцијата се особено значајни за да ги детектираме мерките што треба да ги преземеме, рече Георгиев. Додаде дека хиперпродукцијата на универзитети во државава влијае многу на намалување на квалитетот на високото образование и дека и тоа е еден од ризик факторите за корупција затоа што, рече, критериумите за избор во научно-наставни звања и трката по поголем број студенти доведува до ризици за коруптивно однесување. Наодите од споредбеното истражување се претставени во Белград, а ќе следува презентација и во Тирана. Детален извештај со сите параметри ќе биде објавен во текот на летото, а за идната година е во план истражувањето да се повтори со истите прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-makedonskite-studenti-se-neinformirani-kade-i-kako-da-prijavat-koruptsija-na-fakultetite/feed/ 0
ВИДЕО: Хрватски студенти демолирале хотел во Охрид! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/#respond Tue, 16 May 2023 16:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=834932

Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува хрватскиот портал „24 сата“. Менаџерот на хотелот рекол дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинзитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, кои ги имало 217. Наводно, студентите палеле факели во собите и ходници. Студентите од Хрватска велат дека тие не биле единствените што правеле штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/feed/ 0
Студентите на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат амандман за зголемување на субвенцијата за студентскиот оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-na-sredba-so-pratenitsite-od-vmro-dpmne-ke-podnesat-amandman-za-zgolemuvane-na-subventsijata-za-studentskiot-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-na-sredba-so-pratenitsite-od-vmro-dpmne-ke-podnesat-amandman-za-zgolemuvane-na-subventsijata-za-studentskiot-obrok/#respond Thu, 20 Apr 2023 14:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=825999

Претставници на организацијата Студентски отпор денеска оставри средба со пратениците од пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ на која студентите ги изложиле ставовите за целосно несогласување со предлогот на владејачкото мнозинство за измена на законот за субвенциониран студентски оброк од 120 на 140 денари на ден. Студентите бараат студентскиот оброк да биде 160 денари на ден, да има официјално известување за предлогот за картичен систем за исплата на студентскиот оброк, како и подобрување на условите во студентските домови. -Апелирам од пратениците од позицијата да се покаже желба за дискусија и за разговарање со сите студенти и со оние кои се во можност да ги претставуваат студентите, вели Марио Велковски, претставник на студентите. Тој воедно им за заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за желбата да дискутираат со сите студенти и да ги слушнат нивните барања. -Сметавме дека треба да слушнеме што имаа да кажат и од аспект на нашите деловнички можности се согласивме како пратеничка група да го поднесеме амандманот кој ќе ја промени сумата која во моментов е делегирана во предлог законското решение кое е актуелно, од 140 на 160 денари, истакна по средбата пратеникот Бојан Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-na-sredba-so-pratenitsite-od-vmro-dpmne-ke-podnesat-amandman-za-zgolemuvane-na-subventsijata-za-studentskiot-obrok/feed/ 0
Студентски отпор: Пари за функционерите има, за студентите нема! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-pari-za-funktsionerite-ima-za-studentite-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-pari-za-funktsionerite-ima-za-studentite-nema/#respond Mon, 10 Apr 2023 14:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=822505

Во ситуација каде што МОН и Владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ - многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, реагираат од Студентски отпор. -Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови. Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини, се вели во соопштението на Студентски отпор. „Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци - но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%. ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ВАКВИ РАБОТИ ДРАГИ НАШИ КОЛЕГИ, ДО КАДЕ НИ Е ПОЛНА ЧАШАТА?“ - порачуваат студентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-pari-za-funktsionerite-ima-za-studentite-nema/feed/ 0