субвенционирани летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 12:30:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png субвенционирани летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бочварски очекува на почетокот на март да биде објавен нов повик за субвенционирани летови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-ochekuva-na-pochetokot-na-mart-da-bide-objaven-nov-povik-za-subventsionirani-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-ochekuva-na-pochetokot-na-mart-da-bide-objaven-nov-povik-za-subventsionirani-letovi/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=803664

Во моментов течат роковите за жалби по однос поништениот Повик за субвенционирање летови од двата аеродроми во земјата и очекувам на почетокот на наредниот месец да биде распишан нов повик, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Бочварски од Охрид појасни дека Комисијата што работи на подготвувањето на постапката ќе работи активно да им помогне на заинтересираните компании да достават целосна и комплетна документација со цел успешна постапка. - Генерално остануваат истите услови и се она што било нејасно или предизвикало можна одредена дилема кај понудувачите да биде разјаснето, за потоа да може да биде распишан повикот и да биде успешен, рече Бочварски. Согласно Уредбата, станува збор за средства од пет милиони евра, распределени во три години, за 2023, 2024 и 2025 година. - Можам само да повторам, и овој пат нема да се држиме за избор на една компанија, туку секако нашиот интерес е да влезат повеќе компании во авиосообраќајот, рече тој. По однос висината на субвенциите, министерот појасни дека се работи за износ усогласен со Европската комисија и согласно европските регулативи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-ochekuva-na-pochetokot-na-mart-da-bide-objaven-nov-povik-za-subventsionirani-letovi/feed/ 0
Продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhen-rokot-za-ponudi-na-povikot-za-subventsionirani-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhen-rokot-za-ponudi-na-povikot-za-subventsionirani-letovi/#respond Tue, 17 Jan 2023 13:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=788435

До 26 јануари напладне е продолжен рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии, којшто според првичната објава требаше да трае до задутре во 12 часот. Од Министерството за транспорт и врски за МИА изјавија дека рокот е продолжен поради измени во тендерската документација, каде во критериумите за учество нема да се бара позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. Остануваат критериумите за превезени 10 милиони патници и најмалку 25 милиони евра профит во 2019 година. Заинтересираните авиокомпании за учество на повикот треба да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на ЕУ, како и да достават изјава заверена на нотар за дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Повикот, објавен на 20 декември лани, за субвенционирање нови авиолинии од двата аеродрома во земјава, Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, се однесува на периодот од 2023 до крајот на 2025 година. -Овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании. Воедно, повикот е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија, соопшти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на прес-конференција за повикот. Според повикот, финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Се предвидува да се доделува финансиска поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Согласно јавниот повик за годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии. Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“ заврши на 1 март минатата година. Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66 584 935 денари, во 2020 година 21 098 924 денари, во 2021 година 10 475 649 денари, а во 2022 година немаше исплата по тој основ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhen-rokot-za-ponudi-na-povikot-za-subventsionirani-letovi/feed/ 0