судска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jun 2022 12:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судската полиција бара повисоки плати за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-policija-bara-povisoki-plati-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-policija-bara-povisoki-plati-za-15-otsto/#respond Mon, 20 Jun 2022 12:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=693143

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто. Договорено е најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда. Министерството, како што се додава, ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskata-policija-bara-povisoki-plati-za-15-otsto/feed/ 0
Независниот синдикат на судската полиција бара нова опрема, униформи, зголемување на платата и бенефициран стаж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-sudskata-policija-bara-nova-oprema-uniformi-zgolemuvanje-na-platata-i-beneficiran-staz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-sudskata-policija-bara-nova-oprema-uniformi-zgolemuvanje-na-platata-i-beneficiran-staz/#respond Mon, 24 Feb 2020 15:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=308163

Независниот синдикат на судската полиција го поздравува Планот за едукација и тренинг на вработените, кој го донесе Министерството за правда, сепак посочува дека секоја година се носи ваков план, но не е спроведен, бидејќи мора претходно да се обезбедат услови за негово исполнување, изјави претседателот на Независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски на денешната прес-конференција пред штипскиот Основен и Апелациски суд. -Во планот е наведено дека треба да имаме обука и со оружје, автоматско, друго оружје, скенери, магнетни врати, а ние во судовите имаме проблеми. Има и судови каде што судските полицајци немаат ниту униформи, а да не зборуваме за оружје или за скенери за магнетни врати. Таму, пак, каде што постојат поголем дел се нефункционални и не може да се изведува таквата обука. Сметаме дека е неразбирливо да се обучуваат судските полицајци за претрес или заштита на вработените во судовите или за безбедноста на судовите, а да нема средства за работа, вели Литовски. Тој истакна дека во текот на минатата година разговарале и со министерката за правда за зголемување на платите на судските полицајци за 20 %, а исто така и за бенефициран стаж на вработените во судската полиција. -Бевме дојдени до степен дека ќе се донеси тој правилник, но како што гледаме нема ништо. На истите преговори се разговараше и за измените да се добие бенефициран стаж, затоа што не личи во униформа на 64 години, човек да може да се справува со криминалците и со странките, кои влегуваат во судот, вели Литовски. Апелираше дека е крајно време да се исполнат барањата  на судската полиција, со цел да си ги извршува своите работни задачи. Смета дека безбедноста на судовите е на катастрофално ниво и порача  да не се чека со исполнување на барањата за да не се случи настанот во судот во Виница, кога токму поради овој немил настан и беше формирана судската полиција. Литовски рече дека од страна на институциите во изминатите години немале никаква поддршка. На новинарско прашање тој рече дека судската полиција во земјава има добиено униформа пред повеќе од  12 години од Министерството за правда. -Секоја година се префрла како обврска на секој претседател на суд да набави униформа и оставени сме на добрата воља на претседателите на судовите. Кај се набавило по нешто, кај ништо и изгледаме како „паравојска“, бидејќи сегде се различни униформите, оти секој претседател од различно место ги набавува и немаме унифицирана униформа, рече Литовски. Судските полицајци ќе чекаат по спроведувањето на изборите и формирањето на новата влада  да преземат нови чекори за решавање на нивните проблеми. -Со цел да не испадне дека се мешаме, а најмалку сакаме со политика да се расправаме и после тоа ќе бидат преземени порадикални чекори, ако нема слух и од новата Владата, рече Литовски. Во земјава низ судовите се вработени 183 судски полицајци, а како што рече Литовски во независниот синдикат членуваат околу 60 проценти од вработените и се сметаат за репрезентативен да ги застапуваат интересите и барањата на судските полицајци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-sudskata-policija-bara-nova-oprema-uniformi-zgolemuvanje-na-platata-i-beneficiran-staz/feed/ 0
Советникот на Заев демонстрира моќ во Кривичен суд, отказ за вработената во судска полиција која тој вербално ја нападна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/#respond Wed, 15 Jan 2020 16:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=289942

Вработена во судска полиција во Кривичниот суд во Скопје по вербалниот напад доживеан од советникот на Зоран Заев и вработен во судот како шеф на одделението за човечки ресурси Горан Стаменковски доби отказ. Голготата на Виолета Тодорова започнува кон средината на април минатата година, кога Стаменковски вербално ја нападнал, бидејќи не му отворила врата. За овој случај известуваа и медиумите. Во дел од нив тогаш беше објавена и белешката која таа ја доставила, а во врска со нападот кој бил извршен врз неа. Тодорова вели дека од посоченото лице, била и навредувана, а добила и заканувачка порака „ќе видиш што ќе ти направам, заборави веќе на работното место“. Неколку месеци подоцна, заканата станува реалност за Тодорова и таа го подигнува отказното решение. Во телефонски разговор за Курир, Тодорова објаснува што се случувало во месеците од поднесувањето на белешката до добивањето на отказот. -На 2.7.2019 година против мене беше поднесена дисциплинска постапка бидејќи наводно не сум била на работното место, а на 23.8.2019 година (ПЕТОК) го добивам решението за престанок на работниот однос поради непрофесионално однесување. На ова решение, веќе во понеделникот (26.8.2019) поднесувам жалба до Советот за судска служба кој истата ја усвојува. Решението на отказ Советот го укинува и предметот во враќа на повторно постапување, објаснува накусо Тодорова. Тодорова вели дека по донесувањето на ова решение, Стаменковски се обидува на разни начини да изврши притисок таа да добие отказ. Посочува дека од неа било барано да потпишува изјави за одење на пауза, што претходно не било случај. Додава и дека кога побарала одговор зошто се потребни такви изјави и од каде е промената, добила одговор дека тоа го правеле сите. По голготата која во меѓувреме ја поминува, на 5.12 годинава го подигнува второто решение за отказ. И покрај решението на Советот кој ја укинува одлуката за првиот отказ, таа добива ново решение со иста одлука на кое поднесува жалба до второстепена комисија. На 14 декември е одјавена од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Тодорова нагласува дека ќе ја продолжи правната битка за да ја исправи неправдата која и е нанесена. Во меѓувреме се уште го чека одговорот на судската белешка која ја има поднесено на 11 април минатата година за вербалниот напад извршен врз неа од Стаменковски. Лице кое, според пишувањата на дел од медиуми, и претходно бил пријавуван за нaпaд врз службеници во Кривичниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/feed/ 0
Заев оствари средба со претставници на судската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-sudskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-sudskata-policija/#respond Fri, 13 Apr 2018 17:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=40361

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и советничката за правда Тања Чачарова-Илиевска денеска остварија средба со претставници на судската полиција. Судските полицајци, како што информира владината прес-служба, му се заблагодариле на премиерот Заев за приемот и ги изложиле предизвиците со кои се соочуваат во својата секојдневна работа. Претставниците на судската полиција со премиерот Заев се согласиле дека е потребно да се обезбеди повисок стандард и подобар социјален статус за полицијата, која ги обезбедува судовите во Република Македонија. - Владата, која јас ја предводам, има волја и прави напори да ги обезбеди и сочува работничките вредности на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување, истакнал премиерот Заев и изразил уверување дека преку институциите ќе се заложи за подобар стандард и надминување на актуелните проблеми на претставниците на судската полиција. Премиерот Заев и неговите соработници оцениле дека се посветува соодветно внимание за подигнување на нивото на професионалност на сите службени лица, преку почитувањето на соодветните стандарди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-sudskata-policija/feed/ 0