судство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 06:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png судство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Поради ваквите пресуди на судовите, како за 11-годишната Магдалена, судството на СДС и ДУИ има 1% доверба од страна на граѓаните“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-vakvite-presudi-na-sudovite-kako-za-11-godishnata-magdalena-sudstvoto-na-sds-i-dui-ima-1-doverba-od-strana-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-vakvite-presudi-na-sudovite-kako-za-11-godishnata-magdalena-sudstvoto-na-sds-i-dui-ima-1-doverba-od-strana-na-graganite/#respond Tue, 08 Aug 2023 06:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=864465

Преиначувањето на пресудата од 18 години затвор, на 8 години, од страна на Апелација, за Николов, кој во Велес ја прегази малата Магдалена и ја повреди нејзината мајка, е во најмала рака срам за државата и судството, кое веќе нема ни 1% доверба кај граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Како олеснителни околности, судот навел дека лицето кое го извршил овој акт, бил млад и не бил женет. Прашањето е како тоа олeснителни околности се лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и притоа не застанува, не дава прва помош, туку напротив се дава во бегство, каде неколку дена го бара полицијата? Ова се случува кога цвета корупцијата во судството и кога судиите се избираат во партиските штабови на ДУИ и СДС. Правда и одговорност мора да има за сите инволвирани во овој трагичен настан, тоа го бараат граѓаните“ - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-vakvite-presudi-na-sudovite-kako-za-11-godishnata-magdalena-sudstvoto-na-sds-i-dui-ima-1-doverba-od-strana-na-graganite/feed/ 0
САД се погласни: Инвестиравме половина милијарда долари во судството, но нема напредок, многу сме разочарани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=854284

Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал. -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција. Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку нам. Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија. На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате, вели Агелер во интервјуто. Во однос на тврдењата на опозицијата за корупција околу Коридорите 8 и 10 д, американската амбасадорка нагласува и повторува: „ако има наводи за корупција околу Коридорите 8 и 10д, истражете ги! Ако утврдите криминал, гонете го!“. -Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде подеднакво штетна како и самата корупција со тоа што ќе спречи добри проекти да се движат напред и ќе испрати порака до другите потенцијални инвеститори дека водењето бизнис во Северна Македонија е премногу комплицирано и бирократско, рече Агелер. Проектот на Коридорите 8 и10д, посочува американската амбасадорка, ја претставува најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на оваа земја, а придобивките за граѓаните се огромни: голем број добри работни места, договори со локални компании и снабдувачи, како и партнерство со една од најпочитуваните американски компании кои работат на Балканот и ширум светот. Кога ќе бидат завршени, патиштата ќе го намалат времето на патување низ земјата, ќе ја подобрат безбедноста и пристапноста кон другите партнери од НАТО, ќе ја зголемат трговијата и ќе ја направат оваа земја витален транспортен центар низ Балканот. Во интервјуто американската амбасадорка Агелер зборува за потребата од енергетска ефикасност и безбедност, за што вели дека се критични прашања ширум светот, а руската брутална и нелегална инвазија на Украина уште повеќе ја истакна таа потреба. На краток рок, посочи таа, се надевам дека земјата ќе вложи максимални напори да обезбеди природен гас што не доаѓа од Газпром и да го комплетира интерконекторот со Грција. -Тоа треба да биде натпартиски приоритет и да добие целосна согласност од Собранието. Но имање на стабилен и сигурен извор на гас не треба да биде единствената крајна цел. Сите ние треба да работиме на проширување и подобрување на енергетските пазари со алтернативи. Ова е област која бара итно внимание. Ги охрабрувам официјалните лица да донесат координирани, стратешки одлуки за енергетски инвестиции и да работат на оддалечување на Северна Македонија од нејзината зависност од јаглен. Проектите како ХЕЦ Чебрен се од суштинско значење за балансирање на мрежата и намалување на зависноста од фосилни горива, вели Агелер во интервјуто за Капитал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/feed/ 0
Османи: Единствена надеж да го поправиме судството гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-edinstvena-nadezh-da-go-popravime-sudstvoto-gledam-vo-otvorane-na-poglavjata-23-i-24/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-edinstvena-nadezh-da-go-popravime-sudstvoto-gledam-vo-otvorane-na-poglavjata-23-i-24/#respond Sun, 02 Jul 2023 13:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=851810

Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на Европската Унија во тој дел, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Прашан за ставот на американскиот Стејт департмент за политичко мешање во правосудството, Османи нагласи дека уште еднаш, прашањето на отворање на поглавја станува клучно, не само за општата перспектива на државата, туку и за внатрешните процеси. - Пробавме се, со најдобрите закони. Верувајте нема подобри закони и порадикални закони, како што се нашите во делот на правосудството. Мислам дека нема друга земја каде што има единствена точка на влез во судството и обвинителството, освен преку Академија. Дури и земји членки на ЕУ се вратија од таквата одлука, бидејќи е премногу радикално решение, но еве проблемите се тука, изјави Османи, одговарајќи на новинаркси прашања на денешната прес конференција во МНР. Единствено решение е ЕУ, нагласи Османи, посочувајќи дека политичарите кои зборуваат за борба против корупција, реформи и доверба во судството, а од друга страна го попречуваат отворањето на Поглавјето 23 и 24, е чиста демагогија, популизам и политиканство. - Едно со друго не иде. Нема реформа на правосудство, нема враќање на доверба, нема борба против корупцијата без отворање на Поглавјата 23 и 24, истакна Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-edinstvena-nadezh-da-go-popravime-sudstvoto-gledam-vo-otvorane-na-poglavjata-23-i-24/feed/ 0
Мисајловски: Целосна реформа во судството и правосудството мора да има, потребен е рестарт и форматирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-tselosna-reforma-vo-sudstvoto-i-pravosudstvoto-mora-da-ima-potreben-e-restart-i-formatirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-tselosna-reforma-vo-sudstvoto-i-pravosudstvoto-mora-da-ima-potreben-e-restart-i-formatirane/#respond Wed, 03 May 2023 09:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=830046

Во синоќешната емисија „ Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што истакна дека целосна реформа во судството и правосудството мора да има, дека е потребен рестарт и целосно форматирање бидејќи граѓаните не веруваат во институциите. „Колку што имаме информациии околу 500 милиони евра има директно за реформи во правосудството. Но, таму има партиска битка, таму се клановски, партиски битки, што ние го зборуваме со години, дел од медиумите го прикажуваат тоа, но гледам и дека самата фела овој период се чувствува мизерно, одвратно и не можат ништо веќе да одбранат. Не се брани веќе ова и тие два проценти што се рејтинг за судството јас не верувам дека ќе опстојат. Мислам дека нема рејтинг судството и правосудството“, нагласи Мисајловски. Потпретседателот Мисајловски нагласи и дека кога ВМРО-ДПМНЕ доставува кривични пријави тие брзо се отфрлаат, за потоа да не може за истото дело да се поднесе кривична пријава. Мисајловски кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ има спремно многу кривични пријави и одговорност мора да има. „Многу пати на терен како ВМРО-ДПМНЕ излеговме и доста луѓе доаѓаат морам да признаам има прашања директно за ова едно интересно прашање од граѓанин, ќе го спомнам овде вели зошто ВМРО ДПМНЕ не поднесува кривични пријави за Бехтел за Енка за се. Но кога ВМРО-ДПМНЕ доставува кривични пријави тие брзо се отфрлаат за потоа да не може за истото дело да се поднесе кривична пријава. ВМРО-ДПМНЕ има спремно многу кривични пријави. Има доволно спремно кривични пријави за сите оние што направиле дела, но нема да ги доставува се додека не се реформира судството. За што? За да им помогнеме некој да не одговара? Верувајте не, мора да има одговорност за тие што погрешиле“, рече Мисајловски. Мисајловски додаде и дека целосна реформа во судството и правосудството мора да има, дека е потребен рестарт и целосно форматирање. „Целосна реформа и реизбор во судството мора да има. Вие гледате на последниве конкурси што се случува повторно, пак роднини и пријатели на луѓето од СДСМ и ДУИ ќе станат обвинители и ќе станат судии. И покрај тоа што имаме од стратешкиот партнер изјави да не се прави тоа, тоа се прави. И никој мува не го лази од власта, тоа е проблемот. Ако нема целосна реформа, јас велам рестарт или форматирање целосно, има чесни судии и адвокати но обичниот граѓанин не верува. Не верува и не можа да си заврши работа“, нагласи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-tselosna-reforma-vo-sudstvoto-i-pravosudstvoto-mora-da-ima-potreben-e-restart-i-formatirane/feed/ 0
Амбасадата на САД очекува независно судство без разлика кој ќе го раководи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/#respond Fri, 28 Apr 2023 14:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=828739

Американската aмбасада во Скопје во врска со последните случувања во Судскиот совет денеска повторно изрази надеж дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кој ќе биде во раководството. -Амбасадата на САД се надева дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кои се неговите раководители. Ова е од суштинско значење за градење доверба во институциите на судството во Северна Македонија, наведуваат од Амбасадата на САД за телевизија Алсат во врска со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Нејзиниот наследник требаше да се избира вчера, но седницата на Судскиот совет на која се очекува да се гласа нов претседател е презакажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, вчера произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување. За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, како и правни експерти. Денеска и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми апелираше да се надмине состојбата во Судскиот совет во интерес на граѓаните и на државата. -Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот. Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба, вели Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/feed/ 0
Судството разбранувано по писмото на Агелер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/828501/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/828501/#respond Fri, 28 Apr 2023 05:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=828501

Не престануваат бранувањата во правосудството по писмото на американската амбасадорка Анџела Агелер до повеќе институции во државава во кое изразила загриженост поради начинот на процесуирање и одлговлекувањето на високопрофилни судски предмети. По првичните реакции на претставници на извршната власт дека одговор на забелешките пред се треба да дадат судиите и оние кои управуваат со нивната работа, правосудните институции деновиве ги зафтија турбуленции кои резултираа со разрешување на претседателката на Судскиот совет за кое некои прави експерти оценуваат дека е нелигитимно, како и јавни препукувања во обвинителската фела. Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Нејзиниот наследник требаше да се избира вчера, но седницата на Судскиот совет на која се очекува да се гласа нов претседател е презакажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, вчера произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување. Адеми по седницата не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека разрешувањето на Дамева е незаконско и против процедурите и деловникот, а не одговори ниту како за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а за изборот на нов претседател се бара. За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, како и правни експерти. Претседателот Пендаровски оцени дека случувања во Судскиот совет не му доликуваат на ова тело кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството. Со вакви постапки, како што се наведува во реакцијата на Пендаровски, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем. Загриженост за случувањата во Судскиот совет изрази и Министерстото за правда, кое побара од Советот да ги достави на увид Записникот од седницата на која беше разрешена Весна Дамева. -И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството. Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација, а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството, соопшти Министерството за правда. За правни експерти разрешувањето на Данева е непочитување на процедурата, а писмото од Агелер погодило некои чинители од правосудниот сектор. Коалицијата „Сите за правично судење“ смета дека Судскиот совет не можел да донесе одлука за нејзино разрешување, без да ја разреши од член на Советот. Оценува дека не била испочитувана процедурата, а одлуката била донесена со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, за неа гласале 7 члена, од кои еден бил и гласот на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување. Нивен впечаток е дека станува збор за внатрешни пресметки или надворешни влијанија во Судскиот совет. Од Коалицијата „Сите за правично судење“ велат дека писмото на Агелер е насочено кон повеќе чинители во правосудниот сектор, а некои очигледно и успеале да се пронајдат во тоа писмо. Според нив, се покажало дека критиките од САД имаат поголемо влијание од домашните. Реагираше и Блупринт групата за реформи во правосудството, која изрази загриженост околу ескалирањето на состојбата во Судскиот совет. - Ниту деловникот на Судскиот совет не содржи одредби што ги уредуваат постапката или причините за разрешување на претседател на Судскиот совет, што значи дека не постои правен основ за донесување на одлуката за разрешување на претседателката на Судскиот совет. Уште повеќе, според Деловникот, тој што предложил да се гласа, нема право на глас во случајот, укажуваат од Блупринт групата за реформи во правосудството. Тие апелираат членовите на Судскиот совет да го преиспитаат своето постапување и да ја покажат и докажат својата непристрасност, независност во работењето, со што ќе ја исполнат својата уставна надлежност како гарант на самостојноста и независноста на судската власт во земјата. Со реакција излезе и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која преку соопштение нагласи дека очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. ДКСК изразува загриженост за случувањата во Судскиот совет и ги потсетува лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата на законитост и интегритет од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во обвинителската фела, пак, реакции предизвика изјавата на на јавната обвинителка Ленче Ристоска дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во изјава за медиумите вчера ги отфрли обвинувањата и истакна дека изјавата на Ристоска е пратена до Етичкиот кодекс во Јавното обвинителство и по нивното произнесување, тие на посебна седница ќе донесат конкретна одлука. Потенцира дека ако имало тргување со влијанија, Ристоска требало да ги пријавува со име и презиме и со конкретни докази, а не сите членови на Советот да ги става во ист кош. Во спротивно, смета Јолевски, паушалното изнесување може само да му штети на угледот и на Обвинителството и на обвинителите кои се избираат од Советот. Обвинителката Ленче Ристоска во вторникот изјави дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира. Според неа, ова тело од формирањето во 2008 до сега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите. - Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е извор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна изборот што Советот го прави креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал, рече Ристоска. Писмото што ја рабранува јавноста и правосудната власт, американската амбасадорка Агелер го испратила на 11 април годинава до судските и извршните органи. Во него изразува загриженост поради одлуката на Апелациониот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили. - Секој ден сѐ повеќе сум загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, посочува амбасадорката Агелер во писмото. Од Министерството за правда потврдија дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“. Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови. Апелацискиот суд - Скопје изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/828501/feed/ 0
АНКЕТА: Најголеми проблеми се корупцијата, криминалот и судството – државата оди во погрешна насока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/#respond Mon, 27 Feb 2023 08:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=805449

Само 10 отсто од испитаниците сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, за македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, 2/3 од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата, евроскептицизмот е во пораст... Ова се дел од резултатите на најновото истражување на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн. Мал дел од испитаниците, само 10% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока. Половина или 51,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност.   Подобрување на животниот стандард очекуваат само 20% од испитаниците, додека речиси ист процент (19,3%) очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата. Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале 21,4% од испитаниците. СИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА МКД.МК
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-najgolemi-problemi-se-koruptsijata-kriminalot-i-sudstvoto-drzhavata-odi-vo-pogreshna-nasoka/feed/ 0
Само 4% проценти му веруваат на правосудството, според најновата анкета на ИРИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-procenti-mu-veruvaat-na-pravosudstvoto-spored-najnovata-anketa-na-iri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-procenti-mu-veruvaat-na-pravosudstvoto-spored-najnovata-anketa-na-iri/#respond Mon, 19 Dec 2022 12:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=777574

Само 4% проценти од испитаниците целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска. Претодни анкети покажуваа дека жителите во Северна Македонија веруваат околу 8% проценти во правосудството. За една година намалувањето е за 50%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-procenti-mu-veruvaat-na-pravosudstvoto-spored-najnovata-anketa-na-iri/feed/ 0
Лефков: Судството и обвинителството се урнисани, таму кај што застана Заев, продолжи Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-se-urnisani-tamu-kaj-shto-zastana-zaev-prodolzi-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-se-urnisani-tamu-kaj-shto-zastana-zaev-prodolzi-kovachevski/#respond Sun, 18 Dec 2022 12:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=777221

Судството и обвинителството во Македонија се урнисани, или со речникот на Зоран Заев тие се отворени како пупка. Последните примери со судските и обвинителските состојби покажуваат дека таму кај што застана Заев, продолжува и Ковачевски. Клиентелизмот и корупцијата во правосудството ескалираат и затоа недовербата во овие институции е 92%. Наместо борба со криминалот, гледаме борба која институција ќе го заштити и ќе биде патрон на криминалот, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека поразителни се податоците дека се реализирани само 20% од годишната стратегија за борба против корупцијата. Ова покажува дека власта на Ковачевски нема волја да се справува со овој проблем. В-о Македонија највисоките функционери во правосудството се бираат од партиските албуми. Таков е случајот и со Обвинителството за гонење на организиран криминал, таков е случајот и со Судскиот Совет. Токму оваа последната институција која треба да избира, оценува и разрешува судии ја води кадар кој од приправник во суд, без ден стаж како судија, само поради фотографии со Заев се дограби до висока позиција. Ете затоа во Македонија нема право и правда. Ете затоа во Македонија има скандалозни судски одлуки. Ете затоа странски тимови доаѓаат да се борат со криминалот и корупцијата. За сето ова одговорноста е кај СДС и ДУИ кои градеа кариери и дојдоа на власт со паролата „Нема правда, нема мир“, а всушност работеа на партизација и девастација на судството. Целта е јасна, го заробија правосудството за да може непречено да тече криминалот на функционерите на власта. Ова е канцерот кој метастазираше. Ова може и мора да се реши што поскоро. За тоа се потребни избори и слободни правосудни органи кои ќе го гонат криминалот на владините функционери, но и на корумпираните во своите редови, нагласи Лефков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-se-urnisani-tamu-kaj-shto-zastana-zaev-prodolzi-kovachevski/feed/ 0
Ковачевски: Владата нема никаква субординација ниту на судството, ниту на обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vladata-nema-nikakva-subordinacija-nitu-na-sudstvoto-nitu-na-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vladata-nema-nikakva-subordinacija-nitu-na-sudstvoto-nitu-na-obvinitelstvoto/#respond Mon, 28 Nov 2022 13:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=767625

Владата нема никаква субординација ниту на судството, ниту на обвинителството, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за „вработување во судството со сомнителни документи“. -Во однос на судиите и обвинителитејас ќе повторам уште еднаш дека и судството и обвинителството се независна власт во државата. Владата нема никаква субординација ниту на судството, ниту на обвинителството. Единствена обврска на Владата е да ги предлага законите во делот на правосудството и тоа го прави кога се однесуваат на усогласувањето на нашиот правосуден систем со системот на ЕУ, рече премиерот Ковачевски. Премиерот истакна дека дел од законите што Владата ги предложила се уште не се донесени заради блокадата од страна на опозицијата. -Ние веќе имаме поднесено голем број на закони коишто се однесуваат и на висината на платите и надоместоците на судиите итн., потоа ги имаме обезбедено како Влада сите капитални инвестиции потребни во услови на криза заради дигитализација на судниците, заради опремување на судниците со се она што е потребно за нивно осовременување. Дел од тие закони за жал заради блокадата на опозицијата не се донесени во Собранието, меѓутоа во делот на прашањата на изборите и именувањата на судиите, јас не можам да дадам коментар. Тоа единствено може да ви дадат одговор или во судската или во обвинителската власт коишто се независни од Владата, изјави Ковачевски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vladata-nema-nikakva-subordinacija-nitu-na-sudstvoto-nitu-na-obvinitelstvoto/feed/ 0