Студентски домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 09:10:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Студентски домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Етапното реконструирање на студентските домови ќе започне во втората половина на годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etapnoto-rekonstruirane-na-studentskite-domovi-ke-zapochne-vo-vtorata-polovina-na-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etapnoto-rekonstruirane-na-studentskite-domovi-ke-zapochne-vo-vtorata-polovina-na-godinava/#respond Thu, 18 May 2023 09:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=835729

Етапната реконструкција на сите девет државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава. Во првата фаза која ќе се заокружи за 18 месеци од почетокот на градежните работи, целосно ќе се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски - Питу“. Како што информираат од МОН, економските оператори кои се одбрани во постапката за претквалификација, а согласно правилата на KFW развојната банка која заедно со Европската унија е финансиер на овој капитален проект, веќе доставуваат финансиски понуди и по избор на најекономичната ќе се склучи договор за изведба на работите. - Владата на Република Северна Македонија, односно Министерството за образование и наука склучи договор за обезбедување на средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. 20 милиони се заем од KFW развојната банка, додека пет милиони евра се грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP+) на Европската Унија. Реконструкцијата која подразбира замена на сите позиции во домовите – електрични и водоводни инсталации, фасади, топлотни системи, врати, прозорци, молерисување, опремување и така натаму, ќе се одвива во три фази, потсетуваат во денешното соопштение од МОН. Во втората фаза, како што велат од Министерството, е предвидена реконструкција на студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“, „Никола Карев“-Охрид, „Браќа Миладиновци„-Штип, „Народен херој Орде Чопела“-Прилеп, кои е предвидено да бидат NZEB (Near zero energy building), а во третата фаза реконструкција на мензата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на студентските домови „Кочо Рацин„ – Битола и „Пелагонија“. Почетокот на градежните работи е предвиден во првата половина на 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etapnoto-rekonstruirane-na-studentskite-domovi-ke-zapochne-vo-vtorata-polovina-na-godinava/feed/ 0
Попов до МОН: Преиспитајте ја одлуката за приватизирање на студентските домови, со тоа само ќе се доуништи и онака мизерниот студентски стандард https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-do-mon-preispitajte-ja-odlukata-za-privatiziranje-na-studentskite-domovi-so-toa-samo-kje-se-dounishti-i-onaka-mizerniot-studentski-standard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-do-mon-preispitajte-ja-odlukata-za-privatiziranje-na-studentskite-domovi-so-toa-samo-kje-se-dounishti-i-onaka-mizerniot-studentski-standard/#respond Fri, 14 Oct 2022 09:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=745195

По не знам кој пат разговараме за криминалната коалиција СДС/ДУИ и нивниот однос кон младите. Однос кој е само ветувања, манипулации и лаги, но вчера се надминаа и себеси. На вчерашната одлука на Влада ги видовме мерките за таканаречена рационализација на расходите во Министерството за образование кои предвидуваат дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард, реагира Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. -Во таа рационализација имаат предвидено: намалување на стипендиите, намалување на студентскиот оброк и приватизирање на студентските домови. Ветуваа брда и долини, едно поголемо ветување беше изградба на студентски градови. Од ветување за студентски град стигнавме до приватизирање на веќе постоечките студентски домови во кои да напоменам немаат шајка заковано. Веќе не знам по кој пат го менуваат студентскиот оброк, го менуваат само со една цел за евтин ПР. Веројатно така ги подучуваат нема врска што системот се распаѓа, стандардот тоне битно денес ќе напишеме по некој статус, ќе снимиме по некое спотче, а студентите нека се мислат што ќе прават. Идентична е ситуацијата и со стипендиите. Ова веќе не ви поминува, истакна тој. Попов посочува дека секоја една од горенаведените мерки само ќе доведе до дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард. -Оттука апелирам до МОН не го слушајте трајно неспособниот дезертер и преиспитајте се себе и неговите препораки. На младите им е веќе преку глава од вашето неспособно работење и на следните избори ќе ве испратат во опозиција, а потоа ќе има и одговорност, вели Попов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-do-mon-preispitajte-ja-odlukata-za-privatiziranje-na-studentskite-domovi-so-toa-samo-kje-se-dounishti-i-onaka-mizerniot-studentski-standard/feed/ 0
Објавени списоци за примени бруцоши во студентските домови и резултати од приговори на студенти од повисоките години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=740830

Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави резултати од конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови, како и резултати од приговори за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии. Електронското пријавување за сместување студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти во државните и приватните студентски домови треше од 18 јули до 5 август, а за сместување на студентите од прва година, рокот за аплицирање беше од 5 до 16 септември 2022, односно по завршувањето на првиот рок за упис на факултетите за академската 2022/2023 година. Според Конкурсот на МОН, слободни беа 4834 легла за редовни студенти на додипломски студии во 12 домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од вкупниот број, 3669 легла беа наменети за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 1165 се за студенти кои ќе се запишат во прва година. Со најмногу слободни места (1186) располага студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Следни по број на слободни места, според конкурсот, беа: ДСД „Пелагонија“ во Скопје со 997 места и „Стив Наумов“ – трета зграда со 601 легло, покрај 138-те легла во новите бараки во овој студентски дом во главниот град. Студентите се сместуваат и во домовите: „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид, „Орде Чопела“ во Прилеп, ПСД „УЈИЕ“ во Тетово и во четири домови во Штип: ДСД „Браќа Миладиновци“, ПСД „Оаза“, ПСД „Хилјадников“ и ПСД „Логос“. Според Конкурсот, доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сѐ до нивното пополнување, но најдоцна до 15 ноември 2022. Согласно роковите за сместување наведени во Конкурсот, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од десет дена од објавениот конечен список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/feed/ 0
Објавен Конкурсот за прием на студенти во студентските државни домови и други објекти за сместување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-priem-na-studenti-vo-studentskite-drzavni-domovi-i-drugi-objekti-za-smestuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-priem-na-studenti-vo-studentskite-drzavni-domovi-i-drugi-objekti-za-smestuvanje/#respond Wed, 14 Jul 2021 08:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=536528

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2021/2022 година. Согласно Конкурсот, за академската 2021/2022 година за студентите се обезбедени 5235 легла во државните студентски домови и други сместувачки објекти, од кои 1249 се за студенти од прва година, а 3986 легла се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и за апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. Рокот за пријавување на студентите од втора година и повисоките години почнува од 26 јули и ќе трае до 20 август 2021. Рокот за пријавување на студентите од прва година почнува од 6 септември и трае до 24 септември 2021. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови ќе останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи се до нивното пополнување, но најдоцна до 15 ноември 2021. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-konkursot-za-priem-na-studenti-vo-studentskite-drzavni-domovi-i-drugi-objekti-za-smestuvanje/feed/ 0
Зимата го изненади СДСМ: Студентските домови ги оставија без греење, откако им се донираше нафта се пофалија дека ја обезбедиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zimata-go-iznenadi-sdsm-studentskite-domovi-gi-ostavija-bez-greenje-otkako-im-se-donirashe-nafta-se-pofalija-deka-ja-obezbedile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zimata-go-iznenadi-sdsm-studentskite-domovi-gi-ostavija-bez-greenje-otkako-im-se-donirashe-nafta-se-pofalija-deka-ja-obezbedile/#respond Sat, 16 Jan 2021 12:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=456153

Иако СДСМ во нејзината програма ветуваше целосно подобрување на условите на студентите преку изградба на студентски град со нови студентски домови во Скопје како и изградба на нови студентски домови во градовите низ државата каде што има седиште на државен универзитет, не само што ништо од тоа не реализираше, туку како и секоја година откако се на власт така и оваа, студентите со недели се оставаат сред зима и во испитна сесија без греење и без топла вода. Откако СДСМ ги остави студентски домови без греење, сега се пофалија преку социјалните мрежи дека ја обезбедиле нафтата потребна за греење, која всушност е донација од компанија. Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје од 4 јануари немаше греење поради технички проблем со Агенцијата за стокови резерви, а ова за еден од медиумите го признава и самиот директор Виктор Велевски. Дека ваквите пропусти не се случајност и дека на Владата е им се битни младите и воопшто не се грижи за нив се потврдува и со тоа што ваква ситуација имаше и во 2018 кога студентите во студентските домови беа оставени две недели без парно греење и топла вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zimata-go-iznenadi-sdsm-studentskite-domovi-gi-ostavija-bez-greenje-otkako-im-se-donirashe-nafta-se-pofalija-deka-ja-obezbedile/feed/ 0
Студентските домови отвораат, објавен распоред за вселување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskite-domovi-otvoraat-objaven-raspored-za-vseluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskite-domovi-otvoraat-objaven-raspored-za-vseluvanje/#respond Mon, 05 Oct 2020 09:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=412459

Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19. Согласно со протоколите,  капацитетот во студентските домови во Скопје е 2080 места, а досега вкупно се примени 1614 студенти. Во  соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти. Министерката за образование и наука Мила Царовска завчера соопшти дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата. До 10 октомври трае и пријавувањето на интернет платформата  www.digitalizirajse.mon.gov.mk  за еднократен износ од 6.000 денари за студенти од ранливи категории кои ги исполнуваат условите. Средствата може да ги искористат за сместување, но исто така и за партиципација за студиите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskite-domovi-otvoraat-objaven-raspored-za-vseluvanje/feed/ 0
Стаорците, немањето тоалети, вода и мувлосаниот леб ќе предизвикаат дополнителен хаос: Власта ги отвора студентските домови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/staorcite-nemanjeto-toaleti-voda-i-muvlosaniot-leb-kje-predizvikaat-dopolnitelen-haos-vlasta-gi-otvora-studentskite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/staorcite-nemanjeto-toaleti-voda-i-muvlosaniot-leb-kje-predizvikaat-dopolnitelen-haos-vlasta-gi-otvora-studentskite-domovi/#respond Tue, 22 Sep 2020 17:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=406947

На 5-тата владина седница, што се одржа денеска, е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови според која тие треба да бидат отворени со почитување на Протоколите за сместување со дополнување дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица. Во таа насока, на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард. – Со измените содржани во овие предлог закони, се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови, и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата на РСМ, информираа од владината прес-служба. Соопштија дека студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата за времетраењето на предвидено со овие измени. Се оценува дека заради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/staorcite-nemanjeto-toaleti-voda-i-muvlosaniot-leb-kje-predizvikaat-dopolnitelen-haos-vlasta-gi-otvora-studentskite-domovi/feed/ 0
Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/#respond Mon, 17 Aug 2020 07:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=391496

Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020  на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН. Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5419 места. Од нив, за студенти запишани во прва година се наменети 1083 легла, а за студенти кои се запишани од втора до шеста година и за апсолвенти се слободни 4336 места. Во пет студентски домови и сместувачки објекти во Скопје слободни се вкупно 4015 легла за студенти, од кои најголем број (1216) се во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во Битола има 385 места, во Охрид 226, Прилеп 333 и во четири објекти во Штип вкупно има 460 места за сместување. Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата  www.konkursi.mon.gov.mk и може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години почна  на 27 јули и со продолжениот рок ќе трае до 25 август, а рокот за електронското пријавување на студентите од прва година ќе почне на 7 септември и ќе трае до 21 септември.. Доколку останат непополнети сместувачки капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи сè до нивно пополнување, но најдоцна до 28 септември 2020. Во Конкурсот е објаснет  начинот на кој ќе се распределуваат леглата за студенти, условите за прием, потребните документи за конкурирање за сместување и начинот и рокот за пријавување. Според роковите за сместување, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавувањето на конечниот список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/feed/ 0
Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseluvanje-od-studentskite-domovi-od-15-juni-do-3-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseluvanje-od-studentskite-domovi-od-15-juni-do-3-juli/#respond Thu, 11 Jun 2020 10:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=356570

Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје“  соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник. -Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови од 8 до 16 часот, објави на Фејсбук Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseluvanje-od-studentskite-domovi-od-15-juni-do-3-juli/feed/ 0
Студентските домови во Белград, Нови Пазар и Тутин се нови жаришта на вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/studentskite-domovi-vo-belgrad-novi-pazar-i-tutin-se-novi-zarishta-na-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/studentskite-domovi-vo-belgrad-novi-pazar-i-tutin-se-novi-zarishta-na-virusot/#respond Mon, 08 Jun 2020 14:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=355256

Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 250. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.308 лица се тестирани, а вирусот е потврден кај 73 лица. Во Србија се потврдени 11.896 случаи на инфекција од почетокот на епидемијата, а бројот на излечи е 11.198. Како што јави дописникот на МИА од Белград, епидемиологот Предраг Кон денес за ТВ Прва изјави дека не е исклучено вториот бран на коронавирус да се врати многу интензивно и укажа на нови жаришта во Србија. Тој истакна дека граѓаните биле дисциплинирани додека имало рестриктивни мерки, а дека сега се е прашање на нивниот однос кон вирусот. -Имате ситуација кога во една градинка започна со лице кое работи на одржување хигиена и таа патуваше со три колешки и така настана инфекција. Има проблем и поради враќањето на 17.000 студенти во Белград заради испитите и се потврди дека вирусот се појавил во студентскиот дом во Карабурма. Според него, ново жариште е и во Нови Пазар после Бајрам и во Тутин. -Се појавуваат жаришта, но не е лесно да се изврши надзор. Сега имаме 250 контакти кои се под надзор. Тие се слободни луѓе, но од ден на ден се слушаме со нив и ја следиме нивната состојба, објасни Кон. Според него, тоа што се укинати мерките не значи дека нема контрола. -Ние паѓаме од работата да најдеме контакти, а вие имате ситуација кога некој воопшто не користи заштитна опрема. Таа за за хронично болните и за старите лица е обврзувачка. Тој додаде дека никој не може да се игра со тоа и да дозволи вирусот да се врати во поинтензивен бран. Кон посочи дека состојбата со студентите, домовите за стари лица и празниците покажала дека вирусот е жив и пренослив. -Нема друга алтернатива, ние треба да се отвориме и да живееме, ако не го сториме тоа, нема да имаме средства за зачувување на здравствениот систем. Ги исцрпивме можностите поврзани со вонредната состојб, објасни Кон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/studentskite-domovi-vo-belgrad-novi-pazar-i-tutin-se-novi-zarishta-na-virusot/feed/ 0