студентски оброк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 15:45:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студентски оброк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доделените 140 денари за студентски оброк исчезнуваат од картичката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodelenite-140-denari-za-studentski-obrok-ischeznuvaat-od-kartichkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodelenite-140-denari-za-studentski-obrok-ischeznuvaat-od-kartichkata/#respond Tue, 03 Oct 2023 15:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=884712

На сите студенти кои претходниот ден добиле картичка за студентски оброк, а сумата не ја искористиле во текот на денот, автоматски сумата од 140 денари им ја снемува. Ова предизвика револт кај студентите кои велат дека од една страна државата им дава 140 денари, а од друга, им ги зема на полноќ доколку не ги потрошат дента, пишува Алсат. „Залудно е. Треба да се собират од ден на ден и кога ќе ни требаат да се искористат. Не сум видел да се повлечат. Ми изгледа апсурдно зошто да се повлечат? Но, повторно со 140 денари не значи дека ќе можеме да завршиме некоја работа, тоа е многу мала помош.“ „Знам дека мора да се користат секој ден и ако не ги искористите ќе бидат повлечени, но се надевам дека ќе направат промена бидејќи 140 денари не се доволни за храна“, реагираат студентите. Другото прашање што ги загрижува студентите е дека за да се намалат студентските трошоци, 140 денари се премалку за студентскиот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodelenite-140-denari-za-studentski-obrok-ischeznuvaat-od-kartichkata/feed/ 0
МОН: Студентите до 10 август да аплицираат за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-do-10-avgust-da-aplitsiraat-za-subventsioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-do-10-avgust-da-aplitsiraat-za-subventsioniran-studentski-obrok/#respond Fri, 04 Aug 2023 13:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=863437

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти. Крајниот рок за пријавување преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk е 10 август, се наведува во денешното соопштение на МОН. - По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на „Шпаркасе банка“ со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката - субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, се појаснува во соопштението. Аплицирањето за кандидатите, кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 1 до 7 октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1-ви до 7-ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради каква било причина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-do-10-avgust-da-aplitsiraat-za-subventsioniran-studentski-obrok/feed/ 0
МОН: По усвојување на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе продолжи редовната исплата на зголемениот надомест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-po-usvojuvane-na-izmenite-na-zakonot-za-subventsioniran-studentski-obrok-ke-prodolzhi-redovnata-isplata-na-zgolemeniot-nadomest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-po-usvojuvane-na-izmenite-na-zakonot-za-subventsioniran-studentski-obrok-ke-prodolzhi-redovnata-isplata-na-zgolemeniot-nadomest/#respond Tue, 18 Apr 2023 13:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=824998

Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. -Меѓудругото, тоа подразбира и зголемување на дневниот паричен надоместок. Предлог измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите кои го остваруваат ова право, на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ, соопшти МОН. Министерството додава и дека дава поддршка за побрзо донесување на законските измени и дека во меѓувреме ги прави сите потребни подготовки, односно собирање на потребните информации од надлежните институции за брза исплата на средствата, веднаш по стапување во сила на измените на законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-po-usvojuvane-na-izmenite-na-zakonot-za-subventsioniran-studentski-obrok-ke-prodolzhi-redovnata-isplata-na-zgolemeniot-nadomest/feed/ 0
Од денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-ova-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-ova-pravo/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=814978

Министерството за образование и наука информира дека до 26-ти март повторно е достапна можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право до сега. Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка. Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-ova-pravo/feed/ 0
Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-gi-dobija-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-gi-dobija-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/#respond Thu, 22 Dec 2022 17:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=779266

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29.000 студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември. Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса [email protected]. -Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации, велат од МОН.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-gi-dobija-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/feed/ 0
Важна вест за студентите: Објавен е повик за субвенциониран студентски оброк – ова се условите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-objaven-e-povik-za-subvencioniran-studentski-obrok-ova-se-uslovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-objaven-e-povik-za-subvencioniran-studentski-obrok-ova-se-uslovite/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=765735

Министерството за образование и наука информира дека на www.mon.gov.mk е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира  добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови: -да не се во редовен работен однос; -да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и -да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година. При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк, а воедно упатуваме апел да го погледнат и документот - Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите. По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември. МОН обезбедува и непосредна поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected]  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството. Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-objaven-e-povik-za-subvencioniran-studentski-obrok-ova-se-uslovite/feed/ 0
До март 2023 по 2.400 денари месечно за секој студент, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за висината на оброкот и реновирање на студентските домови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-mart-2023-po-2-400-denari-mesechno-za-sekoj-student-vmro-dpmne-kje-podnese-amandmani-za-visinata-na-obrokot-i-renoviranje-na-studentskite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-mart-2023-po-2-400-denari-mesechno-za-sekoj-student-vmro-dpmne-kje-podnese-amandmani-za-visinata-na-obrokot-i-renoviranje-na-studentskite-domovi/#respond Fri, 18 Nov 2022 14:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=762980

Собранието денеска во рамки на продолжението на 91. седница со 58 гласа „за“ и со 21 „воздржан“, го донесе Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, што се носеше по скратена постапка. Со измените на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно. За измените пратениците од опозицијата гласаа воздржано и бараа на студентите да им се исплаќаат по 160 денари. Предлагачи на Законот се пратениците Даниела Колева, Даниела Николова, Драгица Ѓавочанова, Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Зекир Рамчиловиќ, Лидија Тасевска, Љатифе Шиковска, Марија Костадинова, Марија Кочовска, Моника Зајкова, Мухамет Кадриов и Санела Шкријељ. Бојан Стојановски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој закон студентите ќе земат 120 денари до март 2023, оценувајќи дека со разговорите на владините претставници и студентите што ги претставуваа своите колеги, е постигнат договор „да се купат пет или шест месеци“. Стојановски истакна дека меѓу студентите што преговарале биле студенти „што не излегле од штабовите на СДСМ и на ДУИ“. Според него, Владата требала да одвои 200.000 евра годишно повеќе за тие околу 40.000 студенти да земаат уште 40 денари повеќе. Стојановски најави дека ќе поднесат амандмани на Буџетот за 2023 година за висината на оброкот, како и за реновирање на студентските домови. Пратениците од опозицијата го бараа и договорот што е постигнат со студентите. Пратеникот на опозицијата во својот говор го спомена претседателот на државата Стево Пендаровски, изјавувајќи дека висината на неговата плата е 90.000 денари. На ова реагираше претседателот на Собранието Талат Џафери, кој рече дека со нивните плати не смее да се политизира. Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк се преодно решение за продолжување на исплатата на субвенционираниот студентски оброк со истите услови, како и досега со траење до март 2023 година. Со нив се предвидува сите студенти кои и досега земале студентски оброк и ги исполнуваат условите за тоа со сегашното решение, да продолжат да земаат 120 денари до 15 март 2023 година, а потоа да се изгласа ново решение во договор на работната група, што произлезе од средбата со претставниците на студентските сојузи во Собранието. Студентите треба да добијат посебни платежни картички кои ќе можат да ги користат само за студентски оброк во одредени локали. Ќе има ретроактивна исплата на субвенција за студентски оброк од 15 септември до сега, а ќе бидат вклучени и новозапишаните студенти. Во рамки на продолжението на 91. седницата Собранието ги донесе и Одлуката за именување на член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Предлог-законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и Предлогот на закон за претворување на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во Јавното претпријатие „Колекторски систем“. Пратениците од дневниот ред на 73. седница го донесоа и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка, додека во рамки на продолжението на 79. седница и Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-mart-2023-po-2-400-denari-mesechno-za-sekoj-student-vmro-dpmne-kje-podnese-amandmani-za-visinata-na-obrokot-i-renoviranje-na-studentskite-domovi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-na-predlog-zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-na-predlog-zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok/#respond Thu, 17 Nov 2022 11:01:06 +0000 https://kurir.mk/?p=762330

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија Бојан Стојаноски. -Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството, рече Стојаноски, кој воедно е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ставен овој предлог-закон. Тој посочи дека јавноста и студентите мора да знаат дека овие нивни предлози, пратеници од мнозинството ги одбија во изминативе денови. -Но, еве уште една можност власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани, рече Стојановски. Опозицискиот пратеник најави „жестока дискусија и аргументирана расправа“ од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за одбрана на интересите и потребите на студентите“. -Власта барем денеска, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денеска, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни, рече Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-na-predlog-zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok/feed/ 0