субвенционирана струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 09:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png субвенционирана струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Прехранбените компании кои користат субвенционирана струја не ги намалија цените, ќе предложиме укинување на мерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/#respond Thu, 23 Feb 2023 09:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=804070

Министерството за економија во моментот работи на дизајнирање на нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат. Како што кажа министерот, Министерството за економија имаше неколку средби со Стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи, од каде произлезе заклучокот дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им се помогнеме на производителите на основни прехранбени производи и се влијае на намалување на цените кои се истакнати со владина одлука, како што се основните производи како лебот, маслото, тестенините и така натаму, особено млекото. „Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот кој сме го имале помеѓу Владата и Стопанските комори и не ги намалија цените на основните прехранбени производи. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат, до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70% од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред стапи на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија“ кажа министерот Бектеши. Според Бектеши, што се однесува за мерката за ограничување на профиртната маржа која што исто така беше донесна со цел намалување на цените на прехранбените производи, согласно податоците на ДПИ истата се почитува кај сите трговци. „Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и прави контроли кај сите компании кои што користат субвенционирана струја. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи оние кои ги прекршуваат одредбите ќе бидат санкционирани, па дури и може да бидат затворени“ кажа министерот Бектеши. Министерот кажа дека за субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени  околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства кои може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба. „Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното , тие средства во Буџетот кои се опеделени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените“ кажа министерот Бектеши. Министерот потенцираше дека мерката за субвенционирање на струјата на основните и средните училишта и за јавните комунални претпријатија ќе остане, а за компаниите предлогот на Министерството за економија е истата да се укине. Во однос на цената на електрична енергија, министерот Бектеши кажа дека се анализира можноста да се врати евтина тарифа на електрична енергија два часа преку ден. Враќањето на евтината тарифа на струја преку ден ја чини државата околу 15-16 милиони евра годишно, средства кои сега секако се пренаменети за други мерки за поддршка на граѓаните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/feed/ 0
Субвенционирана струја само за компаниите што ги намалиле цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subventsionirana-struja-samo-za-kompaniite-shto-gi-namalile-tsenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subventsionirana-struja-samo-za-kompaniite-shto-gi-namalile-tsenite/#respond Sat, 11 Feb 2023 08:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=799245

До крајот на месецов ќе се знае дали ќе продолжи снабдувањето со субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја, а досега не ги намалиле цените согласно договореното со Владата. За таа намена ќе се проверуваат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените, како што вчера најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе продолжат да ја користат оваа поволност. -На дневна база разговараме со стопанските комори и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен меѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече вчера Бектеши. Нагласи дека намалувањето на цените би требало да се движи од седум до 13 отсто. -Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба, одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да им излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши. Со одлука на Владата, а по барање на бизнис секторот, од 1 декември минатата година поголем дел од капацитетите во прехранбената индустрија во земјава се снабдуваат со електрична енергија со субвенционирана цена од 80 евра за мегават час преку ЕСМ Снабдување. Надлежните не очекуваат ниту зголемување на цената на струјата по 1 јули. -Во координација со Регулаторната комисија за енергетика, факултетите и други експерти, веќе се прават анализи на одредени опции, за да се смени начинот на пресметување на цената на електричната енергија, во согласност со капацитетите што ќе ги имаме во мај и во јуни. Убеден сум дека сите одлуки ќе бидат во насока на тоа да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средните компании да бидат што поконкурентни, што значи дека не очекуваме да има зголемување на цената на струјата од 1 јули, рече вчера Бектеши. Владата, како што кажа, е насочена кон мерки со кои ќе им се излезе во пресрет на граѓаните, а една од таквите мерки е да се продолжи со 10 проценти ДДВ за струјата и по 1 јули годинава кога согласно предвиденото требаше повторно да се врати на 18 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subventsionirana-struja-samo-za-kompaniite-shto-gi-namalile-tsenite/feed/ 0
Од 1 декември субвенционирана струја ќе добиваат и 233 основни и средни училита, 50 јавни претријатија и 235 субјекти од прехранбениот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-subvencionirana-struja-kje-dobivaat-i-233-osnovni-i-sredni-uchilita-50-javni-pretrijatija-i-235-subjekti-od-prehranbeniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-subvencionirana-struja-kje-dobivaat-i-233-osnovni-i-sredni-uchilita-50-javni-pretrijatija-i-235-subjekti-od-prehranbeniot-sektor/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=765758

Заклучно со вчера, кога истече рокот, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, за основните и средните училишта субвенционираната цена ќе биде по 95 евра за мегават час исто како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици. -За оние кои ја искористија таа можност и се пријавија АД ЕСМ преку ЕСМ продажба од 1 декември ќе почне со снабдување на трите категории на потрошувачи опфатени со одлуката на Владата за субвенционирана струја. Субјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи до вчера, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1 јануари идната година, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата. Тој нагласи дека Владата останува посветена на поддршката на граѓаните и компаниите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-subvencionirana-struja-kje-dobivaat-i-233-osnovni-i-sredni-uchilita-50-javni-pretrijatija-i-235-subjekti-od-prehranbeniot-sektor/feed/ 0