судско рочиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Feb 2023 09:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судско рочиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рочиштето за Жан Митрев одложено за 5 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/#respond Tue, 28 Feb 2023 09:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=805941

Судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев е одложено за 5 април, на барање на одбраната, поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната. Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска требаше да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/feed/ 0
Одложено денешното рочиште за предметот „Т.Н.Т.“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/#respond Tue, 14 Dec 2021 08:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=608136

Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје. -Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката. Случајот „Т.Н.Т“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски. Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-deneshnoto-rochishte-za-predmetot-t-n-t/feed/ 0
„Монструм” продолжува со сведочење на полициски службеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-svedochenje-na-policiski-sluzbenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-svedochenje-na-policiski-sluzbenik/#respond Thu, 03 Sep 2020 05:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=398512

Со сведочење на полициски службеник кој учествувал во истражната постапка против обвинетите, денеска треба да продолжи судскиот процес за петкраното убиство кај Смилковско Езеро. На претходните рочишта, сведочеа поранешни и актуелни полициски службеници по однос на увидот на местото Враживир, каде во 13 април 2012 беше пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковско Езеро, еден ден претходно, односно на 12 април. За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstrum-prodolzuva-so-svedochenje-na-policiski-sluzbenik/feed/ 0
Во Кривичниот суд нови рочишта за „Шпион“ и „Трезор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/#respond Thu, 17 May 2018 07:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=55054

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Трезор“. Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд. Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Шпион На претходното рочиште судот одлучи на Зоран Божиновски да му се суди заедно со обвинетите во случајот „Шпион“, чија постапка беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон, а во април 2016 година беше уапсен во Нови Сад и беше екстрадиран во Македонија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој веќе со месеци се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција. Сашо Мијалков Трезор Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Претходното рочиште беше одложено поради немање одговор на барањата за екстрадицијата на второобвинетиот во овој случај Горан Грујевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/feed/ 0
Судењето за „Титаник 2“ одложено за 10 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/#respond Tue, 24 Apr 2018 08:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=45231

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд,  за кој судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО. Лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, обвинети во случајот, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд. Покрај Тачи и Мијалков, во овој случај обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои, исто така, беа присутни на рочиштето. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а обвинението на СЈО го застапува обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи. Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-titanik-2-odlozeno-za-10-maj/feed/ 0