судска власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Dec 2022 18:46:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судска власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тензии меѓу извршната и судската власт во Македонија: Јовески ѝ го возврати “ударот“ на Грковска! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/#respond Sat, 10 Dec 2022 18:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=773694

Во синоќешното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше Славица Грковска вицепремиерка задолжена за борба против корпуцијата. Таа изјави дека има свој став за унапредувањето на Љубомир Јовески и дека таа не се согласува тој да биде Уставен судија. „Јас имам свој став околу предлогот за унапредување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Уставен судија и јас не сметам тека треба да биде уставен судија“, кажа Грковска. Грковска смета дека тој не треба да биде уставен судија поради непостигнатите задачи на таа функција. „Сметам дека она што како републички јавен обвинител требаше да го постигне на таа позиција не го постигна и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како Уставен судија“, посочи Грковска. Овие ставови, актуелниот  јавен обвинител  ги смета како атак врз самостојноста и  мешањето  во работата на обвинителството од страна на извршната власт. Државниот обвинител во отворена реакција смета дека се неосновани, паушални и неточни оценките за неговата и за работата на Јавното обвинителство кои вицепремиерката Славица Грковска ги изнесе на синоќешното интервју за „Топ тема“. Во својата реакција шефот на републичкото јавно обвинителство пишува: „Повеќепати сум барал и сум инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од Обвинителството. Како јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара ниту, пак, да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи“. Тој го “возврати ударот“, па испрати јавни поплаки и критики за работата на Владата во борбата против корупцијата и криминалот. Според него, не се точни ниту тврдењата на Грковска дека се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Јовески укажува дека секоја година на нивната сметка недостигаат парите кои Владата е законски обврзана да им ги префрла. „Во земјава има помалку од девет обвинители иако според Европската комисија за ефикасност на правдата, во европските земји, тој просек изнесува 12 обвинители на секои 100.000 жители. Состојбата не е подобра ниту кај јавнообвинителската служба, на што укажувам во сите мои јавни настапи. Доколку Грковска го посети Јавното обвинителство, изворно ќе биде информирана и за состојбата и за потребите за функционирањето на истражните центри“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tenzii-megju-izvrshnata-i-sudskata-vlast-vo-makedonija-joveski-go-vozvrati-udarot-na-grkovska/feed/ 0
Ново писмо на адвокатот Мерџан Даути: Прашина за „ТНТ“ се крена поради двојните аршини на судската власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-pismo-na-advokatot-merdzan-dauti-prashina-za-tnt-se-krena-poradi-dvojnite-arshini-na-sudskata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-pismo-na-advokatot-merdzan-dauti-prashina-za-tnt-se-krena-poradi-dvojnite-arshini-na-sudskata-vlast/#respond Sat, 11 Jan 2020 09:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=288211

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштението: Се поставува прашањето зошто толку прашина се крена околу предметот „ТНТ“ овие денови и зошто на „нозе“ се крена целокупната македонска јавност. Одговорот е јасен поради двојните аршини на судската власт од позиција на моќ и сила. Секогаш фрустрацијата е голема кога моќта и власта се користи на некој да му се направи неправда. Една кратка ретроспектива околу ова мое тврдење, а исто така ќе ја искористам оваа можност уште еднаш да апелирам до Судскиот совет како највисока инстанца која треба да се грижи за спроведување на правото во Република С. Македонија со една одлука го пресече гордиевиот јазол. 1.Најеклатантен пример за двојни аршини на кривичниот суд Скопје се последните случувања со поранешните судии – поротнички Славица Шандовска и Лилјана Ивановска Кочковска. Единствената причина за различниот третман е тоа што некој има висок интерес предметот ТНТ да се заврши час поскоро. Имено двете поротнички се именувани во исти ден и аналогно на тоа во исти ден им е завршен мандатот. Претседателот на судот поради истек на четири годишниот мандат утврдил дека Славица Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци додека за поротничката во ТНТ пробува да изнајде незаконски изговори за истата и понатаму биде член на судечкиот совет дури спротивно на закон се побара продолжување на нејзиниот мандат одредба која не постои ниту во еден закон. 2.Во судските предмети ,,Еразмо,, и ,,Тортура,, Претседателот Џолев не се ,,грижеше,, за поротничките да им дава заштита па поради заштитата да ги повлекуваат своите изјави и оставки туку тоа го прави за ,,ТНТ,, бидејќи како што и самиот кажа овој предмет бил од висок интерес и го спореди дури и со таканаречените бомби. Чудно е што за случајот Еразмо не беа доволни ни 7 дена по завршни зборови да се донесе пресуда па потоа слободно поротникот да оди во Германија, па се поставува прашања како Џолев заедно со сите заедно имаат договорено да го заврши ТНТ до 27.01.2020 година. 3.Во нашата држава нема проблем да се користи албанскиот јазик согласно закон и Уставот во Тетово, Гостивар и други судови за било кој предмет и доколку било која страна го побара тоа без проблем истото се дозволува и спроведува. Но, кога јас побарав тоа да се случи во Основниот кривичен суд во Скопје одма беше започната постапка за мое санкционирање по иницијатива на судечкиот совет и од страна на судот беше истолкувано како моја намера за одолговлекување на постапката. 4.Во сите постапки во кои учествувам како бранител Записнициите од рочиштата како што е тоа предвидено со закон ги добивам одма или најкасно во рок не подолг од 3 дена а во случајот ТНТ од 4.12.2019 година, сеуште немам добиено записник. И тука повторно судот ме товари дека ја кочам постапката зошто едноставно барам записник на јазик кој ми е дозволен со Закон и Устав. 5.Во сите постапки во кои сум учествувал вклучително и во Основниот Кривичен суд, доколку немам добиено уредна покана или од оправдани причини неможам да присуствувам на рочиштето истото се одлага но тоа не е случај во предметот ТНТ. Судот и покрај тоа што повеќе од половина одложени рочишта се по вина на судот и обвинителството постојано ни потенцира и тоа е еден од основите за поведување на дисциплинска постапка против мене дека одбраната ги одлага рочиштата. Почитувани, Нема потреба странските преставници да ни укажуваат дека судството ни е во хаос и дека неопходни се темелни реформи во истото. Најнапред реформата треба да започне од сите нас учесници во постапката и затоа очекувам дека овој случај во јавноста познат како ТНТ преку идни законски постапки од страна на Претседателот на кривичниот совет ќе биде почеток на крупни реформи во македонското судство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-pismo-na-advokatot-merdzan-dauti-prashina-za-tnt-se-krena-poradi-dvojnite-arshini-na-sudskata-vlast/feed/ 0