судски процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 06:18:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судски процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/#respond Wed, 10 May 2023 06:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=832481

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е втор обид да има завршни зборови откако рочиштето на 25 април беше одложено за денес поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими. Неговиот адвокат, кој беше присутен на судењето пред пред две недели, образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на рочиштето во 10 часот. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела - „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/feed/ 0
Судијката која го води процесот во кој обвинет е Рашковски, е назначена и за случајот против Мухамед Зеќири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-koja-go-vodi-procesot-vo-koj-obvinet-e-rashkovski-e-naznachena-i-za-sluchajot-protiv-muhamed-zekjiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-koja-go-vodi-procesot-vo-koj-obvinet-e-rashkovski-e-naznachena-i-za-sluchajot-protiv-muhamed-zekjiri/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=755730

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба. Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. – Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт. Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-koja-go-vodi-procesot-vo-koj-obvinet-e-rashkovski-e-naznachena-i-za-sluchajot-protiv-muhamed-zekjiri/feed/ 0
Започна судскиот процес против Бекер https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zapochna-sudskiot-proces-protiv-beker/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zapochna-sudskiot-proces-protiv-beker/#respond Tue, 22 Mar 2022 09:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=651177

Во Лондон започна судскиот процес против Борис Бекер, обвинет за непочитување на законската обврска за откривање финансиски информации. Станува збор за периодот од мај до октомври 2017 година, кога се водеше случајот за стечај на поранешниот прв рекет на светот. Бекер ги негира обвинувањата за сите 24 точки, кои вклучуваат криење тениски трофеи, недвижен имот во Германија и Англија, акции, повеќе од 2 милиони евра, вклучително и 1,14 милиони од продажбата на автосалон и долг од 825 илјади евра. Германецот прогласи банкрот во јуни 2017 година, откако не беше во можност да го отплати заемот од 3,5 милиони евра што му беше одобрен за купување на недвижен имот во Мајорка. Процесот се очекува да трае три недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zapochna-sudskiot-proces-protiv-beker/feed/ 0
Во Истанбул почнува судски процес поради убиството на Џамал Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/#respond Fri, 03 Jul 2020 08:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=368038

Во Истанбул денеска почнува судски процес во отсуство на дваесетмината Саудијци, кои се обвинети за вмешаност во убиството на саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година. Според обвинението, Ахмед ал-Асири, поранешен заменик шеф на саудиската разузнавачка служба, и Сауд ал-Кахтани, поранешен советник на престолонаследникот Мохамад бин Салман, се обвинети за „поттикнување планирано убиство со монструозна намера“. Уште 18 лица се обвинети за убиство со „монструозна намера и тортура“. Обвинителството бара тешка доживотна казна затвор за сите обвинети, односно најголема можна казна во Турција од укинувањето на смртната казна во 2002 година. Сведок на обвинителството ќе биде и свршеничката на убиениот новинар, Хатиџе Ченгиз, која на денот на убиството го чекала Кашоги пред конзулатот. Исто така, ќе сведочи и Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН за вонсудски егзекуции, која ја истражувала смртта на Кашоги. Ријад во декември минатата година во таен судски процес осуди пет лица на смртна казна поради убиството на Кашоги. Синовите на саудискиот новинар изјавиле дека им простуваат на убијците. – Судењето во Истанбул претставува најдобра надеж за правда за Кашоги по бесрамното неизвршување на правдата од страна на саудиските судови, истакна Ерол Ондероглу, турски претставник на организацијата за надзор на слободата на медиумите „Репортери без граници“. Џамал Кашоги е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Тој пристигнал во дипломатското претставништво за да добие документи кои му биле потребни за венчавка со Хатиџе Ченгиз, која го чекала пред конзулатот. Кашоги, кој бил голем критичар на саудискиот престолонаследник Бин Салман и колумнист на „Вашингтон Пост“, е задавен во конзулатот, а потоа неговото тело било распарчено на делови, се наведува во обвинението.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/feed/ 0
Почнува судењето за убиството на Ивановиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-ivanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-ivanovikj/#respond Mon, 30 Dec 2019 06:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=283663

Пред Специјалниот суд во Приштина денеска би требало да се одржи подготвителна расправа за обвинетите за вмешаност во убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица. Подготвителното рочиште ќе биде затворено за јавноста и обвинетите накратко ќе се изјаснат за обвиненијата, ќе расправаат за доказите презентирани за време на судењето и одлуката на судот по барање на обвинителот да им одреди домашен притвор за тројцата обвинети кои сега ги бранат на слобода. Косовското специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение против шест лица – Недеjко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радет Басара и Силвана Арсовиќ, осомничени за вмешаност во убиството на Ивановиќ. Спасојевиќ и Росиќ се наоѓаат во притвор од нивното апсење во ноември минатата година, Басара од октомври годинава, додека другите се бранат од слобода. Ивановиќ, беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред неговиот партиски штаб во Косовска Митровица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-ivanovikj/feed/ 0
Драма во Слупчане: Демолирале ресторан на Нова година поради судски процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-slupchane-demolirale-restoran-na-nova-godina-poradi-sudski-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-slupchane-demolirale-restoran-na-nova-godina-poradi-sudski-proces/#respond Tue, 02 Jan 2018 09:35:14 +0000 http://kurir.mk/?p=5288

Шест лица демолирале ресторан во Слупчане, Липково на 1-ви околу 1:20 часот поради судски процес. Имено како што информираат од полицијата, лицата од кои едно познато на сопственикот Р.М. (22) влегле во ресторанот и по кратко време почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан. -Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено едно од  лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово, информираат од полицијата. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот и  се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-slupchane-demolirale-restoran-na-nova-godina-poradi-sudski-proces/feed/ 0