Судска медицина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jul 2018 14:26:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Судска медицина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО по разгледување на вештачењето ќе одлучи за правната квалификација на случајот со Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-po-razgleduvanje-na-veshtachenjeto-kje-odluchi-za-pravnata-kvalifikacija-na-sluchajot-so-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-po-razgleduvanje-na-veshtachenjeto-kje-odluchi-za-pravnata-kvalifikacija-na-sluchajot-so-sazdo/#respond Mon, 16 Jul 2018 14:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=77458

Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на Никола Саздовски, кој почина по инцидент во скопската населба Автокоманда. - По разгледување на вештачењето во контекст и на другите прибрани материјални и вербални докази, Јавното обвинителство веднаш ќе одлучи во поглед на правната квалификација и натамошниот тек на постапката, соопштија денеска од Обвинителството. По дадена наредба од ОЈО Скопје, денеска Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, до Обвинителството достави извршено вештачење за причинско-последичната врска на нанесените повреди со смртната последица кај сега починатиот. Во соопштението е наведено дека оваа наредба од Обвинителството следеше откако претходно беше доставен обдукцискиот протокол, а беа обезбедени и други вербални и материјални докази. Пред надлежен јавен обвинител денеска беше испитан и законскиот застапник на починатото момче. - ​Во доставеното вештачење детално од страна на вештите лица се дава приказ за состојбата на оштетениот по случувањето на кривично-правниот настан во моментот на неговата хоспитализација, во периодот на хоспитализацијата, па се до настанување на смртната последица. Вештачењето е доставено кај надлежниот јавен обвинител на натамошно проучување, велат од Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-po-razgleduvanje-na-veshtachenjeto-kje-odluchi-za-pravnata-kvalifikacija-na-sluchajot-so-sazdo/feed/ 0