судири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 15:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку двајца загинати во судир меѓу полицијата и опозициски демонстранти во Бангладеш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/#respond Tue, 31 Oct 2023 15:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=895002

Најмалку две лица загинаа, а десетици други се повредени во денешниот судир меѓу полицијата и опозициските демонстранти во Бангладеш. Од саботата во ваквите судири загинаа вкупно шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Главната опозициска Националистичка партија на Бангладеш со своите поддржувачи ја почна најавената тридневна блокада на сообраќајот низ целата земја, барајќи ја оставката на премиерката Хасина Вазед и преземање на власта од непартиска привремена влада. Премиерката ја одби можноста за дијалог и на опозицијата и се закани со репресија. Полицијата и приврзаниците на опозицијата се судираат од саботата кога се одржа првиот голем митинг. Во неделата, опозициската партија предводена од поранешниот премиер Калед Зија почна целодневен генерален штрајк низ Бангладеш. Откако беше уапсен опозициски политичар, партијата најави тридневна блокада со која сака да го запре цел Бангладеш и да ја собори владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/feed/ 0
Нови борби во Судан по завршувањето на примирјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=844567

Во Картум, веднаш по завршувањето на 24-часовното примирје, утринава продолжија борбите. Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци. Судирите продолжија десет минути по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот за кој преговараа саудиските посредници, кој започна во 6 часот наутро во саботата. Гранатирање со тешка артилерија се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град, а забележано е и пукање од различни видови оружје на улицата „Ал Хаја“ во јужниот дел на Картум. Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде одмор на жителите на Картум за време на кој тие можеа да се снабдат со намирници или да избегаат од главниот град. Речиси два месеца, Картум е зафатен од вооружен конфликт што доведе до тешка хуманитарна криза. Конфликтот избувна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло. Претходно договорените примирја генерално беа прекршени веднаш по нивното стапување во сила. Повеќе од 1.800 луѓе загинаа во војната, според организацијата ACLED, специјализирана за собирање информации во конфликтните зони, додека според ОН, има два милиона раселени лица и бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-sudan-po-zavrshuvaneto-na-primirjeto/feed/ 0
Сирија: Најмалку 13 загинати во судири меѓу поддржувачите и противниците на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-najmalku-13-zaginati-vo-sudiri-megju-poddrzuvachite-i-protivnicite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-najmalku-13-zaginati-vo-sudiri-megju-poddrzuvachite-i-protivnicite-na-vladata/#respond Wed, 27 Jul 2022 12:25:35 +0000 https://kurir.mk/?p=710844

Најмалку 13 лица загинаа во борбите меѓу поддржувачите и противниците на владата во југозападниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискикот центар за мониторинг на човековите права, пренесе ДПА. Локалните жители за ДПА изјавија дека доцна синоќа дошло до размена на оган и артилериско гранатирање во југозападната провинција Свеида. Според локалните медиуми, тамошните бунтовници почнале борби против лидерот на провладината единица поддржана од сириското воено разузнавање. Според информациите, во борбите на двете страни има жртви и повредени. Конфликтот во Сирија почна во пролетта 2011 година со протести против владата на претседателот Башар ал Асад, на што власта реагираше со насилство. Поддржувачите на шефот на државата сега повторно контролираат околу две третини од земјата. Меѓутоа, се уште не е на повидок политичко решение на конфликтот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-najmalku-13-zaginati-vo-sudiri-megju-poddrzuvachite-i-protivnicite-na-vladata/feed/ 0
Казахстан: 13 припадници на безбедносните сили загинаа во протестите, над 350 повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-13-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-zaginaa-vo-protestite-nad-350-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-13-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-zaginaa-vo-protestite-nad-350-povredeni/#respond Thu, 06 Jan 2022 11:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=616446

Тринаесет припадници на безбедносните сили загинаа за време на насилните масовни протести поради цените на горивата во Казахстан, јави ДПА повикувајќи се на државните медиуми. Според казахстанските медиуми, смртните случаи се регистрирани во Алмати, најголемиот град во државата и место на големи немири во изминатите денови. Повредени се најмалку 350 припадници на безбедносните сили. Во државните медиуми нема информации за загинати цивили. Претходните извештаи на локалните медиуми ја цитираа казахстанската полиција дека полицајците „елиминирале десетици напаѓачи“ во ноќните судири меѓу антивладините демонстранти и војската во Алмати, што може да значи и смртни случаи, јави ДПА. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstan-13-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-zaginaa-vo-protestite-nad-350-povredeni/feed/ 0
Над илјада луѓе повредени во судирите во Казахстан, на интезивна нега дури 62 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-lugje-povredeni-vo-sudirite-vo-kazahstan-na-intezivna-nega-duri-62-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-lugje-povredeni-vo-sudirite-vo-kazahstan-na-intezivna-nega-duri-62-lica/#respond Thu, 06 Jan 2022 09:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=616411

Повеќе од илјада луѓе се повредени во демонстрациите во Казахстан во изминатите неколку дена, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на податоци на казахстанското Министерство за здравство. Како што е наведено, речиси 400 од ранетите се хоспитализирани, а на одделението за интензивна нега има 62 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-lugje-povredeni-vo-sudirite-vo-kazahstan-na-intezivna-nega-duri-62-lica/feed/ 0
Судири меѓу армијата и демонстрантите во Алмати, МВР на Казахстан информира дека имало обид да се упадне во зградата на полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-armijata-i-demonstrantite-vo-almati-mvr-na-kazahstan-informira-deka-imalo-obid-da-se-upadne-vo-zgradata-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-armijata-i-demonstrantite-vo-almati-mvr-na-kazahstan-informira-deka-imalo-obid-da-se-upadne-vo-zgradata-na-policijata/#respond Thu, 06 Jan 2022 09:38:29 +0000 https://kurir.mk/?p=616403

Неколку оклопни транспортери и десетици војници утрово маршираа до главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде стотици луѓе протестираат против владата веќе три дена. Како што пренесуваат странските агенции, истрели се слушале додека војниците се приближувале до толпата. И руската агенција ТАСС јави за интензивно пукање меѓу војската и вооружени лица на плоштадот пред седиштето на градоначалникот во Алмати. - Војската пристигна на плоштадот и почна да ги чисти немирите. Во тек е интензивно пукање, наведува ТАСС. Исто така, беше објавено дека Секретаријатот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) добил барање од Казахстан за помош, а прес-секретарот на таа организација рече дека оваа ситуација се гледа како на упад на вооружени банди подготвени во странство. Според ОДКБ, Казахстан одржал консултации со членовите на Советот за безбедност на ОДКБ, при што е договорено членките на ОДКБ да испратат воена помош во Казахстан, поради што ќе бидат испратени мировници за стабилизирање и нормализирање на ситуацијата. Протестите поради високите цени на горивото избија на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а два дена подоцна протести го зафатија Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови. Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека синоќа демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на полицијата во Алмати и дека десетици од нив, како што се наведува, биле „ликвидирани“. „Ноќта беше направен обид да се упадне во зградата на полицијата во Алмати, а десетици напаѓачи се елиминирани“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува РИА Новости. Како што е наведено, војската го напуштила Плоштадот на Републиката во Алмати. Претходно, агенциите пренесоа дека неколку оклопни транспортери и десетици војници утринава марширале на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде веќе трет ден стотици луѓе протестираат против владата. Следеше судир меѓу војската и вооружени лица меѓу оние кои протестираа. Протести поради високите цени на горивото избија на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а два дена подоцна протести го зафатија Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови. На 4 и 5 јануари во Алмати избија судири со безбедносните сили, а полицијата употреби гас и шок бомби. Интернетот беше исклучен низ цел Казахстан, а емитувањето на голем број ТВ канали беше привремено прекинато, јави РИА Новости. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudiri-megju-armijata-i-demonstrantite-vo-almati-mvr-na-kazahstan-informira-deka-imalo-obid-da-se-upadne-vo-zgradata-na-policijata/feed/ 0
Хаос на аеродромот во Кабул, убиен авганистански војник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-na-aerodromot-vo-kabul-ubien-avganistanski-vojnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-na-aerodromot-vo-kabul-ubien-avganistanski-vojnik/#respond Mon, 23 Aug 2021 06:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=553841

Еден припадник на авганистанските безбедносни сили е убиен во судир кој избил на северната порта на аеродромот во Кабул меѓу авганистанската војска и непознати напаѓачи. Повредени се три лица во судирот, во кој учествувале и американски и германски војници, соопшти денеска Бундесверот на Твитер. Во инцидентот нема повредени германски војници, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-na-aerodromot-vo-kabul-ubien-avganistanski-vojnik/feed/ 0
Жестоки борби меѓу авганистанските сили и Талибанците во центарот на Кундуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-borbi-megju-avganistanskite-sili-i-talibancite-vo-centarot-na-kunduz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-borbi-megju-avganistanskite-sili-i-talibancite-vo-centarot-na-kunduz/#respond Sun, 08 Aug 2021 07:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=547862

Авганистанските сили и Талибанците водат жестоки борби во центарот на градот Кундуз, главниот град на истоимената провинцијата, изјавија официјални лица и жители. – Жестоките борби од улица до улица продолжуваат во различни делови на градот. Некои безбедносни сили се повлекоа кон аеродромот, рече Амрудин Вали, член на провинцискиот совет на Кундуз. Талибанците од петокот зазедоа две провинциски престолнини, но Кундуз, кој се наоѓа во северните региони на земјата, би бил најзначаен доколку падне во рацете на џихадистите. Талибанците започнаа офанзива во мај, кога странските сили ги започнаа последните фази од нивното повлекување. – Талибанците стигнаа до главниот плоштад во градот. Авионите ги бомбардираа”, рече телефонски Абдул Азиз, жител на градот. – Владее целосен хаос, пренесуваа западни медиуми. Авганистанските владини сили во голема мера ја препуштија провинцијата на џихадистите, но сега се борат за да заштитат голем број градови низ земјата. Во петокот, Талибанците го зазедоа првиот провинциски главен град, Заранж во Нимроз, а еден ден подоцна го зазедоа Шеберхан во Јoуџан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-borbi-megju-avganistanskite-sili-i-talibancite-vo-centarot-na-kunduz/feed/ 0
Жестоки судири меѓу учесници на рејв забава и полицијата во Франција, момче остана без рака https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-sudiri-megju-uchesnici-na-rejv-zabava-i-policijata-vo-francija-momche-ostana-bez-raka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-sudiri-megju-uchesnici-na-rejv-zabava-i-policijata-vo-francija-momche-ostana-bez-raka/#respond Sat, 19 Jun 2021 13:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=525449

Жестоки судири избија меѓу учесници на рејв забава и полицијата која се обиде синоќа да спречи незаконска забава во северозападна Франција, што резултираше со неколкумина повреди, меѓу кои и еден млад човек кој остана без рака. Повеќечасовното насилство изби откако околу 1.500 луѓе им се спротивставија на епидемиолошките мерки за борба против пандемијата на коронавирус за да организираат забава на отворено во малиот град Редон во Бретања. На интервенција дошле околу 400 полицајци, кои со солзавец се обиделе да ја растурат забавата. – Ситуацијата излезе од контрола многу брзо, луѓето фрлаа молотови коктели и камења, рече префектот Емануел Бертје. Немирите, во кои се повредени неколку лица, меѓу кои петмина полицајци и еден млад човек кој ја загуби раката, траеја повеќе од седум часа. Според Бертје, ситуацијата се смирила дури изутринава, а Обвинителството веднаш отвори истрага, посебно за да се утврдат околностите во кои 22-годишното момче остана без рака]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zestoki-sudiri-megju-uchesnici-na-rejv-zabava-i-policijata-vo-francija-momche-ostana-bez-raka/feed/ 0
Ништо од помирјето – нови судири меѓу Палестинците и израелската полиција во џамија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nishto-od-pomirjeto-novi-sudiri-megju-palestincite-i-izraelskata-policija-vo-dzamija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nishto-od-pomirjeto-novi-sudiri-megju-palestincite-i-izraelskata-policija-vo-dzamija/#respond Fri, 21 May 2021 12:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=513307

Нови судири меѓу Палестинците и израелската полиција избувнаа денеска во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, јавија западни медиуми и полицијата. Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, изјави дека полицајците биле мета на Палестинци кои фрлале камења и започнале мерки за сузбивање „немири“. На местото се водат жестоки судири меѓу полицијата и Палестинците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nishto-od-pomirjeto-novi-sudiri-megju-palestincite-i-izraelskata-policija-vo-dzamija/feed/ 0