судан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=882282

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум. Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265. „Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265“, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство. Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата. Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“. „Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна“, наведува Синдикатот. Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка. Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/feed/ 0
Судан: Од почетокот на конфликтот околу 500 деца починале од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-od-pochetokot-na-konfliktot-okolu-500-detsa-pochinale-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-od-pochetokot-na-konfliktot-okolu-500-detsa-pochinale-od-glad/#respond Tue, 22 Aug 2023 11:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=869549

Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година, околу 500 деца починале од глад, вклучително и дваесет бебиња во сиропиталиштето во главниот град Картум, со кое раководи Владата, објави организацијата Спасете ги децата (Save the Children). Организацијата во соопштението наведува дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман против неухранетост и други поврзани болести, бидејќи добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за храна во Судан. Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција, што на 15 април ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-od-pochetokot-na-konfliktot-okolu-500-detsa-pochinale-od-glad/feed/ 0
Нови борби во Картум, Судан и во јужен Дарфур https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/#respond Mon, 14 Aug 2023 19:21:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866731

Борбите меѓу армијата и паравоените формации што траат речиси четири месеци во Судан продолжија денеска во различни делови на Картум и во регионот Дарфур, соопштија жителите на оваа сиромашна земја во источна Африка. „Интензивни воздушни напади и силни експлозии“ одекнуваат низ главниот град на Судан, велат тие. Во јужен Дарфур, жителите денеска повторно се разбудија „од звукот на артилериски оган и продолжија да бегаат од градот Нијала, кој беше нападнат од паравоени сили, изјавија очевидци за Франс прес, пренесува Бета. „Околу 20.000 луѓе избегаа од насилството“ што ја зафати Нјала веќе неколку дена, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA), додавајќи дека испораката на помош била „спречена“. Како што изјави еден лекар за АФП, „и покрај тешкотијата да се пристапи до болницата во Нијала поради бомбардирањето“, вчера биле примени 66 ранети, од кои шестмина починале.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/feed/ 0
Кока-кола повеќе нема да го има истиот вкус, која е причината нема да ви се верува ни вас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koka-kola-poveke-nema-da-go-ima-istiot-vkus-koja-e-prichinata-nema-da-vi-se-veruva-ni-vas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koka-kola-poveke-nema-da-go-ima-istiot-vkus-koja-e-prichinata-nema-da-vi-se-veruva-ni-vas/#respond Mon, 31 Jul 2023 09:42:07 +0000 https://kurir.mk/?p=861938

Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан, пишува Дојче Веле. Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: акација Сенегал (Senegalia Senegal), овој вид е доминантен во Судан, и помалку вообичаениот сејал акација (Vachellia seyal). Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за затворање на отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, арапска гума. Во контакт со сончева светлина и воздух, станува тврда. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано за време на сезоната на жетва. Кому му треба гумиарабика? Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, таа била незаменлива за балсамирање на телото на покојникот. Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна ѝ е како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалаци. Во производството на безалкохолни пијалаци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација. Колку навистина е важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго против Судан. Сепак, тоа не се однесуваше на гумиарабика – за да може компанијата „Кока-кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина. Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги направи своите пијалаци без таа клучна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција. Германија е важен купувач Судан е водечки светски производител на арапска гума – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од оваа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од нејзиниот извоз. Но, тековните борби предизвикаа застој во извозот. Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (The Observatory of Economic Complexity OEC), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најмногу е извезено во Франција, САД и во Германија. Борбите се голема опасност Суданскиот новинар Хусеин Али за Дојче Веле вели дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека, ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“. Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на арапска гума за џвакање. Но, откако почна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koka-kola-poveke-nema-da-go-ima-istiot-vkus-koja-e-prichinata-nema-da-vi-se-veruva-ni-vas/feed/ 0
Судански групи за човекови права: РСФ затворија повеќе од 5.000 луѓе во нехумани услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/#respond Fri, 14 Jul 2023 19:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=856832

Суданските групи за човекови права имаат докази дека Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) привеле повеќе од 5.000 луѓе во главниот град и ги држат во нехумани услови, изјавија денеска групите за британските медиуми. РСФ се бори против суданската Армија веќе три месеци и воспостави доминација над Картум. Жителите ги обвинија овие сили за ограбување и окупирање на домови. Силите за брза поддршка кажаа дека извештаите се неточни и дека држеле само воени заробеници кон кои рекле дека се однесуваат добро. -Меѓу приведените на неколку локации во Картум има борци, но и 3.500 цивили, меѓу кои жени и странски државјани, соопштија организациите, кои побараа нивните имиња да останат анонимни поради страв од одмазда. Организациите соопштија дека ќе им претстават на Обединетите нации документација за смртни случаи од тортура, како и случаи на „понижување, нехумани услови на притвор лишени од човечко достоинство и основни животни потреби“. Канцеларијата за човекови права на ОН вчера соопшти дека најмалку 87 луѓе биле закопани во масовна гробница во градот Ел Генеина во регионот Дарфур, обвинувајќи ги РСФ и милициите поврзани со нив за убиствата, што паравоените сили го негираа. Подоцна, Меѓународниот кривичен суд рече дека ќе ги истражи убиствата во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanski-grupi-za-chovekovi-prava-rsf-zatvorija-poveke-od-5-000-luge-vo-nehumani-uslovi/feed/ 0
Најмалку 22 загинати во воздушен напад во Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-zaginati-vo-vozdushen-napad-vo-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-zaginati-vo-vozdushen-napad-vo-sudan/#respond Sat, 08 Jul 2023 17:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=854423

Најмалку 22 лица загинаа денеска во воздушен напад врз еден судански град, соопшти Министерството за здравство. Нападот е извршен во станбената област Омдурман, недалеку од главниот град Картум. „Повредени се неутврден број лица“, информираат од Министерството. За време на судирите меѓу армијата и моќната паравоена група позната како Сили за брза поддршка (РСФ) минатиот месец, во воздушен напад во Картум загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои пет деца.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-zaginati-vo-vozdushen-napad-vo-sudan/feed/ 0
Паравоените сили во Судан објавија еднострано примирје по повод Курбан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=850206

Лидерот на паравоените сили за брза поддршка во Судан Мохамед Хамдан Дагало рано утринава објави едностран прекин на огнот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој почнува утре, јави ДПА. Сепак, суданската армија се уште не соопшти дали ќе објави и прекин на огнот. Кон крајот на минатата недела ескалираше конфликтот меѓу Силите за брза поддршка и суданската армија, кој започна во средината на април. Од почетокот на конфликтот има бројни пријави за сексуално насилство, грабежи и разни видови напади. Досега, конфликтот меѓу завојуваните фракции во Судан принуди речиси 600 илјади луѓе да побегнат во соседните земји Египет, Чад, Јужен Судан и Централноафриканската Република. Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации денеска предупреди дека бројот на луѓе кои бегаат од конфликтот може да надмине еден милион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paravoenite-sili-vo-sudan-objavija-ednostrano-primirje-po-povod-kurban-bajram/feed/ 0
Во Судан судири по истекот на тридневното примирје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-sudiri-po-istekot-na-tridnevnoto-primirje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-sudiri-po-istekot-na-tridnevnoto-primirje/#respond Wed, 21 Jun 2023 11:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=848190

По истекот на 72-часовниот прекин на огнот избија судири во неколку делови на главниот град на Судан, Картум, како и во Бахри и Омдурман. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) се борат меѓусебно повеќе од два месеци, предизвикувајќи уништување на главниот град, со широко распространето насилство во западниот регион Дарфур и принудувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Прекинот на огнот е последниот од неколкуте договори за прекин на огнот постигнати со посредство на Саудиска Арабија и САД на разговорите во Џеда. Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на Саудиска Арабија и САД. На 19 јуни вечерта двете фракции меѓусебно се обвинија за големиот пожар во седиштето на разузнавачката служба, која се наоѓа во воен комплекс во центарот на Картум, за кој тие се борат откако избија судирите на 15 април. Конфликтот во Судан избувна во време на спор околу плановите за транзиција од воена власт поддржани од меѓународно ниво по воениот удар во 2021 година и четири години откако беше соборен автократот Омар ал Башир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-sudiri-po-istekot-na-tridnevnoto-primirje/feed/ 0
Нови борби во Судан по завршувањето на примирјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=844567

Во Картум, веднаш по завршувањето на 24-часовното примирје, утринава продолжија борбите. Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци. Судирите продолжија десет минути по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот за кој преговараа саудиските посредници, кој започна во 6 часот наутро во саботата. Гранатирање со тешка артилерија се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град, а забележано е и пукање од различни видови оружје на улицата „Ал Хаја“ во јужниот дел на Картум. Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде одмор на жителите на Картум за време на кој тие можеа да се снабдат со намирници или да избегаат од главниот град. Речиси два месеца, Картум е зафатен од вооружен конфликт што доведе до тешка хуманитарна криза. Конфликтот избувна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло. Претходно договорените примирја генерално беа прекршени веднаш по нивното стапување во сила. Повеќе од 1.800 луѓе загинаа во војната, според организацијата ACLED, специјализирана за собирање информации во конфликтните зони, додека според ОН, има два милиона раселени лица и бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/feed/ 0
Завојуваните страни во Судан постигнаа договор за 24-часовен прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavojuvanite-strani-vo-sudan-postignaa-dogovor-za-24-chasoven-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavojuvanite-strani-vo-sudan-postignaa-dogovor-za-24-chasoven-prekin-na-ognot/#respond Fri, 09 Jun 2023 13:43:21 +0000 https://kurir.mk/?p=844087

Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 24-часовен прекин на огнот што ќе почне утре во 06:00 часот по локално време, објавија Саудиска Арабија и САД, кои се посредници во преговорите. Според соопштението, армијата и РСФ се договориле да се воздржат, меѓу другото, од забранети движења, напади, употреба на авиони или беспилотни летала, бомбардирања и артилериски напади. Доколку страните не го почитуваат примирјето, посредниците ќе бидат принудени да размислуваат за прекин на преговорите во саудискиот град Џеда, се посочува во заедничката изјава на Саудиска Арабија и САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavojuvanite-strani-vo-sudan-postignaa-dogovor-za-24-chasoven-prekin-na-ognot/feed/ 0