студентски стипендии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 13:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студентски стипендии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аплицирањето за студентски стипендии завршува во понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apliciranjeto-za-studentski-stipendii-zavrshuva-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apliciranjeto-za-studentski-stipendii-zavrshuva-vo-ponedelnik/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:07:40 +0000 https://kurir.mk/?p=770160

До 5 декември (понеделник) е рокот за аплицирање за студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Согласно конкурсот на Министерството за образование и наука, предвидено е да бидат доделени вкупно 3000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории поради недостигот од кадар во одредени области. Како што соопшти МОН, првпат ќе бидат доделени 30 стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Новина се и 15 стипендии за додипломски студии за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Исто така, 15 стипендии се предвидени првпат и за студентите запишани на додипломски студии по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија. Вкупно 1470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки се предвидени 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика. За студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности се предвидени 15 стипендии. Петстотини стипендии се предвидени за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех. Триесет стипендии ќе бидат доделени на студенти запишани на студиски програми по хемија, 20 на студенти запишани на физика и 20 за студиските програми по математика. Предвидени се и 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. – Во Конкурсот се наведени сите услови, критериуми и потребните документи за аплицирање со цел остварување на правото на користење на секоја категорија на стипендии. Оваа година аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и хартиени апликации преку архивата на МОН, нема да се прифаќаат, соопшти МОН. Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apliciranjeto-za-studentski-stipendii-zavrshuva-vo-ponedelnik/feed/ 0
МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-voveduva-novi-studentski-stipendii-vo-akademskata-2022-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-voveduva-novi-studentski-stipendii-vo-akademskata-2022-2023-godina/#respond Wed, 31 Aug 2022 10:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=726551

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни, ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области, информира МОН. Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија ќе биде наменета за студенти на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија. -Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од првата до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех, соопшти Министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-voveduva-novi-studentski-stipendii-vo-akademskata-2022-2023-godina/feed/ 0
Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за 2021/2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultatite-od-konkursot-za-studentski-stipendii-za-2021-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultatite-od-konkursot-za-studentski-stipendii-za-2021-2022/#respond Thu, 18 Nov 2021 09:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=596893

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии за академската 2021/2022 година. Во објавата на листите на добитници на различни категории стипендии, МОН информира дека студентите кои стекнале право на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник, 30 ноември 2021,  да ги достават до Министерството за образование и наука – директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје. Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија. Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Незадоволните кандидати може да достават приговор на [email protected].mk ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultatite-od-konkursot-za-studentski-stipendii-za-2021-2022/feed/ 0