суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп повторно казнет поради коментар пред судот во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=893198

Судијата Артур Енгорон, кој го води граѓанскиот спор против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го казни со 10.000 долари поради коментарот што го даде пред новинарите неколку часа пред судењето за „личност која е многу пристрасна, а седи до судијата“. Казната дојде откако Трамп беше повикан на клупата за сведоци за да го објасни својот коментар. Трамп и неговите адвокати изјавија дека коментарот се однесува на сведокот Мајкл Коен, а не на службеникот на судот. Претходно, Трамп беше казнет со 5.000 долари на 20 октомври, откако неговата омаловажувачка објава на социјалните мрежи „Вистината за клучниот судски персонал“ остана на неговата веб-страница на кампањата со недели откако судијата нареди да се отстрани. Судијата потоа избегна чинот на Трамп да го смета за непочитување на судот, но го задржа правото да го стори тоа и евентуално да го осуди на затвор доколку повторно ја прекрши ограничената наредба со која се забрануваат лични напади врз судскиот персонал од лица вклучени во случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/feed/ 0
Втор ден протест на судската администрација во Основниот суд во Велес https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-den-protest-na-sudskata-administratsija-vo-osnovniot-sud-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-den-protest-na-sudskata-administratsija-vo-osnovniot-sud-vo-veles/#respond Thu, 14 Sep 2023 13:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=878098

Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ втор ден од 9 до 11 часот пред велешкиот Основен суд протестираше судската администрација со барање за 78 отсто покачување на минималната плата, како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски. - Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така и ние бараме покачување на минималната плата, тоа да биде со покачувањето на животните трошоци, информира за МИА, Круме Тодоров претседател на Независниот синдикат на државна администрација НСДА, подружница Основен суд Велес. Тој информира дека платата  судската администрацијата е 20 до 22 илјади денари. Како и вчера влезот во Основниот суд беше слободен, но за разлика од вчерашниот ден судењата со закажаните рочишта се одржуваат, а за време на протестот наизменично се менуваа и работеа  по еден вработен во граѓанско и кривично одделение и на шалтерот во писарницата. -Платата на стручните соработници  не е минимална, но таа беше пред некоја година 80 отсто до палта на  судија, па 50 отсто за лани да земаат 30 отсто иако тие се дипломирани правници со положен правосуден испит, потенцира Тодоров. Здружението на судска администрација при Основен суд Велес и денеска, како и вчера го поддржа протестот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-den-protest-na-sudskata-administratsija-vo-osnovniot-sud-vo-veles/feed/ 0
Судот одлучи: Еве колкава казна доби српскиот пејач Дарко Лазиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/#respond Tue, 12 Sep 2023 12:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=877282

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ е осуден на парична казна од 190 илијади динари и 10 месеци забрана за управување со возило од Б категорија за два сообраќајни прекршоци што ги направил во месец август годинава. Според неофицијални информации од медиумите, полицијата и пејачот не поднеле жалба на оваа пресуда, па таа станала правосилна. Да потсетиме, Лазиќ на 23 август предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Белград, кога одзади налета на комбе со БМВ-то што го управуваше. Како што тогаш пишуваше Информер, во текот на истрагата на полицајците им покажал возачка дозвола издадена во Чешка бидејќи претходно му била одземена српската. Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/feed/ 0
БиХ: Седум Срби осудени на 91 година затвор поради киднапирање и ликвидација на 20 цивили во 1993 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/#respond Tue, 29 Aug 2023 19:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=872195

Суд во Сараево осуди седуммина Срби од Босна и Херцеговина на 91 година затвор за убиство на 20 цивили кои беа киднапирани од воз во близина на Вишеград во источниот дел на БиХ во 1993 година. На 27 февруари 1993 година, вооружените припадници на војската на Република Српска запреа воз што сообраќал на релација Белград – Бар и киднапираа 20 цивили, од кои 19 беа Бошњаци, а 20-та жртва беше Томо Бузов од Сплит, пензиониран офицер на ЈНА, кој се спротивстави на киднапирањето и исто така беше одведен. Цивилите беа одведени во локалната српска команда каде биле претепани и врзани со жица, а потоа застрелани во близина на Вишеград, а нивните тела биле фрлени во Дрина. Судот утврди дека во ликвидацијата учествувал и шефот на српската паравоена единица, Милан Лукиќ, кој претходно беше осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за други злосторства врз бошњачките цивили во Вишеград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-sedum-srbi-osudeni-na-91-godina-zatvor-poradi-kidnapirane-i-likvidatsija-na-20-tsivili-vo-1993-godina/feed/ 0
Основен суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-kavadartsi-unishti-dokumentiran-materijal-so-izminat-rok-na-chuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-kavadartsi-unishti-dokumentiran-materijal-so-izminat-rok-na-chuvane/#respond Thu, 03 Aug 2023 10:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=862941

Основен суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување, информираа денеска од кавадаречкиот суд. Се работи за документиран материјал, списи од предмети. - Врз основа на Решението за уништување на документираниот материјал УП1 бр. 17-111 од 24 јули оваа година на Државниот архив на РС Македонија и дадената согласност на Основен суд Кавадарци, денес во Еуро Никел во село Возарци беше извршено уништување на 100.000 документиран материјал – предмети, согласно Законот за архивски материјал. Во процесот на подготовката, транспортот и уништувањето беа вклучени сите вработени од Основен суд Кавадарци, појаснија од Судот со проширена надлежност. Оттаму нагласија дека со извршеното уништување на документираниот материјал, којшто беше со изминат рок на чување, постапено е во согласност со Законот за архивски материјал и е овозможен нов простор за архивирање на други предмети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-kavadartsi-unishti-dokumentiran-materijal-so-izminat-rok-na-chuvane/feed/ 0
Сите судии на израелскиот Врховен суд ќе ги разгледуваат претставките против спорниот закон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-sudii-na-izraelskiot-vrhoven-sud-ke-gi-razgleduvaat-pretstavkite-protiv-sporniot-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-sudii-na-izraelskiot-vrhoven-sud-ke-gi-razgleduvaat-pretstavkite-protiv-sporniot-zakon/#respond Mon, 31 Jul 2023 19:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=862145

Врховниот суд на Израел денеска соопшти дека сите членови на судскиот совет во септември ќе ги разгледуваат претставките против контроверзниот закон на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху усвоен минатата недела, кој предизвика масовни протести. Законот е еден од низата промени во судскиот систем на Израел што Владата на Нетанјаху планира да ги спроведе за да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд. Планот за реформи во правосудството предизвика повеќемесечни протести и критики од американската Бела куќа. Противниците на реформата предупредуваат дека доколку се усвојат низа планирани закони, власта ќе биде концентрирана во рацете на владејачката коалиција и ќе го поткопа системот на контроли и рамнотежа. Додека според поддржувачите неопходно е да се ограничи моќта на неизбраните судии. Нетанјаху и неговите сојузници минатата недела донесоа закон со кој се отстранува можноста Врховниот суд да ги поништи владините одлуки доколку ги смета за неразумни. Врховниот суд ја искористи таа можност на почетокот на оваа година за да го спречи назначувањето на сојузникот на Нетанјаху за министер за внатрешни работи, откако тој призна вина за затајување данок. Судот соопшти дека рочиштето за тој закон ќе се одржи на 12 септември во присуство на сите 15 судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-sudii-na-izraelskiot-vrhoven-sud-ke-gi-razgleduvaat-pretstavkite-protiv-sporniot-zakon/feed/ 0
Кумановското обвинителство, полицијата и вешти лица ќе ја истражуваат причината за пожарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskoto-obvinitelstvo-politsijata-i-veshti-litsa-ke-ja-istrazhuvaat-prichinata-za-pozharot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskoto-obvinitelstvo-politsijata-i-veshti-litsa-ke-ja-istrazhuvaat-prichinata-za-pozharot/#respond Tue, 11 Jul 2023 13:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=855401

Кумановското обвинителство заедно со вешти лица, кримтехника ќе ги истражува причините за настанување на пожарот во Основниот суд Куманово, информираше денеска шефицата на обвинителството, обвинителката Теута Бедиу Рамадани. Таа додава дека штом се создадат услови, ќе се истражат причините за настанување на пожарот. - Сè уште чади и нема услови да се изврши увид. Првично се сомневаме на електрична инсталација, но увидот ќе покаже кои се причините. Ова е постара зграда. На терен сме веднаш по добиената информација и јас и дежурниот обвинител, заедно со претставници од судот од почетокот на избувнување на пожарот. Пожарникарите уште работат. Со екипа на СВР ќе направиме и увид, ќе повикаме и вешти лица, ако е потребно ќе повикаме и други обвинители, вели Бедиу Рамадани. Кумановското обвинителство е во истата зграда со судот. Пред неколку години со средства од ИПА беа реконструирани просториите. Од обвинителството велат дека лифтот кој е изграден и наменет за лица со попреченост не е зафатен, меѓутоа од едната страна има дим. Од кумановската полиција информираат дека од почетокот се на терен. - Денеска во 01.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во зграда на Основен суд Куманово. Известена е противпожарна екипа која работи на гаснење на пожарот засега нема пријава за повредени лица. Увид ќе биде извршен кога ќе биде изгаснат пожарот, изјави Ивана Младеновска портпарол на СВР Куманово. Пожарот во подрумските простории на судот изби утрово во 01:35 часот. На терен се уште се противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskoto-obvinitelstvo-politsijata-i-veshti-litsa-ke-ja-istrazhuvaat-prichinata-za-pozharot/feed/ 0
Се уште чади во подрумските простории на Основниот суд Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-chadi-vo-podrumskite-prostorii-na-osnovniot-sud-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-chadi-vo-podrumskite-prostorii-na-osnovniot-sud-kumanovo/#respond Tue, 11 Jul 2023 11:02:44 +0000 https://kurir.mk/?p=855339

Пожарот во подрумските простории на Основниот суд Куманово е локализиран, но сè уште чади од просториите. На терен се сменија повеќе пожарникарски екипи. Од ТППЕ Куманово се надеваат дека за скоро време пожарот целосно ќе биде изгаснат. Во изјавата за МИА, командирот на смена Борис Станковски кажа дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, како и направената материјална штета. Од 01:40 часот откако е пријавен пожарот се сменија три екипи со единаесет пожарникари и четири возила. - Како ТППЕ Куманово имаме вработено 50 луѓе. Моментално за ова ниво на пожар, немаме потреба од помош од соседните општини, изјави Станковски. Пожарот бил пријавен во 01:35 часот. За пет минути пристигнала првата противпожарна единица. Просторијата што е зафатена е полна со архива. - Над архивите има инсталација од цевки наменета за парно и вода, но тие се обложени со заштитна гума и таа дополнително прави проблем, бидејќи е зафатена од пожарот. Проблем е и непристапниот терен од лева и десна страна. Се е со книги и имаме проблем за да влеземе повеќе луѓе, појаснува Станковски. Претседателката на судот, Снежана Манев изјави дека има архива којашто е од почетокот на функционирањето на судот од 50-тите години од минатиот век. Според нејзините првични информации се работи за една до две простории. Таа вели дека веројатно има штета, но не можат да потврдат колкава е. Одговарајќи на новинарски прашања дека јавноста се сомнева за причините за пожарот кога се работи за вакви институции, таа рече дека во моментот не може да прецизира, но се сомнева на проблеми со инсталацијата за електрична енергија. - Штом се обезбедат услови, експертите ќе кажат што е причината. Кога ќе завршат, ќе кажеме. Оружјата навреме се предадени, може има некои куршуми, но тие се малку и се на другата страна. Нема опасност од запаливи работи во моментот, вели Манев. Додава дека последниве години делумно се средени архивските предмети, кои сепак се во огромен број. Судот беше реконструиран во 2000 и во 2018 година, а Обвинителството беше реконструирано пред неколку години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-chadi-vo-podrumskite-prostorii-na-osnovniot-sud-kumanovo/feed/ 0
Пожар во судот во Куманово, изгоре дел од архивата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/#respond Tue, 11 Jul 2023 07:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=855285

Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата. На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). – Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/feed/ 0
Суд во Бразил му забрани на поранешниот претседател Болсонаро да се кандидира за функција до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/#respond Fri, 30 Jun 2023 18:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=851361

Судски совет денеска изгласа дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема право да се кандидира за функција до 2030 година, бидејќи судиите заклучија дека тој ја злоупотребил својата моќ и неосновано го доведе во прашање електронскиот систем на гласање. Одлуката со која на 68-годишниот Болсонаро ќе му биде забрането да се кандидира до 2030 година, значи дека му е лишена шансата за каква било политичка иднина и можноста да се врати на власт. Четворица од седумте судии на највисокиот изборен суд во земјата се согласија дека Болсонаро ги злоупотребил своите овластувања користејќи владини комуникациски канали за да ја промовира сопствената кампања и да фрли сомнеж врз гласањето. Случајот се фокусира на состанокот на 18 јули 2022 година, кога Болсонаро ги искористи владините службеници, државната телевизија и претседателската палата во Бразилија за да им каже на странските амбасадори дека електронскиот систем за гласање во земјата е наместен. Експертот за изборно право Марлон Реис рече дека Болсонаро ја злоупотребил моќта на својата позиција со свикување на состанокот, бидејќи ги користел владините службеници и владините згради за да победи на изборите и ги идентификувал интересите на земјата со оние на неговата кампања. Болсонаро ќе може да поднесе жалба до Врховниот суд. Тој, исто така, се соочува со други правни проблеми, вклучително и кривична истрага. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/feed/ 0