судски совет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 08:48:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судски совет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судскиот совет констатираше пензија на две судијки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=882629

Судскиот совет на денешната седница донесе одлуки за престанување на судиска функција на судијките Виолета Миладинова од Основен суд Кочани и Софија Манева од Апелационен суд Штип поради исполнување на услови за старосна пензија. Во продолжението на денешната 456. седница ќе се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-konstatirashe-penzija-na-dve-sudijki/feed/ 0
Судски совет и Совет на јавни обвинители: Потребна е поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=881563

Сметам дека целисходно и правилно би било да имаше една транспарентна постапка во носењето на измените на Кривичниот законик, каде што ќе се слушнеше мислењето на Судскиот совет, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Целиот процес е спроведен набрзина, рече Георгиев, без притоа Судскиот совет да има свое учество и да даде мислење во однос на измените. Тој додаде дека Судскиот совет има активно учество во спремањето на новите измени на Кривичниот закон како пакет, прецизирајќи дека се работи за измени во делот на припишување на нови кривични дела. - Сведоци сме на низа реакции во јавноста, по однос измените во Кривичниот законик, јас како претседател на Судскиот совет, наоѓам забелешка во делот на транспарентноста, имам чувство дека многу набрзина сето тоа се спроведе, без притоа да имаме свое учевство, односно да дадеме мислење како Судски совет, а со тоа се доведовме во состојба каде судиите се должни да го почитуваат законот, таков каков што е, без претходно да се анализираат сите последици, рече Георгиев. За тоа како ќе се одразат измените во Кривичниот законик, претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски рече дека одговорите треба да ги дадат од Јавното обвинителство, бидејќи како што вели, Советот на јавни обвинители се грижи за самостојноста на работењето на јавните обвинители и не постапува по конкретни предмети за да има увид врз нив. - Најдобро би било да одговорат практичарите, односно Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи според хиерархија, тие се оние кои ги работат предметите, оние кои најмногу можат да извадат анализа како ќе се одразат врз нивното работење ваквите измени на Кривичниот законик. Мислам дека тие можат со конкретни податоци со бројки, а ние како Совет на јавни обвинители немаме надлежност во тој дел, односно не постапуваме по конкретни предмети. Постапуваме само по претставки и поплаки, но увид во тековните предмети не вршиме, затоа би требало Јавниот обвинител да се произнесе, дали и колку ќе ги погодат ваквите измени, рече Јолевски. Јолевски беше согласен со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, дека треба да се има поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик и поголема вклученост на практичарите пред да се донесат законите. -Тековно не знам како се одвиваат работите, меѓутоа сметам дека би требало да има поголема транспарентност при носењето и вклучување малку повеќе на практичарите пред да се донесат законите за изготвување на тие предлог законски решенија. Кај нас се праќаат предлози, меѓутоа овој одеше по скратена постапка и не знам колку брзо може да се видат тие предлози. Јас не видов таков текст на законот, рече Јолевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Јавноста е гневна по драстичното намалување на казната: Судскиот совет ќе ја испитува пресудата за возачот кој усмрти 11-годишно девојче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/#respond Wed, 09 Aug 2023 12:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=865061

Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на 8 години. Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. - Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса, се вели во соопштението од Судскиот совет. Судскиот совет, исто така, осудува и било каква поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата. Апелациониот суд од Скопје на почетокот на неделава објави дека делумно е уважена жалбата на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега. - Одлуката има два дела, пресуда и решение. Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се засметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. Вториот дел е решение, што се однесува на одбиена жалба против мерката притвор, информираа за МИА од Апелација. Првостепената пресуда беше изречена во Основниот суд Велес од петчлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, во март годинава. На Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката на 17 декември минатата година. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/feed/ 0
Судскиот совет не сака да го инволвираат во инцидентот со ТВ Телма зашто се случил пред влезната врата со обезбедување кое е од МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ne-saka-da-go-involviraat-vo-intsidentot-so-tv-telma-zashto-se-sluchil-pred-vleznata-vrata-so-obezbeduvane-koe-e-od-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ne-saka-da-go-involviraat-vo-intsidentot-so-tv-telma-zashto-se-sluchil-pred-vleznata-vrata-so-obezbeduvane-koe-e-od-mvr/#respond Thu, 27 Jul 2023 20:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=860938

Сакаме да потенцираме дека обезбедувањето на објектот го врши МВР и Судскиот совет не сака непотребно да биде инволвиран во некаков инцидент и да се споменува во каков било контекст, велат од советот Судскиот совет не сака да го инволвираат во инцидентот со попречувањето на известувањето на денешната екипа на ТВ Телма од пред неговите простории, бидејќи како што велат, тоа се случило пред нивната влезна врата, а попречувањето го направило обезбедувањето од МВР. „Во врска со денешниот инцидент со екипата на телевизија Телма, чие линковско вклучување во вестите беше прекинато од обезбедувањето на МВР, Судскиот совет има потреба да појасни неколку работи. Инцидентот се случил во внатрешниот дел на зградата, пред влезната врата на Судскиот совет, во време додека траеше седницата на која присуствуваа сите членови и дел од стручната служба. Сакаме да потенцираме дека обезбедувањето на објектот го врши МВР и Судскиот совет не сака непотребно да биде инволвиран во некаков инцидент и да се споменува во каков било контекст, со кој би се довела во прашање работата на медиумите или би се ограничила слободата на изразување“, велат од Судскиот совет нагласувајќи дека се залагаат за транспарентност и отчетност, како и за соработка со медиумите. Во прилог на тоа додаваат доказ за транспарентноста и соработката со медиумите и невладините организации е што седниците се јавни и се емитуваат во живо. Инаку, јавните седници според членот 33 од Законот за Судски совет се нешто што е задолжително за ова тело. Попречувањето на ТВ Телма во известувањето од пред Судскиот совет претходно го осудија и Здружението на новинар на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) кои побараа надлежните да ги санкционираат виновниците за инцидентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ne-saka-da-go-involviraat-vo-intsidentot-so-tv-telma-zashto-se-sluchil-pred-vleznata-vrata-so-obezbeduvane-koe-e-od-mvr/feed/ 0
Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/#respond Tue, 25 Jul 2023 11:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=859819

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА. - Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет. Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана. Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/feed/ 0
Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/#respond Thu, 13 Jul 2023 16:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=856389

Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје. Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи соопштувајќи ги првичните резултати попладнево рече дека Наќе Георгиев добил шест гласа како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд на РСМ. Гласале 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени. Од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови, кандидатката Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје, добила 110 гласови, а Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци добил 49 гласа. За кандидатите од оваа листа гласале 185 од 220 запишани гласачи, 26 ливчиња биле неважечки и 35 неупотребени. Изборите беа спроведени за да се пополнат две места во Судскиот совет по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски - судија од скопска Апелација. Гласањето траеше седум часа (од 8 до 15 часот) и право на глас имаа 236 судии, 16 врховни судии и 220 судии од скопското апелационо подрачје - Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд. Јакупи рече дека Комисијата за избор го следела изборниот процес во сите 13 гласачки места за двете листи на кандидати за кои излезеноста на гласачите била 84 отсто. -Немаме досега никакви забелешки ниту од кандидати, ниту од комисиите кои го извршиле изборот. Задоволни сме од исходот од изборниот процес, рече Јакупи. Според член 26 од Закон за Судски совет на РСМ, има два рока за приговори од кандидатите – првиот рок е за текот на гласањето и трае пет часа односно од затворање на гласачките кутии (во 15 часот) и ќе трае до 20 часот. Вториот рок за приговори до Комисија за избор, кој исто така трае пет часа, се однесува на резултатите и тече од нивното соопштување. - Ако од кандидатите нема приговори, ние имаме право во рок од 48 часа да ги соопштиме конечните резултати. Ќе причекаме дали ќе има приговори, ако не, може и утре да ги објавиме конечните резултати за двете листи на кандидати, рече Јакупи. Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoneta-dimovska-izbrani-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Судски совет: АКМИСОТ е во надлежност на ресорното Министерство за правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-akmisot-e-vo-nadlezhnost-na-resornoto-ministerstvo-za-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-akmisot-e-vo-nadlezhnost-na-resornoto-ministerstvo-za-pravda/#respond Wed, 12 Jul 2023 14:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=855911

АКМИСОТ е во надлежност на ресорното Министерство за правда, кое врши редовни и вонредни контроли на судовите. Доколку се констатирани одредени отстапувања и неправилности, Mинистерството може да изготви извештај и да иницира соодветна постапка, информираат од Судски совет во врска со објавените тврдења на Министерот за правда, Кренар Лога, дека Судскиот совет пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување одговорност и санкционирање на ВД претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, за констатираните злоупотреби на АКМИСОТ. Од Судскиот совет потсетуваат дека Министерот за правда по функција е член на Судскиот совет без право на глас и за секоја седница добива уредни покани и доколку сака може да учествува во расправата на секоја тема. - Членовите од Судскиот совет не сакаат да се впуштаат во било каква конфронтацијата со министерот, но укажуваат дека соработката треба да биде директна, конструктивна и во духот на остварување на заедничката цел: независно, професионално и отчетно судство и затоа сметаат дека е несоодветно комуникацијата да се остварува преку медиумите, стои во нивното соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-akmisot-e-vo-nadlezhnost-na-resornoto-ministerstvo-za-pravda/feed/ 0
Судскиот совет ја прифаќа идејата да биде „под лупата“ на оценска мисија на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ja-prifaka-idejata-da-bide-pod-lupata-na-otsenska-misija-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ja-prifaka-idejata-da-bide-pod-lupata-na-otsenska-misija-na-eu/#respond Fri, 07 Jul 2023 05:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=853866

Судскиот совет ја поздравува и ја прифаќа идејата на амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир да се испрати оценска мисија за работата на ова тело. Премиерот Димитар Ковачевски ја поддржува оценската мисија, додека вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство и добро е што доаѓа европската мисија која врши мониторинг врз работата на оваа институција. Евроамбасадорот Дејвид Гир во телевизиско интервју изјави дека Европската Унија испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Гир кажа дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи. Судскиот совет вчера во соопштение посочува дека високо ги цени напорите на ЕУ, но и личниот ангажман на амбасадорот во изнаоѓање на конкретни решенија, кои треба да доведат до тоа оваа институција да може докрај да ги оствари своите законски надлежности, но и уставната мисија која е во функција на штитење и промовирање на независноста, професионалноста и интегритетот на судството и на судиите. -Членовите изразуваат целосна подготвеност за отворена и транспарентна соработка со надворешни и домашни непристрасни и објективни експерти, бидејќи сметаат дека само на тој начин ќе се добие многу пореална и вистинска слика за функционирањето и начинот на одлучување во Судскиот совет, стои во соопштението. Во него се наведува и дека Судскиот совет деновиве е изложен на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки. -Од Судскиот совет изразуваат голема загриженост од фактот што во изминативе недели, ова тело е изложено на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки, со намера комплетно да се дезавуира кредибилитетот на членовите, но и угледот на институцијата во целина. Потсетуваме дека Судскиот совет е значајна и неопходна алка во правосудниот систем, како и важен сегмент на реформскиот пат на Република Македонија во евроинтегративните процеси, се наведува во соопштението. Членовите, како што се додава, „се свесни за лошата перцепција што е креирана во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека работи нелегитимно и се носат незаконски и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси“. -И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат покуси и неинформирани за голем број активности што ги спроведува во моментов Советот, а кои опфаќаат интензивна работа околу редовната оценка на судиите, избор на нови судии од редот на академците, како и на претседатели на судови, посети, извештаи, постапки за утврдување на одговорност на судии, се наведува во соопштението. Судскиот совет, се посочува на крајот од соопштението, уште еднаш потврдува дека останува докрај подготвен за соработка со амбасадорот Дејвид Гир, за да може отворено да се разговара за сите прашања и предизвици што стојат пред судството и државата во иднина. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет, но и дека не е првпат да има ваква мисија од Унијата. -Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано пред една и пол година, со оглед дека нашиот судски систем е независен од Владата, е независен од било кого во светот, кажа Ковачевски. Потсети на реформите во судството, каде на почетокот судиите беа бирани во Парламент, па имаа мандати, па потоа се премина на друго решение, и на крај, вели, сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат, се бираат од страна на судски совет, како независно, стручно тело кое има свој интегритет, и оценката за нив повторно ја даваат повторно судии од Судски совет. Ковачевски повтори дека тоа е тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило. Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство и добро е што доаѓа европската мисија која врши мониторинг врз работата на оваа институција, оцени вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. За емисијата Трилинг вицепремиерот оцени дека оценската мисија е еден добар чекор и Владата ќе го прифати. -Она што сакам д го кажам за оценската мисија мислам дека е тоа добар сигнал и дека ние треба да го искористиме како можност. Владата тоа мора да го прифати и мислам дека за тоа никој нема дилема и тоа е пред се порака до Судскиот совет и до тоа што се случуваше во изминатиот период, рече Маричиќ. Вицепремиерот истакнува дека ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ, извештаите на ЕУ, секогаш ни биле инструмент за подобрување. – Кучна улога во разрешување на политичката криза во Северна Македонија беше Извештајот на Прибе од 2015 година којшто ги исцрта линиите по коишто треба да се движи државата. Дел од тоа е исполнето, дел не е, вели Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-ja-prifaka-idejata-da-bide-pod-lupata-na-otsenska-misija-na-eu/feed/ 0
Георгиев и Нанев влегоа на кандидатската листа за членови на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-i-nanev-vlegoa-na-kandidatskata-lista-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-i-nanev-vlegoa-na-kandidatskata-lista-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/#respond Wed, 05 Jul 2023 17:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=853257

Врховниот судија Наке Георгиев и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев се кандидати за нови членови на советот, откако денес со мнозинство гласови беше утврдена листата за избор на двајца нови членови. Со тоа, Нанев, Антоанета Димовска од Основниот граѓански суд Скопје и врховниот судија Георгиев се тројцата кандидати за членови на Судскиот совет за пополнување на двете празни места. Судскиот совет претходно водеше постапка за утврдување одговорност на Георгиев, но вчера, седум членови на советот на затворен дел од седница изгласале запирање на дисциплинската постапка. Против кандидатурата на Георгиев гласаше само експретседателката на Судскиот совет, Весна Дамева која рече дека одлучила гласно да молчи и со молчење да го брани својот глас против утврдување на листата со овој кандидат од Врховниот суд. Лазар Нанев првично не беше на кандидатската листа поради тоа што не поднел комплетна документација. По дебата на членовите на Судски со два гласа против и 8 за беше прифатен неговиот приговор. Членовите се согласија дека Нанев, сепак, ги приложил потребните документи во електронската форма. Судскиот совет кој брои 15 члена изминатиот период се соочи со голем број критики во јавноста. Се почна со писмото на амбасадта на САД во кое беше изразена загриженоста и разочараноста при постапувањето на судовите. Потоа, почнаа караниците на седниците. Потпретседателот Селим Адеми кажа дека тогашната претседателка Весна Дамева го криела писмото и за него дознале од медиумите. Таа се правдаше дека била на одмор и тој требало да го презентира писмото. По ова, следеше разрешување на Дамева. На јавна седница за нејзина смена гласаа седум членови. Потоа, во четири ѕида, била повлечена одлуката за разрешување на Дамева со седум гласови, па повторно се гласало и со девет гласа ја тргнале од функцијата. Сашко Георгиев, новиот избран претседател, уште неседнат, кажа дека свесно била исклучена јавноста. Жестоки реакции имаше и од правната фела, кои констатираа низа нерегуларности. Критики упати и холандскиот амбасадор кој го оцени ова тело како нелегитимно, а кусо потоа, пред околу еден месец судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-i-nanev-vlegoa-na-kandidatskata-lista-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/#respond Tue, 04 Jul 2023 20:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=852741

Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд на Република Северна Македонија и судијката Антоанета Димовска од Основен граѓански суд Скопје, ќе се најдат на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите. Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РСМ“ бр.120/23 изготвил две општи листи и тоа: I. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од Врховниот суд на Република Северна Македонија Наке Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија II. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје - Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ“ бр.102/19), се вели во соопштението од Судски совет. Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ, ќе се најдат на дневен ред на 448-та седница на Судскиот совет, која е закажана за утре. Судскиот совет, утре на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nake-georgiev-i-antoaneta-dimovska-kandidati-za-chlenovi-na-sudskiot-sovet-od-redot-na-sudiite/feed/ 0