судска администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 12:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судска администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-od-utre-nema-da-gi-raboti-nitu-itnite-predmeti-dokolku-vladata-ne-sedne-na-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-od-utre-nema-da-gi-raboti-nitu-itnite-predmeti-dokolku-vladata-ne-sedne-na-pregovori/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=890800

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен. - Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, рече Дејаноски. Она што е спорно за Синдикатот на УПОЗ е и тоа што Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати. - Тоа значи само едно. Кога во март идната година ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4.000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите, рече Дејаноски. За решавање на барањата на судската администрација, Владата пред околу еден месец формираше работна група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-od-utre-nema-da-gi-raboti-nitu-itnite-predmeti-dokolku-vladata-ne-sedne-na-pregovori/feed/ 0
Бараат зголемување на платите како кај судиите: Протест на судската администрација во Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/baraat-zgolemuvane-na-platite-kako-kaj-sudiite-protest-na-sudskata-administratsija-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/baraat-zgolemuvane-na-platite-kako-kaj-sudiite-protest-na-sudskata-administratsija-vo-tetovo/#respond Tue, 19 Sep 2023 09:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=879457

Денес за прв пат и вработените во судската администрација од Основен суд Тетово одржаа двочасовен протест од кој побараа зголемување на платите како кај судиите. Од минатата недела низ цела држава судската администрација протестира и бара зголемување на платите од 78 отсто исто како кај судиите. Воедно се бара зголемување на додатоците на плата. -Суштината на протестот е што на судиите им се зголемени платите за 78 отсто, а на вработени во судската администрација платата им е зголемена за 10 проценти но поради усогласување на платите согласно Колективен договор. Има голема разлика. Иако имаат ист степен на високо образование, судиите имаат четири пати или 400 отсто повисока плата од стручните соработници. Таква голема разлика нема ниту во здравството помеѓу лекар специјалист и медицинска сестра, а не помеѓу вработени со ист степен на образование, објаснуваат дел од вработените во разговор со новинарите. Тие не работеа од 9 до 11 часот по што продолжија со работните обврски. Синдикален марш на судска администрација со истото барање е предвидени денес од Кривичен суд до Судски совет во Скопје во 13 часот и 30 минути. Минатата недела судската администрација од повеќе судови низ државата веќе организираа јавни протести. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/baraat-zgolemuvane-na-platite-kako-kaj-sudiite-protest-na-sudskata-administratsija-vo-tetovo/feed/ 0
Продолжи протестот на судската администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhi-protestot-na-sudskata-administratsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhi-protestot-na-sudskata-administratsija/#respond Fri, 15 Sep 2023 10:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=878322

Судската администрација и денеска продолжи со протест со кој бараат зголемување на платите. Од Независниот сидникат на судската администрација велат дека штрајкот ќе биде во мирување, но, во случај да не им се исполнат барањата ќе го активираат, со што ќе настане блокада во судството. - Штрајкувачкиот одбор во знак на добра намера штрајкот го стави во мирување. Сѐ со цел да се даде простор преку преговори да се најде решение за нашите барања. Но, ако надлежните не покажат слух и не одговорат на нашите барања, ќе го активираме штрајкот и ќе има тотална блокада на судството, велат оттаму. Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“. Имено, во Законот за судски буџет во член 4 е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ од најмалку 0,8 проценти од Бруто домашниот производ. Тие 0,8 проценти ние не ги добивме, каде отидоа тие пари? Државниот завод за ревизија излезе после нашата прес-конференција со информација дека тие пари Владата ги потрошила за себе. Од финансиите на судот, они си ги потрошиле за себе, соопштија на денешната прес-конференција од Независниот синдикат на судска администрација. Оттаму дополнуваат дека со ниските плати нема да работат на амнестиите. - Амнестиите нема да ги работиме ние. Со 18 000 плата записничар, со долгогодишно работно искуство, 20 000 денари доставувач со по 20 години работно искуство и 28 000 стручен соработник, ниту амнестии, ниту едно судење нема да дозволиме ако го активираме штрајкот, велат тие. Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници. Протестни собири на судската администрација се одржаа и во други градови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhi-protestot-na-sudskata-administratsija/feed/ 0
Судската администрација на протест со барање за повисоки плати и исплата на додатоците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-na-protest-so-barane-za-povisoki-plati-i-isplata-na-dodatotsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-na-protest-so-barane-za-povisoki-plati-i-isplata-na-dodatotsite/#respond Wed, 05 Jul 2023 10:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=852933

Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, со протест пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрази незадоволство поради ниските плати и недобивање додатоци на плата. Горан Ристевски, претседател на НСДА, изјави дека и по неколку средби со претседателот на Судскиот совет немало слух за нивното укажување за брзо и навремено да се регулира исплата на додатоци согласно Правилникот за додатоци на плата. -Затоа го организиравме протестот и ќе следува и понатаму доколку не се уважат нашите барања – адекватно зголемување на платата спрема трошоците на живот. Имаше покачување на платите за 30 отсто за дел од Министерството за финансии. Незадоволството е големо, не само во судскиот систем, туку и пошироко, изјави Ристевски. Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судска служба, изјави дека бараат покачување на платите за судската служба од 30 отсто, исто како за вработените во Министерството за финансии, и да продолжи исплата на додаток на плата од минимум 25 проценти која, рече, е прекината кога на функционерите им се зголемени платите за 78 проценти. -Од тој месец повеќе немаме додатоци. Од наши средства се двои за функционерите. Тоа е срамно за цела држава, изјави Величкова додавајќи дека протестираат поради индиферентност на Судски буџетски совет и Министерство за финансии. Минатата недела имале средба со претседателот на Судскиот совет кој им ветил дека ќе има додатоци, но истиот ден, како што рече, изгласал додатоци за неговата служба - на Судскиот совет, и за Академијата за судии, а за нив само 5 проценти за кои се уште немаат одлука. -Тоа е понижувачки бидејќи Судскиот буџетски совет се полни од наши средства, а не од вработените во Судскиот совет, така што нема логика 25 проценти за неговите вработени, а 5 проценти за вработените во сите судови во Македонија, истакна Величкова. Додаде дека службениците во судовите работат не само прва туку и попладне во уште една смена за да ги прехранат семејствата, доставувачите немаат легитимации и торби, а одат во ризични места да доставуваат пресуди, упатни акти за затворски казни... - Ваков Судски совет не знам дали треба да постои, а министерот за финансии треба да се праша како на неговите вработени им ги покачи платите, а за вработените во судската служба нема слух ни да нѐ прими, а камоли да ни ги покачи платите, додаде претседателката на Независен синдикат на судска служба. Рената Георгиевска, потпретседателка на Здружението на судска администрација, праша дали функционерите што ги носат одлуките за нивните плати и додатоци знаат дека има доставувачи, записничари, уписничари, архивари кои работат за 18.500 денари. -Нека пресметаат колкава е разликата од 18.500 до 180.000 денари што тие ги земаат месечно, рече Георгиевска. Синдикатите на судската служба беа поддржани од управата на Основниот кривичен суд Скопје во нивните барања за остварување на правата. Во соопштение до медиумите управата на Судот наведе дека судските службеници се „клучна алка во синџирот на судската власт и имаат движечка улога во остварување на правата на граѓаните пред судските постапки“. -Заради тоа сметаме дека нивните барања се оправдани и неопходни за понатамошно функционирање и развивање на правосудниот сектор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-na-protest-so-barane-za-povisoki-plati-i-isplata-na-dodatotsite/feed/ 0
Судската администрација денес на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-denes-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-denes-na-protest/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=852755

Вработените во судската администрација во судовите во Скопје денеска од 10 часот ќе протестираат. Бараат исплата на додатоци за плата и зголемување на платите. Како што изјавија од Синдикатот на УПОЗ за МИА, револтот кај вработените во судската администрација е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-administratsija-denes-na-protest/feed/ 0
САДУ: Судската администрација излезе на протест за да ја зголеми платата на судиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-sudskata-administracija-izleze-na-protest-za-da-ja-zgolemi-platata-na-sudiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-sudskata-administracija-izleze-na-protest-za-da-ja-zgolemi-platata-na-sudiite/#respond Fri, 15 Nov 2019 14:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=264561

Судската администрација излезе на еден и пол часовен протест за да ја зголеми и онака големата плата на судиите. Судската администрација во режија на УПОЗ само го верификува она што судската фела и го сакаше, процентуална еднаквост на додатоците на плата, порачуваат од Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ). Сметаме, се додава во соопштението на САДУ, дека со овој чекор се прави голема неправда и ќе доведе до изразена нееднаквост на и онака големата разлика во примањата ќе стане уште поголема. -Бидејќи примањата на судиите се многу поголеми од вработените во судската администрација, додатокот на судија за ризик сега ќе изнесува 7.000 денари, а на судските службеници 1.500 денари, а замислете УПОЗ ќе креира еднаквост на штета на вработените во судовите, велат од САДУ и потенцираат дека додатоците на плата мора да бидат со исти реални вредности, бидејќи тие не се плата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-sudskata-administracija-izleze-na-protest-za-da-ja-zgolemi-platata-na-sudiite/feed/ 0
Незадоволството на вработените во судовите кулминира: Во петок протестираат поради одлуките на Судскиот буџетски совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvoto-na-vrabotenite-vo-sudovite-kulminira-vo-petok-protestiraat-poradi-odlukite-na-sudskiot-budzetski-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvoto-na-vrabotenite-vo-sudovite-kulminira-vo-petok-protestiraat-poradi-odlukite-na-sudskiot-budzetski-sovet/#respond Wed, 13 Nov 2019 14:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=263628

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација за петок најавува протест во сите судови во државата со кој ќе го искаже незадоволството од одлуките на Судскиот буџетски совет што беа донесени во изминатите два месеца. -Незадоволството на вработените во судовите кулминираше по одржување на последната седница на Судскиот буџетски совет (СБС) на 01.11.2019 година, на која не се донесе конечна одлука за реализација на договорената исплата на другиот дел на вработени учесници во штрајкот во 2016 година, иако средствата се обезбедени. Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, незадоволни што и натаму продолжува нееднаквиот третман на Судскиот буџетски совет како притоа да забораваат дека во судовите работат судската администрација, судската служба, помошно – техничкиот персонал, згора на се, СБС донесе одлука со нееднакви додатоци на плата за судиите и судската администрација, со изговори дека администрацијата во септември добила покачување во висина од пет проценти на плата, а од тие причини за септември и октомври додатоците на плата на судиите да бидат во висина од 10 проценти, велат од УПОЗ и Здружението на судска администрација. Протестот ќе се одржи од 09:30 до 11 часот во сите судови во државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolstvoto-na-vrabotenite-vo-sudovite-kulminira-vo-petok-protestiraat-poradi-odlukite-na-sudskiot-budzetski-sovet/feed/ 0