судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 12:23:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судскиот совет повторно ги делегираше шестмината судии, чии решенија беа укинати од Врховен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-povtorno-gi-delegirashe-shestminata-sudii-chii-reshenija-bea-ukinati-od-vrhoven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-povtorno-gi-delegirashe-shestminata-sudii-chii-reshenija-bea-ukinati-od-vrhoven/#respond Mon, 09 Oct 2023 12:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=886978

Судскиот совет денеска повторно донесе одлуки за времено упатување на шест судии за вршење на судиска функција во друг суд. Станува збор за судиите кои поднесоа приговор во врска со решенијата за делегирање на Судскиот Совет кои Врховен суд ги укина бидејќи не содржеле доволно образложени и прифатливи причини за едно такво одлучување. Од Судски совет велат дека овој пат причините за делегирањето на судиите ќе бидат образложени согласно законските одредби во кои ќе бидат утврдени сите релевантни факти и околности за одлучување при упатување на судија да суди во друг суд. Судскиот совет денеска повторно одлучи судијката Билјана Ивановска од Основен суд Струмица да биде делегирана во Основен суд Берово, судијата Кирил Стојановски од Основен кривичен суд Скопје да биде делегиран во Основен суд Прилеп, Фросина Стојановска да биде делегирана од Основен кривичен суд во Основен суд Прилеп, а од Основниот кривичен суд судијата Ахмед Идризи да биде делегиран во Основен суд Кичево, Андреа Апостолска Малиноска од Основен граѓански суд да биде делегирана во Основен суд Кичево и Пајтин Машкули од Основен граѓански суд Скопје во Основен суд Струга. Претходно, исто така, беа делегирани судиите Маја Катериниќ од граѓански суд Скопје во ОС Куманово, Костадин Георгиев од ОС Струмица во ОС Делчево, Иван Колевски од ОС Битола во ОС Прилеп и Јордан Јованов од Граѓански суд Скопје во ОС Струга. На денешната седница беа разрешени и повеќе судии поротници од Основен кривичен суд Скопје, поради истек на мандат, како и поради сопствени барања, а беа разгледувани и извештаите за редовното оценување на судии и претседатели на судови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-povtorno-gi-delegirashe-shestminata-sudii-chii-reshenija-bea-ukinati-od-vrhoven/feed/ 0
Во Порто се бесни на судењето: Не игравме само против Барселона! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-porto-se-besni-na-sudeneto-ne-igravme-samo-protiv-barselona-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-porto-se-besni-na-sudeneto-ne-igravme-samo-protiv-barselona-video/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=885506

Премиерлигата е убедливо најбогатата лига во Европа, но од таму излегуваат судии кои постојано се во центарот на вниманието поради контроверзни ситуцаии иако котираат високо на листата на УЕФА и ФИФА. Вчера Порто распали по Ентони Тејлор на кого не му е првпат да носи одлуки во европскиот фудбал кои предизвикуваат гнев кај оштетените екипи. Порто синоќа во неколку наврати побара пенал против Барселона, а кога Тејлор покажа на белата точка, со помош на ВАР тој ја промени одлуката. Тоа се случи во 77. минута кога Кансело очигледно намерно играше со рака. Но, Тејлор на видео снимката виде претходно играње со рака од фудбалер на Порто, дилемата во таа ситуација е дали тоа беше рамо или рака. По натпреварот, тренерот Серхио Консеисао запрашан за судењето рече: „Не игравме само против клуб. Тоа е се што можам да кажам“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-porto-se-besni-na-sudeneto-ne-igravme-samo-protiv-barselona-video/feed/ 0
Позната е казната на судиите кои го оштетија Ливерпул https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-e-kaznata-na-sudiite-koi-go-oshtetija-liverpul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-e-kaznata-na-sudiite-koi-go-oshtetija-liverpul/#respond Thu, 05 Oct 2023 04:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=885301

Големи контроверзи предизвика премиерлигашкиот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул, на кој “црвените“ загубија со 2-1, но откако им беше поништен регуларен погодок на 0-0 во 34-тата минута. Луис Диас биеше прецизно, но главниот судија со соработка со ВАР го поништија голот поради наводен офсајд, но на крајот се покажа дека фудбалерот на Ливерпул бил во дозволена позиција. Најголема вина му се препишува на ВАР судијата Дарен Ингланд, кој заработи казна со забрана да му суди на Ливерпул до крајот на сезоната. Ова е најмалку што можеше да направи судиската организација, но навивачите на “црвените“ се разочарани бидејќи очекуваа отказ за судијата. Во Ливерпул се уште се разгледува идејата за поднесување на официјална жалба и евентуално преигрување на натпреварот, бидејќи тоа го дозволуваат правилата во Англија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznata-e-kaznata-na-sudiite-koi-go-oshtetija-liverpul/feed/ 0
Судскиот совет констатираше пензија на две судијки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=882629

Судскиот совет на денешната седница донесе одлуки за престанување на судиска функција на судијките Виолета Миладинова од Основен суд Кочани и Софија Манева од Апелационен суд Штип поради исполнување на услови за старосна пензија. Во продолжението на денешната 456. седница ќе се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/feed/ 0
Австрискиот амбасадор со критики до судии и обвинители за пристрасност во случај со братучетка на Зоран Заев, за долг од 4,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/#respond Tue, 27 Jun 2023 18:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=850241

Австрискиот амбасадор Георг Воутсас, преку допис до телевизија Телма упати низа жестоки критики до македонското правосудство и обвинителство, поради неможноста австриска компанија да си го наплати долгот од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража. Станува збор за реномираната компанија АММА Хоенемс која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од ДЕНА продукт увоз извоз Велес. И покрај тоа што арбитражата е призната во Македонија, на македонските судови им беа потребни неколку месеци за да ја потврдат, период кој Дена продукт го искористила да префрли голем дел од својот имот на друга компанија, Глобал трејд ДММ ДООЕЛ. Во дописот, автсрискиот амбасадор наведува дека Глобал трејд е фирма во сопственост на Емилија Заева Костова. Таа е сопруга на сопственикот на ДЕНА продукт, но е и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, наведува амбасадорот Георг Вутсас. Според дописот од австриската амбасада, сопружниците сопственици на ДЕНА продукт и Глобал Трејд успеале да избегнат две присилни извршувања врз нивниот имот со манипулирање на податоците во Катастарот. Како капак на се, закажале јавна аукција на две оранжерии на 10-ти јули во Кавадарци, која доколку биде спроведена, АММА нема да може да ги наплати своите побарувања. Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот смета дека потфрлиле и судиите и обвинителите каде австриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот. Не се почитуваат ниту судските одлуки за замрзнување на имотот. Дали ДЕНА и Глобал го заробиле судството и правните службеници? Како последица, Амбасадорот Георг Вутсас во писмо испратено неодамна побара од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители итна смена на сите некомпетентни и пристрасни судии и обвинители во овие случаи. Секаков притисок или влијание се спротивни на независноста на судството и мора да бидат пријавени за понатамошно постапување, се вели во јавниот допис на амбасадорот Георг воутсас. Австриската АММА Хоенемс која работи на големо со дистрибуција на земјоделски производи склучила договор со ДЕНА на зетот на Зоран Заев за повеќе милиони евра. Валандовската фирма требало на големо да набавува корнишони од прва класа за Австријците. Фокус веќе објави дека екслузивниот договор ДЕНА го прекршувала со тоа што производот го продавале на германски конкурент на пазарот. Иако вложиле во технологија и семиња на ДЕНА, кога ја откриле измамата покренале спор пред меѓународен суд во Виена и добиле отштета од 4,5 милиони евра. Тогаш почнале македонските судски игри. Но, австрискиот амбасадор Вутсас не се откажува и најави дека ќе се појави на лицитацијата на 10-ти јули во Кавадарци и го повикува и државниот обвинител Јовевски и граѓаните да дојдат таму и заеднички да се борат против корупцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/feed/ 0
Додик грубо го нападна Уставниот суд на БиХ и упати шовинистички навреди кон судиите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-grubo-go-napadna-ustavniot-sud-na-bih-i-upati-shovinistichki-navredi-kon-sudiite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-grubo-go-napadna-ustavniot-sud-na-bih-i-upati-shovinistichki-navredi-kon-sudiite/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=850204

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик денеска грубо го нападна Уставниот суд на Босна и Херцеговина, прибегнувајќи кон шовинистички навреди против судиите поради нивната националност, јави Хина. Додик дојде на седницата на Парламентот на Република Српска во Бања Лука за да ги убеди претставниците да усвојат закони според кои одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина нема да се спроведуваат во тој ентитет, како и дека властите на РС ќе ги заштитат од гонење оние кои одбиваат да ги спроведат овие одлуки и на кои поради тоа им се заканува казна затвор до пет години. Во долгиот говор пред претставниците, тој тврдеше дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина носи неуставни одлуки кои се на штета на РС и дека тие не треба да се почитуваат додека не се донесе нов закон за тој суд и од него да се избркаат странските судии. Во согласност со одредбите на Дејтонскиот договор, Уставниот суд на Босна и Херцеговина има девет судии, од кои четворица се именувани од Парламентот на Федерацијата и двајца од Националното собрание на РС. Тројца странски судии се именувани од претседателот на Европскиот суд за човекови права, а во моментов на овие позиции се државјани на Швајцарија, Германија и Албанија. Странските судии требаше да бидат ограничен период во Уставниот суд, но услов за нивно заминување беше ново законско решение, за кое досега немаше политички договор во БиХ. Додик тврди дека странските судии се тие кои промовираат централистичка политика во интерес на Бошњаците, а особено нападнал судија Албанец. - Еден Албанец, Шип*ар, не може да ни каже што можеме, а што не можеме, рече Додик од собраниската говорница, користејќи го терминот Шип*ар, кој намерно го користи како погрден израз, исто како што упорно ги нарекува Бошњаците муслимани, одбивајќи да го користи името што им е загарантирано со Уставот. Додик рече и дека по забраната за објавување во РС на одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит и забраната за објавување и спроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ќе следат нови мерки, пред се забраната за активностите на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА). Тој се закани и дека секој суд во РС што ќе се обиде да ги спроведе одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина веднаш ќе биде распуштен, а неговите вработени ќе останат без работа. Сето тоа го смета за историски одлуки, но опозицијата веднаш му одговори дека нема ништо историско во тоа. Претставникот на Српската демократска партија (СДС), Вукота Говедарица, му рече на Додик дека тој веќе дваесет пати дал слични најави за историски одлуки, но всушност ништо не се случило. „За овој закон, за кој разговараме денеска, на крајот ќе расправа и Уставниот суд на БиХ. Доколку се прогласи за неуставен, џабе веземе, господа“, порача Говедарица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-grubo-go-napadna-ustavniot-sud-na-bih-i-upati-shovinistichki-navredi-kon-sudiite/feed/ 0
Георгиев: Ги охрабрувам и повикувам судиите слободно да пријават влијанија и притисоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/#respond Thu, 15 Jun 2023 11:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=846109

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои што биле анкетирани, при што констатирале или пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од претседатели на судови и од членови на Судскиот совет, слободно нека пријават, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Во однос на анкетата на ОБСЕ и ДКСК за Проценката на ризиците од корупција во правосудството, Георгиев посочи дека тоа била анонимна анкета за периодот на 2022 година. - Само ќе потенцирам, како порака до колегите судии. Ги охрабрувам дека таквата состојба, е алармантна се согласувам и доколку ја чувствуваат таквата состојба, слободно, тоа се судии кои што знаат како, дали до Советот, или ако немаат целосна доверба во Советот, има институции, Обвинителство, слободно нека пријават, а ние сме тука да се носиме со таквите проблеми, порача Георгиев. Георгиев посочи дека во овој случај се доведува во прашање самиот интегритет на судиите, во состојба кога тие пријавуваат во анонимни анкети некакви вакви аномалии, а од друга страна да не ги истакнат таквите аномалии. - Апсолутно ги охрабрувам и поттикнувам, слободно нека пријават. Конкретно со име и со презиме. Значи треба да го кажат тоа, а не вака анонимно. Треба точно да се знае кој со име и презиме, изјави Георгиев. Зборуваме за период, подвлече Георгиев, кога и тој бил само член на Судскиот совет. Прашан за Комисијата која постапува по работењето на предметот „Таргет-Тврдина“, Георгиев рече дека откако тој е претседател на Советот, гарантира дека сите комисии се формирани и се постапува редоследно, но дека не може да гарантира за некои претходно како работел. - Во секој случај, одговор на прашањето е дека се формирани комисии и дека по комисиите се постапува. Можеби треба да го прашате претседателот на комисијата, колегата Ханиф Зендели до каде е. Во истата Комисија, тоа можам да го кажам, има сега состојба, каде откако е формирана Комисијата нејзин член бара изземање и тоа е за 29 јуни сега, што треба да дискутираме, изјави Георгиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/feed/ 0
Судиите ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/#respond Thu, 08 Jun 2023 07:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=843497

Судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет, а се очекува на седницата да се избере и заменик на Селим Адеми. Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Тие поднесоа оставки пред два дена, во време кога невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните расправии и начинот на кој ги носат одлуките. Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница, откако поранешната претседателка Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика да се гласа за нејзино разрешување. Го поддржаа седум члена и тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата. По скандалот реакција стигна и од амбасадата на САД. Од таму за „Макфакс“ посочија дека членовите на Советот имаат задача да изградат независен судски сектор. По оставките на двајцата судии, Коалицијата „Сите за правично судење“ ги повика и другите членови да си поднесат оставки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/feed/ 0
Законот за академија за судии и јавни обвинители на Комисијата за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/#respond Thu, 25 May 2023 05:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=838366

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи 54. седница на која на дневен ред е останат само Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Останатите точки на дневен ред за кои заврши амандманската расправа беа петте закони поврзани со коридорите 8 и 10д, кои се веќе на пленарна седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/feed/ 0
Четворица судии заминуваат во пензија, одлучи Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-sudii-zaminuvaat-vo-penzija-odluchi-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-sudii-zaminuvaat-vo-penzija-odluchi-sudskiot-sovet/#respond Mon, 22 May 2023 10:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=837382

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 442 седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии. Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово. На денешната седница, исто така, беше донесена одлука за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ. Усвоен беше и извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп и беше донесена одлука да се објави оглас за избор на претседатели на основните судови Крушево и Берово, за кој избор беше формирана и комисија. Судскиот совет донесе и одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани и Основен суд Кратово, со што поради наполнети 60 годишна возраст, судскиот совет ги разреши поротниците Томе Зашев од Основен суд Кочани и Кристина Петрушева од Основен суд Кратово. Судии поротници беа избрани во Основен суд Кочани и тоa, Сашко Стоименов, Иван Минов, Владимир Георгиев, Васка Ефтимова и Марија Ангелова. Во однос ја утврдувањето на ориентацискиот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2023 година, Судскиот совет одлучи да го повлече дадениот предлог на Комисијата на доработка. Покрај ова, на денешната седница беа усвоени записници од 435 седница на Судскиот совет на РСМ од 22.03.2023 година и 437 седница на Судскиот совет на РСМ од 18.04.2023 година, додека записникот од 439-та седница на Судскиот совет на РСМ од 27.04.2023 година и 04.05.2023 година беше повлечен За точката поврзана со формирање на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд јавноста беше исклучена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-sudii-zaminuvaat-vo-penzija-odluchi-sudskiot-sovet/feed/ 0