студија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 13:00:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png студија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студија откри кое време е најдобро да се оди на работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-otkri-koe-vreme-e-najdobro-da-se-odi-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-otkri-koe-vreme-e-najdobro-da-se-odi-na-rabota/#respond Wed, 06 Sep 2023 14:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=875243

Ако работното време се премести во подоцнежните утрински часови, хроничната несоница, заморот од работа и недостатокот на мотивација би можеле да исчезнат. Кога работата би започнала во 10 часот, луѓето би биле поздрави, е заклучокот од големото истражување спроведено на Универзитетот во Пенсилванија. Истражувањето кое опфатило повеќе од 120.000 луѓе покажало дека за секој час што го поминуваат на работа, луѓето спијат во просек 20 минути подолго, но во тој случај се попродуктивни и посреќни. Бидејќи недостатокот на сон е сѐ почест проблем, истражувачите тврдат дека пофлексибилното работно време во голема мера ќе им користи на вработените. „Работното време е најголемиот крадец на сонот, а тоа што луѓето мораат да бидат на работа од раните утрински часови всушност кај повеќето доведува до намалена продуктивност“, заклучил авторот на студијата – д-р Матиас Баснер, пишува The Telegraph.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-otkri-koe-vreme-e-najdobro-da-se-odi-na-rabota/feed/ 0
Научно докажано: Луѓето родени во овој месец живеат најдолго https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchno-dokazhano-lugeto-rodeni-vo-ovoj-mesets-zhiveat-najdolgo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchno-dokazhano-lugeto-rodeni-vo-ovoj-mesets-zhiveat-najdolgo/#respond Tue, 29 Aug 2023 07:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=871937

Постојат неколку теории зад ова истражување Луѓето родени во октомври имаат поголема веројатност да живеат до 100 години, покажа истражувањето! Една студија спроведена на Универзитетот во Чикаго спореди луѓе родени помеѓу 1880 и 1895 година, кои живееле до 100 години со своите сестри и браќа или партнери. Се покажа дека родените во октомври имаат поголеми шанси да доживеат стотка, а и оние родени во септември и ноември се нешто подолготрајни. Постојат неколку теории зад ова истражување, а една од нив е дека луѓето родени на есен се помалку изложени на сезонски болести, бидејќи во тој период нема многу ниски или многу високи температури. Сепак, научниците сè уште не можат со сигурност да кажат зошто луѓето кои се родени во октомври се подолготрајни. Во меѓувреме, тие истакнуваат дека на долговечноста влијаат разни други фактори како што се исхрана, физичка активност, избегнување на лоши навики како пушење…]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchno-dokazhano-lugeto-rodeni-vo-ovoj-mesets-zhiveat-najdolgo/feed/ 0
Студија: Во Европа дрога се употребува од пред три илјади години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-evropa-droga-se-upotrebuva-od-pred-tri-iljadi-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-evropa-droga-se-upotrebuva-od-pred-tri-iljadi-godini/#respond Fri, 07 Apr 2023 14:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=821546

Анализата на прамени коса пронајдени во пештера на шпанскиот остров Менорка покажа дека локалното население користело психоактивни супстанци уште пред 3.000 години. Научниците велат дека ова е најстариот директен доказ дека луѓето од тоа време земале халуциногени дроги, пренесува Science News. Пред околу 3.000 години, „станарите“ на пештерата Es Càrritx на Менорка, кои можеби биле шамани кои вршеле духовни и исцелувачки ритуали, консумирале специфични растенија. Тие содржеле супстанции кои влијаат на состојбата на умот и видот, според археологот Елиса Гуера-Доце од Универзитетот во Ваљадолид во Шпанија. Претходно, археолозите датираа знаци на човечка активност во пештерата, вклучително и повеќе од 200 човечки гробови наредени во влезната комора, во период кој датира од пред 3.600 и 2.800 години. Истражувачите пронајдоа и многу други предмети, вклучително и шест дрвени сандаци. Во секој од нив се откриени прамени човечка коса. Хемиска анализа на прамени од еден сандак откри присуство на три психоактивни растенија. Научниците заклучиле дека тие биле консумирани и потоа се апсорбирале во косата во период од речиси една година. Резултатите од истражувањето шпанските научници ги објавија во списанието Scientific Reports. Две супстанци, атропин и скополамин, предизвикуваат дезориентација, халуцинации и изменети физички сензации. Друга пронајдена супстанција, ефедрин, ја зголемува енергијата и будноста. Научниците веруваат дека шаманите знаеле како безбедно да ракуваат и да ги консумираат овие потенцијално отровни растенија. Тие, исто така, претпоставуваат дека поединците сакале да ја зачуваат античката традиција, па криеле прамени коса и други ритуално важни предмети од Ес Кариткс во периодот кога постојано растечкото население на Менорка се развивало и поттикнувало општествени промени. Погребните ритуали вклучувале боење на влакната од косата на труповите во црвеникава боја. Подоцна, дел од прамените биле отсечени и складирани во сандаци во близина на гробовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-evropa-droga-se-upotrebuva-od-pred-tri-iljadi-godini/feed/ 0
Студија: Планетата го доживеа вториот најтопол март во историјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-planetata-go-dozhivea-vtoriot-najtopol-mart-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-planetata-go-dozhivea-vtoriot-najtopol-mart-vo-istorijata/#respond Thu, 06 Apr 2023 18:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=821201

Службата која следи климатски промени Коперник (C3S) во својот климатски месечен извештај за температурите, мразот и врнежите, денеска објави дека Земјата го доживеала вториот најтопол март досега, додека мразот на Антарктикот го достигнал своето второ најниско ниво. Во извештајот се истакнува дека температурите над јужна и централна Европа биле над просекот, а температурите во поголемиот дел од северна Европа биле под просекот. Исто така, беше многу потопло од просекот во поголемиот дел од копното што ја покрива Северна Африка, Југозападна Русија и поголемиот дел од Азија, каде што беа поставени многу нови мартовски рекорди за високи температури. Значително надпросечни температури беа и над североисточниот дел на Северна Америка, Аргентина и соседните земји, голем дел од Австралија и брегот на Антарктикот. Од друга страна, беше многу поладно од просекот во западна и централна Северна Америка. Што се однесува до мразот, концентрациите на морскиот мраз беа далеку под просекот во сите сектори на Јужниот Океан. Обемот на морскиот мраз на Антарктикот беше втор најнизок за март во евиденцијата на сателитските податоци - 28 проценти под просекот, по рекордното ниско ниво во февруари, продолжувајќи го долгорочниот тренд на опаѓање на морскиот мраз во поларните региони. Нивото на мразот во Арктикот беше четири проценти под просекот, четврто најниско за март во евиденцијата на сателитски податоци, но концентрациите на морскиот мраз беа многу над просекот во Гренландското Море. Што се однесува на хидрологијата, C3S наведува дека март бил повлажен од просекот во појасот од запад кон североисток низ северна Европа и над Турција. Од друга страна, посушни од просечните услови беа забележани во поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, каде условите беа погодни за пожари, алпскиот лак, делови од Централна Европа, Источен Балкан и северозападниот брег на Каспиското Езеро. Надвор од Европа, март беше повлажен од просекот во делови од САД, Азија, Рогот на Африка, Нов Зеланд, северна Австралија, Африка и Бразил. Во многу региони, обилните врнежи доведоа до поплави. Посушни од просечните услови беа забележани во Аргентина, јужна Австралија, југозападна Африка и делови од Азија, а во многу случаи овие услови беа поврзани со температури повисоки од просечните. Коперник е водечка програма на Европската програма за набљудување на Земјата, управувана од Европската комисија, а се спроведува во партнерство со земјите-членки, Европската вселенска агенција, Европскиот центар за среднорочни временски прогнози и други. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-planetata-go-dozhivea-vtoriot-najtopol-mart-vo-istorijata/feed/ 0
Нова студија открива дека ќе ослабете повеќе ако имате финансиска мотивација https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nova-studija-otkriva-deka-kje-oslabete-povekje-ako-imate-finansiska-motivacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nova-studija-otkriva-deka-kje-oslabete-povekje-ako-imate-finansiska-motivacija/#respond Tue, 06 Dec 2022 19:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=771975

Според една нова студија, давањето паричен поттик на луѓето да ги постигнат целите за слабеење ги удвојува резултатите и слабеењето. Истражувачите следеле губење на тежината на 668 дебели возрасни луѓе во Њујорк и Лос Анџелес во период од шест месеци. Целта била учесниците да ослабат 10 килограми. Студијата, објавена во JAMA Internal Medicine, покажа дека две третини од учесниците ја постигнале својата цел кога им биле понудени пари како награда, додека оние без паричен поттик изгубиле половина. Учесниците во истражувањето биле на возраст меѓу 18 и 70 години и потекнуваат од домаќинства со просечен приход помал од 40.000 долари годишно. Мнозинството - 80 проценти од нив - биле жени. Студијата била спроведена од ноември 2017 до мај 2021 година. Истражувачите ги поделиле учесниците во три групи, им дале задача да изгубат 5 проценти од нивната телесна тежина и по случаен избор им доделиле стимулации. Тие вклучуваат: стимулации насочени кон целта, стимулации засновани на исходи и група без поттик. Сите учесници биле вклучени во програма за да им помогне да изгубат тежина. На учесниците им биле платени 150 долари за регистрирање и присуство на најмалку половина од неделните сесии на програмата за управување со тежината во текот на еден месец, а добивале 60 долари месечно доколку продолжат да присуствуваат барем на половина од неделните сесии на програмата. Просечната сума заработена во групата насочена кон целта била 440,44 долари со просечно губење на тежината од 4,4 килограми. Во групата фокусирана на исходот, тие заработиле во просек 303,56 долари и изгубиле во просек 4,8 килограми. Оние од групата без финансиски стимулации изгубиле 2,2 килограми во текот на студискиот период.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nova-studija-otkriva-deka-kje-oslabete-povekje-ako-imate-finansiska-motivacija/feed/ 0
Изработена е студија за воведување на уставна жалба во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-e-studija-za-voveduvanje-na-ustavna-zalba-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-e-studija-za-voveduvanje-na-ustavna-zalba-vo-makedonija/#respond Thu, 27 Oct 2022 10:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=751133

Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Како што информираат од Судот, се работи за студија изработена од германски експерт, во која се пренесени искуствата од Уставниот суд во Сојузна Република Германија. Оваа студија е резултат на неколкугодишната соработка помеѓу Судот и ИРЗ и ќе даде насока за воведување на уставна жалба со којашто граѓаните на Република Северна Македонија ќе имаат можност да се жалат до Судот за сите уставно-загарантирани права. -Ние сме една од ретките држави кои немаат воведено уставна жалба или како што се нарекува во некои земји- уставна тужба. Тоа ќе значи проширени надлежности на Уставниот суд, граѓаните ќе можат за секое уставно загарантирано право да поднесат барање, ќе им се овозможи да се жалат на уште едно место во матичната држава, пред да се изложат на трошоци во судот во Стразбур. Сега граѓаните се ограничени само да се жалат за права кои произлегуваат од членот 110 алинеја 3 од Уставот, посочи Кацарска. Претставниците на германската фондација потенцираа дека проектот за Уставниот суд на Република Северна Македонија е одобрен од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во оваа прилика изразија загриженост за состојбата во која се наоѓа Уставниот суд со непополнувањето на судиските места, бидејќи се закочени важни прашања за граѓаните, како што е на пример воведувањето на уставната жалба. Кацарска на средбата информираше за сите предизвици, заостанати предмети и проблеми со кои се соочува Судот поради испразнетите места и напомена дека ја искористила секоја можност јавно да апелира за избор на уставни судии, потсети дека во два наврата пишуваше писма до Собранието, Судскиот совет, а исто така го свика и државниот врв за лично да ја пренесе сериозноста на состојбата во која се наоѓа државата поради неизбирањето на судиите. -Вложив максимални напори да ги информирам и надлежните и целокупната јавност за сериозноста на овој проблем во кој се најде државата и повторував дека е важно уставните судии да бидат избрани побрзо. Нивно право е кого ќе изберат, јас немам ингеренции да кажувам ниту да бирам и затоа секоја прилика ја користам за да апелирам тоа да бидат професионалци, рече Кацарска. По пополнувањето на судиските места во Уставниот суд, со поддршка на ИРЗ планирано е да се организираат дебати со вклучување на регионални експерти и да почне поинтензивна кампања за подигнување на свеста кај сите општествени чинители и кај граѓаните, за важноста од воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-e-studija-za-voveduvanje-na-ustavna-zalba-vo-makedonija/feed/ 0
Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=748704

Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување. Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа држава, вели дека станува збор за глобална криза. Предупредува дека децата ќе бидат изложени на ризик доколку не се преземат итни мерки. „Природата и обемот на злоупотребата со која наидовме беа шокантни и длабоко вознемирувачки“, изјави Алексис Џеј, експертка за социјална заштита која ја водела студијата. „Ова е се поголем проблем и национална епидемија“, нагласи таа. Истрагата започна во јули 2014 година по серија шокантни откритија за злоупотреби, некои од нив датираат со децении. Најзначајниот од нив беше покојната ТВ ѕвезда на Би-Би-Си Џими Савил, за кој по неговата смрт беше откриено дека е меѓу луѓето вклучени во најмногу случаи на сексуална злоупотреба во Британија. Беа објавени 15 истраги и десетици извештаи, со детали за ужасните злоупотреби во институциите, вклучително и Католичката и Англиканската црква, како и центарот на британската политика, Вестминстер. Политичарите, црковните водачи и социјалните служби ги игнорираа извештаите за заштита на сторителите и нивниот углед, а полицијата покажа несоодветна почит кон јавните личности, се тврди во студијата. Вкупно 725 сведоци се сослушани од 2017 година и се обработени речиси 2,5 милиони страници докази. Повеќе од 6.000 жртви ги споделија своите искуства со „Проект за Вистина“ преку истражувањето. Џеј рече дека цел на сексуалните напади биле бебиња, мали деца и тинејџери, често придружени со ужасно насилство и садистички чинови кои предизвикуваат физичка болка. „Тоа е одвратно и понижувачко и ефектите често траат цел живот за жртвите“, рече таа. Запрепастувачки е бројот на луѓе кои биле и се жртви на насилство. Според бројките од 2019 година, имало вкупно 3,1 милиони жртви во Англија и Велс, или околу 7,5 отсто од населението на возраст од 18 до 75 години. Џеј рече дека во која било група од 200 деца, 10 момчиња и повеќе од 30 девојчиња ќе бидат погодени пред да наполнат 16 години. Во студијата е наведено дека додеја биле анализирани податоците, обемот на злоупотреба на интернет драстично се зголемил.
+]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/feed/ 0
Студија: Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-svetot-bi-se-ispushtale-rechisi-700-milioni-toni-pomalku-shtetni-gasovi-ako-site-vozat-velosiped/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-svetot-bi-se-ispushtale-rechisi-700-milioni-toni-pomalku-shtetni-gasovi-ako-site-vozat-velosiped/#respond Fri, 19 Aug 2022 11:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=721020

Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови секоја година – повеќе од годишните емисии на Канада – доколку сите возат велосипеди, се нагласува во ново истражување. Транспортниот сектор во моментов е одговорен за речиси четвртина од емисиите на стакленички гасови од согорувањето на горивото, пренесе Франс 24. Половина од тие емисии доаѓаат од автомобилите, а сообраќајот се очекува да се зголеми тројно до средината на векот. Во обид да го декарбонизираат транспортот, владите и индустријата се свртеа кон електрични возила. Само минатата година се продадени 6,75 милиони од нив. Секоја година се следи и објавува бројот на продадени возила. Потешко е да се следи производството и продажбата на многу постаро возило со ниска емисија на штетни гасови – велосипедите. Меѓународен тим на истражувачи сега ја состави првата база на податоци за сопственоста и употребата на велосипеди по земја, користејќи статистички моделирање за да ги пополни празнините во информациите. Се наведува дека помеѓу 1962 и 2015 година, производството на велосипеди го надмина производството на автомобили. Повеќе од две третини од 123 милиони велосипеди произведени во 2015 година се однесуваат на Кина. Во списанието Communications Earth and Environment, научниците покажаа дека сопственоста на велосипеди е генерално поголема во побогатите земји – но и автомобилите се користат повеќе таму. Тоа покажува дека големиот број на велосипеди не мора да значи и голема употреба на тоа возило на две тркала. Меѓу 60-те земји вклучени во истражувањето, велосипедите се користат за патување само во 5 проценти од случаите. Во некои земји едноставно недостасуваат велосипеди, а во други, каде што ги има многу, тие се користат за рекреација, а помалку како превозно средство. Доколку секој патувал на работа како Данците, кои во просек возат велосипед по 1,6 километри, светот би можел да испушта околу 414 милиони тони јаглерод диоксид помалку секоја година, пресметале научниците. Ова одговара на годишните емисии во Велика Британија. Ако секој возеше велосипед колку Холанѓаните, кои патуваат по 2,6 километри дневно, светот ќе „заштедеше“ 686 милиони тони. „Глобалната политика за возење велосипед и развој на инфраструктурата ќе овозможат транзиција на холандски и дански начин и ќе доведат до значителни, досега неискористени придобивки за климата и здравјето“, напишаа авторите. Тие веруваат дека оваа двојна придобивка бара подобро собирање податоци за велосипедите и дека постои „итна потреба да се промовира одржливото користење на велосипедите преку поддршка на политиките, планирање и развој на инфраструктурата“. Водечкиот автор на студијата, Ганг Лиу, професор на Катедрата за зелена технологија на Универзитетот во Јужна Данска, рече дека истражувањето покажало дека велосипедите имаат важна улога во намалувањето на јаглеродниот отпечаток на глобалниот сообраќај во иднина. Лиу истакнува дека не е неопходен само технолошкиот напредок за промени во сообраќајот. „Потребни се и стратегии за промени во побарувачката, како што се алтернативни модели на мобилност – заеднички транспорт, транспорт по барање и споделување на возење – како и замена на автомобили на кратки растојанија со возење велосипед“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-vo-svetot-bi-se-ispushtale-rechisi-700-milioni-toni-pomalku-shtetni-gasovi-ako-site-vozat-velosiped/feed/ 0
Луѓето со ваков облик на тело имаат помал ризик од смртност https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-so-vakov-oblik-na-telo-imaat-pomal-rizik-od-smrtnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-so-vakov-oblik-na-telo-imaat-pomal-rizik-od-smrtnost/#respond Sun, 14 Aug 2022 11:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=718139

Студија објавена во медицинското списание „BMJ“ наведува дека маснотиите кои се наоѓаат околу стомакот се поврзани со зголемен ризик од рана смрт од било која причина, без оглед на вкупната телесна маса. Поголемите гради и колкови се доведуваат до низок ризик. Резултатите сугерираат дека мерењето на маснотиите околу стомакот би можело да биде добар показател за ризикот од смрт поради прекумерна тежина. Студијата се темели на резултати од 72 истражувања во кои учествувале над 2,5 милиони луѓе следени меѓу три и 24 години, пренесува „New York Post“. Откриено е дека што повеќе маснотии има околу стомакот толку е поголем ризикот од смртност. Анализата покажала дека секои 10 сантиметри во струкот се поврзнаи со 11 проценти зголемен ризик од смрт. Утврдено е и дека ширината на колковите и бедрата е поврзана со помал ризик од смртност од сите причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-so-vakov-oblik-na-telo-imaat-pomal-rizik-od-smrtnost/feed/ 0
СТУДИЈА: Климатските промени полека го „бришат“ јужниот жолт габар познат како братучедот на Зазу од кралот Лав – некои податоци се загрижувачки и алармантни! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-klimatskite-promeni-poleka-go-brishat-juzniot-zolt-gabar-poznat-kako-bratuchedot-na-zazu-od-kralot-lav-nekoi-podatoci-se-zagrizuvachki-i-alarmantni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-klimatskite-promeni-poleka-go-brishat-juzniot-zolt-gabar-poznat-kako-bratuchedot-na-zazu-od-kralot-lav-nekoi-podatoci-se-zagrizuvachki-i-alarmantni/#respond Fri, 20 May 2022 10:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=679459

Со својот долг и жолт надолу закривен клун, јужниот жолт габар е една од највеличенствените птици во животинското царство. Овој вид е братучед на црвениот габар, кој станал познат како Зазу од Кралот Лав. Но, зачудувачката птица е изложена на ризик да биде уништена од климатските промени, покажува една нова студија. Истражувачите од Универзитетот во Кејп Таун ги проучувале ефектите на високиот умерен воздух и сушата врз успехот на размножување на птиците во пустината Калахари од 2008 до 2019 година. Нивните наоди откриваат дека производството на размножување „пропаднало“ во ова време - за што е виновно зголемувањето на температурата. Претходните студии покажале како животните кои живеат во пустината Калахари ги трпат последиците од глобалното затоплување. На пример, една претходна студија откри како повеќе видови птици сега се размножуваат порано и за пократко време. Во новата студија, тимот тргна да го истражи влијанието на климатските промени врз жолти габари во период од 10 години. - Има брзо растечки докази за негативните ефекти на високите температури врз однесувањето, физиологијата, размножувањето и преживувањето на различни видови птици, цицачи и влекачи ширум светот, рече д-р Николас Патинсон, првиот автор на студијата. - На пример, сè повеќе се забележуваат настани поврзани со масовно изумирање во период од неколку дена, кои без сомнение претставуваат закана за упорноста на населението и функцијата на екосистемот. Истражувачите го проучувале успехот на размножување на парови јужни жолти габари во дрвени гнезда во резерватот на реката Куруман и ги споредиле нивните наоди со климатските трендови во регионот. Нивните резултати покажале дека со зголемувањето на максималната температура на воздухот, производството за размножување паднало. - Во текот на периодот на мониторинг, субсмртоносните ефекти на високите температури (вклучувајќи компромитирано барање храна, обезбедување и одржување на телесната маса) ја намалија шансата успешно да се размножуваат или дури и воопшто да се размножуваат, објасни д-р Патинсон. Кога ги споредиле првите три сезони (2008-2011) со последните три (2016-2019), истражувачите откриле дека просечниот процент на зафатени гнездо кутии се намалил од 52 отсто на само 12 отсто. Успехот на гнездото (успешно одгледување и одведување на најмалку едно пиле) исто така се намали од 58 проценти на 17 проценти, додека просечниот број на пилиња се намали од 1,1 на 0,4. И кога просечната температура на воздухот отишла над 96,2 °F (35,7 °C), воопшто немаше успешни обиди за размножување. Загрижувачки, сегашните предвидувања за затоплување покажуваат дека целата сезона на парење ќе ја затемни оваа температура до 2027 година. - Голем дел од јавната перцепција за ефектите од климатската криза е поврзана со сценарија пресметани за 2050 година и понатаму, рече д-р Патинсон. - Сепак, ефектите од климатската криза се актуелни и може да се манифестираат не само во текот на нашиот живот, туку дури и во текот на една деценија. И покрај тоа што нема впечатливи големи изумрени настани, нашето предвидување во оваа студија е дека јужните жолти габари би можеле да бидат истребени од најжешките делови од нивниот опсег уште во 2027 година. Подсмртоносните последици од високите температури може да доведат до локални истребувања со тоа што ќе резултира со неуспех во регрутирањето (т.е. нема млади животни да се приклучат на популацијата) и промени во екосистемите од кои сите зависиме, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-klimatskite-promeni-poleka-go-brishat-juzniot-zolt-gabar-poznat-kako-bratuchedot-na-zazu-od-kralot-lav-nekoi-podatoci-se-zagrizuvachki-i-alarmantni/feed/ 0