студентски дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 12:10:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студентски дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вонредна инспекција во кујната во студентскиот дом Пелагонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/#respond Thu, 29 Dec 2022 12:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=782091

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната. -Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата, се наведува во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство. Кујната, како што посочуваат од АХВ, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/feed/ 0