студентски дом кузман јосифовски- питу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 May 2021 10:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студентски дом кузман јосифовски- питу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студентите револтирани: Додека Царовска си мисли дека го реформира образованието, мизеријата во студентските домови продолжува (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-revoltirani-dodeka-carovska-si-misli-deka-go-reformira-obrazovanieto-mizerijata-vo-studentskite-domovi-prodolzuva-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-revoltirani-dodeka-carovska-si-misli-deka-go-reformira-obrazovanieto-mizerijata-vo-studentskite-domovi-prodolzuva-foto/#respond Tue, 25 May 2021 10:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=514374

Неколку месеци претходно, објавивме статија за тоа со какви мизерни услови се соочуваат студентите кои што престојуваат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Бројни поплаки пристугнуваа до нашата редакција од страна на студенти кои што сакаа да останат анонимни и сакаа преку медиумите да допрат до надлежните и тие конечно да ги слушнат нивните барања, но очигледно залудно. Неколку месеци подоцна проблемите на студентите се уште остануваат нерешени. Топлата вода, храната, лифтовите се секојдневен проблем на студентите. Повторно студенти за Курир раскажуваат низ какви ситуации се приморени да поминуваат секојдневно во време на испитни сесии, кога како што велат тие се подложни на стресови, а условите во студентскиот дом дополнително им го отежнуваат секојдневието. Тие нагласија дека е нереално во 21 век еден ваков студентски дом да поседува вакви услови. - Во Кузман, како ќе ти се погоди денот така, некогаш јадењето е убаво има и топла вода, па можеби и греење ќе начекаш, но ужасно неодговорно е да не се обезбедат основни услови за живот на студентите. На пример сега еве веќе 10 дена лифтот не работи, комшиите од 7ми кат мака мачат, топла вода има само на некои спратови во машкиот дел, во женскиот дел е камен ладна водата. Сега тие што седат на повисоките спратови во женски дел треба да се симнат долу, па да се качат на некој спрат во машки дел каде што има бојлери за да се искапат. Навистина е неодговорно, особено за време на испитна сесија, кога на студентите буквално секоја минутка, секој час им е битен, надлежните да си играат со нив како со мали деца. Па минимум три пати треба да се симнеме за да јадеме во менза, секој ден пресметуваме како да го испланираме денот за што помалку пати да слегуваме и да се качуваме по скали затоа што лифтот не работи, вели во изјава за КУРИР еден студент од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. За тоа во какви лоши услови им се наоѓа тоалетот, студентите ни испратија фотографии и  видео како доказ. [video width="368" height="656" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/05/video-1621697550.mp4"][/video] - Најмногу што ме нервира е тоа што кога нема топла вода за капење, нема никакво известување за тоа. Ако ни кажат дека во наредните денови нема да има вода за капење, барем сите ќе си побараме решение, ќе имаме повеќе разбирање како што бараат надлежните. За тоалетите не сакам ни да коментирам, влага, мувла, пожолтени плочки, пајажина и прашина, неисчистено со години, каде има тушеви, каде нема.... и така. Ајде сега е топло времето, но во текот на зимата или воопшто немаше греење или нешто ептен слабо што не е доволно да се загрее огромна зграда, ама и тоа го преживеавме. Кратко кажано, има периоди во Кузман кога не живееме, туку преживуваме, раскажа студент за КУРИР. До нашата редакција пристигна и фотографија од чешми во тоалетот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ на која се гледа дека на место каде што треба да има еден туш има два. Се поставува прашањето зошто во бања каде што логично би требало да има еден туш, има два? Зошто се прават непотребни трошоци а за други поважни работи не се даваат пари или пак тука станува збор за профитерство? До Курир беше испратено и видео од ново поставените чешми, кои иако се нови не работат како што треба. [video width="320" height="576" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/05/video-1621928235.mp4"][/video] Студентите очајни велат дека и новиот инвертар што се поставува или менува е неквалитетен. Појаснуваат дека  овие чешми година дена наназад ги барале, за да по толку време добија вакви нефункционални. Во врска со храната, студентите велат дека менито е непроменето, им се дава иста храна со денови, препржена, препечена или пак недозготвена. Потсетуваме, директорот на студентските домови во Скопје, Виктор Велевски пред само неколку месеци за Фактор.мк на поплаките на студентите за храната која ја добиваат изјави: „Реално што сакаат да добиваат за таа цена? И онака за 80 oтсто од студентитe оваа сметка ја плаќа МОН.“ М.А    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-revoltirani-dodeka-carovska-si-misli-deka-go-reformira-obrazovanieto-mizerijata-vo-studentskite-domovi-prodolzuva-foto/feed/ 0
Ветувањата беа само евтин трик: Власта не мрда со прст за мизеријата со која се соочуваат студентите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-bea-samo-evtin-trik-vlasta-ne-mrda-so-prst-za-mizerijata-so-koja-se-soochuvaat-studentite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-bea-samo-evtin-trik-vlasta-ne-mrda-so-prst-za-mizerijata-so-koja-se-soochuvaat-studentite-foto/#respond Thu, 18 Feb 2021 11:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=470402

Проблемите на студентите од студентските домови во Скопје никако да се решат. Храната, греењето, топлата вода, интернетот се само неколку од многуте проблеми со коишто студентите се соочуваат секојдневно. Ветувани им биле многу работи, но речиси ништо од тоа не е исполнето. Изреволтираните студенти бараат помош од надлежните да им се решат проблемите, а тие како што велат студентите немаат слух за нивните основни потреби и барања. До редакцијата на КУРИР се обратија неколку студенти од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје кои од многу јасни причини сакаат да останат анонимни, собраа храброст и ни ги раскажаа нивните ситуации од секојдневието во кои што основните потреби речиси и да им се скратени во домот. Ни испратија и фотографии кои ја отсликуваат реалната слика на животот во студентски дом. Во продолжение ви ги пренесуваме нивните изјави во целост: „Секоја година е исто, управата се менува, секој кога доаѓа на функција проблемите и одговорностите ги префрла на претходната управа . Во овој период кога температурите се под нулата, ние немаме парно и доколку немаме дополнителен извор за затоплување како на пример греалка ќе смрзнеме. 90 % од тоалетите и тушкабините не се реновирани, а на Фејсбук поранешниот директор Дарио Николовски пред да се вселиме во домот, објави како се било средено и реновирано во домот, а реалноста е токму спротивна. Освен тоалети на два спрати од седум спрата, ништо друго буквално не е реновирано“, вели во изјава за КУРИР една студентка од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.        

Реалноста во студентските домови:

„Храната е катастрофална, има периоди кога е добра, а тоа го користат само за да не замолчат кога ќе наслушнат дека почнуваме да се буниме. Во една недела се случува 5/6 оброци да се исти, значи тие изјави за нутрициони вредности уште од прв момент им пропаднаа во вода. Топла вода за нас е како Нова Година. Буквално е тепачка кој прв да се бања. А да не зборуваме за тоалетитите и туш кабините, вода капе од секаде, нечисто, нереновирано, над нас во туш кабините има даски кои кај и да е ќе паднат, и некој сериозно ќе се повреди. Сијалица ретко кога има, така да секогаш гледаме на дневна светлина да се бањаме. Никој не реагира на нашите барања“, вели друг студент во изјава за КУРИР. Од страна на персоналот во кујната им кажувале дека тоа е единствената храна која ја имаат, бидејќи тендерот не бил објавен навреме. Ова истото за Фактор.мк го има потврдено и директорот на Државниот студентски центар, Виктор Велевски и притоа изјавил: „Реално што сакаат да добиваат за таа цена? И онака за 80 oтсто од студентитe оваа сметка ја плаќа МОН.“ Во време на пандемија од коронавирус кога испитите и предавањата најчесто се одвиваат онлајн, студентите во домот немаат интернет. За тоа раскажа еден од студентите: „Со интернетот постојано имаме проблем, 21 век а ние немаме интернет. Во време на пандемија кога предавањата и испитите ни се комбинирани - пола физичко присуство и пола онлајн, ние немаме услови да следиме настава и да присуствуваме на испитите. За викендите е посебна приказна. Избор на храна секако нема, има само еден оброк и ако тој не го јадеш ќе си останеш гладен.“ [video width="368" height="656" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/02/video-1613429878.mp4"][/video]   Магдалена Андонова    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetuvanjata-bea-samo-evtin-trik-vlasta-ne-mrda-so-prst-za-mizerijata-so-koja-se-soochuvaat-studentite-foto/feed/ 0
Шамбевски: Студентите во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу без парно греење и топла вода, бараме одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shambevski-studentite-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-bez-parno-greenje-i-topla-voda-barame-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shambevski-studentite-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-bez-parno-greenje-i-topla-voda-barame-odgovornost/#respond Wed, 13 Jan 2021 14:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=454857

Сите сме свесни на празните ветувања, и манипулирањето со студентите кое го направија социјалдемократите во 2017-тата година. Во текот на нивната кампања студентските домови ги споредуваа со затвори и се колнеа дека ќе ги подобрат условите, изјави денеска за медиумите,Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. - Во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу веќе подолг период нема парно греење, а тоа дека од четврти јануари па се до ден денес во студентскиот дом нема топла вода е тотална неодговорност и потценување на студентите!, вели тој. - Во 21 век, во 2021 година македонскиот студент наместо да разговара за подобрување на условите во лабораториите, за концептот на образованието, ние се уште разговараме за топла вода. Директоре доста е со замачкување очи, а бидејќи разговараме за топла вода од вас не бараме одговори туку бараме одговорност, посочи Шамбевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shambevski-studentite-vo-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-bez-parno-greenje-i-topla-voda-barame-odgovornost/feed/ 0
„Во Кузман избираат папа“ – првата активност од Планот за чист воздух на владата издиша мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kuzman-izbiraat-papa-prvata-aktivnost-od-planot-za-chist-vozduh-na-vladata-izdisha-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kuzman-izbiraat-papa-prvata-aktivnost-od-planot-za-chist-vozduh-na-vladata-izdisha-mazut/#respond Fri, 01 Nov 2019 19:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=259026

Зимата е на самиот праг, а граѓаните веќе се жалат на загадениот воздух. Утрово црн чад се крена над студентскиот дом Кузман Јосифоски – Питу, што навлече дополнителен револт кај граѓаните кои што бараат од локалните и централната власт итно да се реши проблемот со загадениот воздух. Имено на сликата која што најпрво ја објавија на социјалните мрежи се гледа дека системот за греење на мазут во домот се уште е во функција и покрај тоа што во февруари оваа година се потпиша меморандум за соработка меѓу студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и АД БЕГ Скопје со цел замена на системот за греење во студентскиот дом од нафта за греење односно мазут со приклучување кон системот на централно греење. Тогаш, директорот на домот Дарио Николовски изјави дека со приклучување на студентискит дом кон централниот систем на греење придонесува за почиста животна средина, но и како што рече за намалување на трошоците за греење на домот за околу два милиони денари годишно. Но, денеска Николовски како причина за неисклучувањето на системот за мазут рече дека е поради тоа што владата им дала 80 илјади литри екстра лесно и само поради тоа се грееат на мазут. Го исклучувавме системот на мазут и на крај испушти црн чад. Додека да се спроведе целосно постапката за поставување на централното, од владата добивме 80 илјади литри екстра лесно и ќе се грееме со тоа. Во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе бидеме конечно на гас. Се работи за три проекти. Освен тоа што се греевме на мазут и кујната ни беше на мазут, и затоплувањето на санитарната вода со која што се тушираат студентите ни беше на мазут. Заврши ревизијата, наредната седмица се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе“, истакна Николоски за „Фокус Зошто владата им дала мазут на студентскиот дом Кузман Јосифоски Питу кога знае дека со тоа се загадува воздухот останува нејасно. Но, уште еднаш се потврдува дека владата нема соодветни мерки за намалување на загадениот воздух како и  заштита на граѓаните и грижа за нивното здравје.

Откако утрово граѓаните на главниот град се пожалија на кревање на црн чад од оџакот на Студентскиот дом  „Кузман“, со ширење на миризбата и зголемување на и така големиот број на штетни честички во воздухот во Скопје.

Подоцна  Претседателот на Државниот студентски центар „Скопје“ , Дарио Николовски даваше објаснување за слученото, тој вели дека го исклучувале системот за мазут и на крај истиот испуштил црн чад.  Тој исто така вели дека од Владата добиле 80 илјади литри екстра лесно гориво и ќе се грееле со тоа, во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе се префрлат на гас.

Наредната седница се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе вели Николовски, но ако го земе предвид фактот дека неговите најави во јуни годинава, дека Државниот студентски центар е прв којшто се вклучил во Планот за чист воздух на владата и институција којашто ќе ги намали трошоците за греење, а од исто време добиват 80 илјади литри гориво од владата.

Се доцни заради административни процедури, БЕГ изготвил проект, па се повлекол, сега мора да се направи негова ревизија, па на крај да се распише тендер за избор на фирма која што ќе го воспостави предвидениот нов систем за греење.

Од Здруженијата за заштита на животната средина има огромни реакции Иницијативата 02 вели дека ова било ветено како ПРВА активност кој аќе се реализира во рамки на Планот за чист воздух. Реакции има и од граѓаните на социјалните мрежи.

По кој ред ветување ќе биде ова кое што повторно не е реализирано од страна на владата.

Во време кога загаденоста на градот е највисоко ниво, ова е само доказ за институционална негрижа и неспособност на владата да ги реализира оние проекти кои ги вети пред граѓаните.

  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kuzman-izbiraat-papa-prvata-aktivnost-od-planot-za-chist-vozduh-na-vladata-izdisha-mazut/feed/ 0
Меморандум за соработка помеѓу Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-pomegju-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-i-ad-beg-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-pomegju-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-i-ad-beg-skopje/#respond Wed, 13 Feb 2019 09:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=163321

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, со цел замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај директорите на Студентскиот дом и на АД БЕГ, Дарио Николовски и Димитар Кочовски на потпишувањето на меморандумот ќе присуствуваат и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-pomegju-studentskiot-dom-kuzman-josifovski-pitu-i-ad-beg-skopje/feed/ 0
СДСМ брише се што е македонско: Дарио Николовски наредил бојадисување на два цртежа од студентскиот дом Кузман (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-brishe-se-shto-e-makedonsko-dario-nikolovski-naredil-bojadisuvanje-na-dva-crteza-od-studentskiot-dom-kuzman-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-brishe-se-shto-e-makedonsko-dario-nikolovski-naredil-bojadisuvanje-na-dva-crteza-od-studentskiot-dom-kuzman-foto/#respond Sun, 13 Jan 2019 20:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=151822

Две соби во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу со години наназад беа исцртани со македонски симболи, како плафонот во едната соба исцртан со сонцето од вергина така и во соседната била исцртана мапа на голема Македонија и фалангата. Но, откако СДСМ го промени името на Македонија тие решија да го избришат и се она што е национално и македонско обележје. Па така по многу години наназад од кога стојат цртежите беа избришани со процес на фарбање по наредба на директорот на студентскиот државен дом Дарио Николовски, кој покрај сите проблеми во студентските домови решил да ги бели токму овие две соби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-brishe-se-shto-e-makedonsko-dario-nikolovski-naredil-bojadisuvanje-na-dva-crteza-od-studentskiot-dom-kuzman-foto/feed/ 0
Фатени лицата кои со мобилен телефон ги снимаа женските тушеви во Студентскиот дом Кузман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-licata-koi-so-mobilen-telefon-gi-snimaa-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-licata-koi-so-mobilen-telefon-gi-snimaa-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/#respond Fri, 04 Jan 2019 09:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=148238

Државниот студентски дом „Скопје“ ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран во центарот на главниот град. -Се работи за двајца студенти кои престојуваат во домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност се многу важни за раководството. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно со правилникот, истакнуваат од управата на студентскиот „Кузман Јосифовски- Питу“. Од таму истакнуваат дека во моментов се работи на поставување видеонадзор во студентските домови со цел зголемување на безбедноста на студентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fateni-licata-koi-so-mobilen-telefon-gi-snimaa-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/feed/ 0
ФОТО: Со мобилен телефон се снимаат женските тушеви во Студентскиот дом Кузман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-so-mobilen-telefon-se-snimaat-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-so-mobilen-telefon-se-snimaat-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/#respond Thu, 03 Jan 2019 11:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=147805

Станар во Студентскиот дом „Кузман” смислил начин како да ги гледа оние кои се тушираат во женските тоалети, пишува Вечер. Фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР го фати моментот како од надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат на Домот некој го закачил својот мобилен телефон со цел да ги снима женските тоалети. Иновативноста на овој станар веднаш е споделена на социјалните мрежи со цел да се информираат засегнатите страни. Фото: S. Плавевски/ Вечер]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-so-mobilen-telefon-se-snimaat-zenskite-tushevi-vo-studentskiot-dom-kuzman/feed/ 0
Студентите оставени на цедило од неспособната влада- во студентскиот дом Кузман со денови прокиснува вода во мензата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-ostaveni-na-cedilo-od-nesposobnata-vlada-vo-studentskiot-dom-kuzman-so-denovi-prokisnuva-voda-vo-menzata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-ostaveni-na-cedilo-od-nesposobnata-vlada-vo-studentskiot-dom-kuzman-so-denovi-prokisnuva-voda-vo-menzata-video/#respond Mon, 19 Nov 2018 17:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=129678

Иако СДСМ ветуваше подобри услови за студентите откако ќе дојдат на власт, тие веќе година и половина заборавија на студентите и нивните маки. До нашата редакција пристигна видео снимка од студентскиот дом Кузман Јосифовски- Питу која е повеќе од загрижувачка. Студентите маки мачат со водата која прокиснува токму во мензата во која треба да јадат, па поради тоа услови во мензата речиси и да нема, а водата капе без престан. Оваа ужасна слика е уште еден доказ дека власта не се грижи за студентите иако тоа им беше ветено во многу наврати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-ostaveni-na-cedilo-od-nesposobnata-vlada-vo-studentskiot-dom-kuzman-so-denovi-prokisnuva-voda-vo-menzata-video/feed/ 0