Студентски отпор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 16:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Студентски отпор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студентскиот отпор најавува масовна мобилизација, протестите не се исклучени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskiot-otpor-najavuva-masovna-mobilizatsija-protestite-ne-se-isklucheni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskiot-otpor-najavuva-masovna-mobilizatsija-protestite-ne-se-isklucheni/#respond Sat, 16 Sep 2023 16:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=878707

Како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, соопштија денеска од Студентскиот Отпор. Имено, годинава, стои во соопштението, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто. - Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти, се наведува во соопштението. Додаваат дека во однос на субвенционираниот студентски оброк на само две недели пред почетокот на новата академска годин, се уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО. - Студентски отпор бурно ги следи проблемите и најавува масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми кои секоја година се полоши и полоши. Протести и демонстрации се една од опциите!, најавуаат преку соопштение од Студентскиот отпор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentskiot-otpor-najavuva-masovna-mobilizatsija-protestite-ne-se-isklucheni/feed/ 0
„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-ne-se-soglasuva-so-noviot-nachin-na-isplata-za-subventsioniraniot-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-ne-se-soglasuva-so-noviot-nachin-na-isplata-za-subventsioniraniot-obrok/#respond Fri, 11 Aug 2023 20:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=865967

„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк. Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. - На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички, се наведува во објавата. Велат дека не се согласуваат со тоа средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени. Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која „Шпаркасе Банка“ ќе ја издава во соработка со Министерството за образование и наука. Средствата во износ од 140 денари, студентите ќе може да ги користат кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-ne-se-soglasuva-so-noviot-nachin-na-isplata-za-subventsioniraniot-obrok/feed/ 0
Демант од Студентски отпор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-studentski-otpor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-studentski-otpor/#respond Thu, 20 Apr 2023 18:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=826066

Претставници на Студентски отпор не беа и во ниту еден случај нема да одат на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО - ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски Отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО - ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк. ЈАВНОСТА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОВА Е САМО ЕДЕН ПАТЕТИЧЕН ОБИД ДА СЕ ДИСКРЕДИТИРА И ПАРТИСКИ ДА СЕ ОБОИ ДВИЖЕЊЕТО СТУДЕНТСКИ ОТПОР! Луѓето што присуствуваа на таа средба НЕ СЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО - ДПМНЕ, односно УМС. Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија. Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко. Воедно, независните медиуми ги потсетуваме дека, поради вакви потези на одредени политички партии во Македонија кои имаат за цел да го партизираат ова студентско движење, да бидат повнимателни доколку известуваат за соопштенија или активности извршени од наша страна. Да известуваат единствено од официјалните профили на социјалните мрежи на Студентски отпор или од нашиот официјален емаил: [email protected] интегрален текст од демантот на Студентски отпор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-studentski-otpor/feed/ 0
„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-povikuva-da-se-ispolnat-nivnite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-povikuva-da-se-ispolnat-nivnite-barana/#respond Thu, 23 Mar 2023 08:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=815306

Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите. Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а особено изминативе месеци“. Како што пишува во реaкцијата, немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања и дека ќе настојуваат да ги остварат целите „користејќи ги сите расположливи механизми и средства“. Покрај барањето средба со министерот и вклучување во работни тела, „Студентски отпор“ бара изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите) и покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари. Во барањата се наведени и: дигитализација и укинување на т.н. скриени трошоци на факултетите; бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; стипендирање на студентите на втор циклус студии; модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ. -Ги охрабруваме и повикуваме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината, апелира „Студентски отпор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-povikuva-da-se-ispolnat-nivnite-barana/feed/ 0
Студентски отпор најавува секојдневни блокади на цело Скопје: МОН ги принудува студентите повторно со протести да си ги бараат правата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-najavuva-sekojdnevni-blokadi-na-tselo-skopje-mon-gi-prinuduva-studentite-povtorno-so-protesti-da-si-gi-baraat-pravata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-najavuva-sekojdnevni-blokadi-na-tselo-skopje-mon-gi-prinuduva-studentite-povtorno-so-protesti-da-si-gi-baraat-pravata/#respond Tue, 14 Mar 2023 20:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=811948

МОН преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, велат од Младинското движење Студентски отпор. -Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно: Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за Јануари. Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата - слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк. Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ. Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март. Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, додаваат од Младинското движење Студентски отпор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-najavuva-sekojdnevni-blokadi-na-tselo-skopje-mon-gi-prinuduva-studentite-povtorno-so-protesti-da-si-gi-baraat-pravata/feed/ 0
Труење од храна во „Пелагонија“: ВАКОВ ЛИ СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД ВЕТУВАШЕ ПРЕМИЕРОТ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-od-hrana-vo-pelagonija-vakov-li-studentski-standard-vetuvashe-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-od-hrana-vo-pelagonija-vakov-li-studentski-standard-vetuvashe-premierot/#respond Wed, 28 Dec 2022 12:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=781645

Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат од „Студентски отпор“. -Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот? Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од „Студентски отпор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/truenje-od-hrana-vo-pelagonija-vakov-li-studentski-standard-vetuvashe-premierot/feed/ 0
Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-baraat-odgovor-koga-kje-im-bidat-isplateni-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-baraat-odgovor-koga-kje-im-bidat-isplateni-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/#respond Thu, 15 Dec 2022 13:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=776131

Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не имс е исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести. -Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите, велат од Студентски отпор за правда на студентите. Тие упатуваат повик до оние кои преговарале во име на студентите да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат. Доколку не добиеме одговор, велат оттаму, ќе пристапат кон организирање масовни студентски демонстрации. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-baraat-odgovor-koga-kje-im-bidat-isplateni-sredstvata-za-subvencioniran-studentski-obrok/feed/ 0
Студентски отпор со апел до сите пратеници: Поднесете амандмани за зголемување на субвенцијата за студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-so-apel-do-site-pratenici-podnesete-amandmani-za-zgolemuvanje-na-subvencijata-za-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-so-apel-do-site-pratenici-podnesete-amandmani-za-zgolemuvanje-na-subvencijata-za-studentski-obrok/#respond Mon, 21 Nov 2022 10:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=764094

Почитувани, Студентскиот отпор упатува апел до сите Пратенички групи во Собранието на Република Македонија, денес како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од МОН. Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме значително намалување и тоа во ставката наменета за "ученички стандард" за 19,72%, ставката за "студентски стандард" намалена за 17,96%, ставката наменета за "наука" намалена за 30,87% и ставката наменета за "инвестиции во образованието" намалена за 17,24%. Особено сме загрижени од намалувањето на предвидените средства во однос на 2022 година за "изградба и реконструкција на студентски домови" за 31% и "енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови" за дури 46%, стои во соопштението на Студентски отпор до јавноста. Тие бараат пратеничките групи да поднесат амандмани со кои се предвидува зголемување на овие ставки и да се престане со штедење и намалување на средства кои се директно на штета на младите луѓе во Република Македонија. - Со зголемување на средствата бараме зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и задржување на постојните критериуми, но исто така бараме во студентските домови да има повисок квалитет на храна и лифтовите да работат во текот на целиот ден. Во делот на инвестициите во образованието бараме да се предвидат средства за реконструкција на сите студентски домови. Само во овие три програми (студентски стандард, ученички стандард и инвестиции во образованието) Владата за 2023 година предвидува речиси 500 милиони денари помалку отколку со Буџетот за 2022 година. Уште еднаш ги замолуваме пратениците да поднесат амандмани за зголемување на овие ставки за доброто на младите кои се иднината на секоја држава, се додава во нивното соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-so-apel-do-site-pratenici-podnesete-amandmani-za-zgolemuvanje-na-subvencijata-za-studentski-obrok/feed/ 0
„СТУДЕНТСКИ ОТПОР“ И ДЕНЕС ПРЕД ВЛАДА: Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-i-denes-pred-vlada-dosta-e-od-prikazni-za-rabotni-grupi-planovi-odbori-i-slichno-koga-studentite-gladuvaat-i-smrznuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-i-denes-pred-vlada-dosta-e-od-prikazni-za-rabotni-grupi-planovi-odbori-i-slichno-koga-studentite-gladuvaat-i-smrznuvaat/#respond Thu, 17 Nov 2022 09:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=762255

Поради актуелните последни случувања кои се поврзани со мерката субвенциониран студентскси оброк и студентскиот стандард воопшто, сме видно загрижени како студенти. Апелиравме да се изврши зголемување на износот од 120 на 160 денари дневно, велат од „Студентски отпор за правда на студентите“. -Повторно ги повикуваме Пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат Амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за Македонскиот студент. Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе. Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат. Се гледаме денес во 17:30 часот пред Влада на студентски марш по повод 17-ти Ноември, Меѓународниот ден на студентите, заедно да се избориме за она што ни следува. Студентскиот стандард мора да се подобри! АКЦИЈА ВЕДНАШ!, додаваат од „Студентски отпор за правда на студентите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-i-denes-pred-vlada-dosta-e-od-prikazni-za-rabotni-grupi-planovi-odbori-i-slichno-koga-studentite-gladuvaat-i-smrznuvaat/feed/ 0
ВО 17:30 ЧАСОТ: Студентите излегуваат на протестен марш, своите права ќе ги бараат од Владата и МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/#respond Thu, 17 Nov 2022 06:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=762071

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права. УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени и заедно ќе успеат да ги заштитат нивните права и ќе ги исполнат нивните барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација. – Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард, се наведува во објавата на УСС на УКИМ. Претходно, во 13 часот, Клубот за младински прашања и политики во Парламентот ќе организира средба со Универзитетското студентско собрание чија цел е, како што изјави претседателот на УСС на УКИМ Славчо Темелковски, изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови. На средбата се очекува да присуствуваат директорите и претседателите на студентските домови и на сите универзитетски студентски собранија, пратеници, како и претставници на Министерството за образование и наука.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-17-30-chasot-studentite-izleguvaat-na-protesten-marsh-svoite-prava-kje-gi-baraat-od-vladata-i-mon/feed/ 0