Суецки Канал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Aug 2023 14:27:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Суецки Канал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Едно лице загина во судирот на реморкер со танкер во Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-vo-sudirot-na-remorker-so-tanker-vo-suetskiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-vo-sudirot-na-remorker-so-tanker-vo-suetskiot-kanal/#respond Sun, 06 Aug 2023 14:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=863927

Еден од членовите на екипажот на реморкерот кој потона по судир со танкер во Суецкиот канал загина, изјави претседателот на поморската управа, адмирал Осама Рабиех, цитиран од египетските медиуми. Останатите шест лица на шлеперот „Фахд“ се спасени и пренесени во болница. Судирот се случил во областа Бала додека Чинагас Легенд, танкер за течен гас, бил на пат од Сингапур кон САД. Танкерот под знамето на Хонг Конг е со должина од 230 метри, ширина од 36 метри и носивост од 52 илјади тони. Сообраќајот кон југ беше привремено блокиран, но е воспоставен преку обиколницата кон исток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-vo-sudirot-na-remorker-so-tanker-vo-suetskiot-kanal/feed/ 0
Извлечен насуканиот брод во Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvlechen-nasukaniot-brod-vo-suetskiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvlechen-nasukaniot-brod-vo-suetskiot-kanal/#respond Thu, 25 May 2023 07:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=838415

Големиот брод кој неколку часа беше насукан во Суецкиот канал е извлечен со реморкери, соопшти бродската компанија „Лет Ејџенсис“. Бродот Xin Hai Tong 23, долг 190 метри, тргна од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија. Сопственик е „Xiang B12 HK International Ship Lease“, а со него управува „Tosco Keymax International Ship Management“. Ова не е прв таков случај. За време на силните ветрови во 2021 година, големиот контејнерски брод „Евер Гивен“ исто така се заглави во Суецкиот канал, што го запре сообраќајот во двете насоки шест дена и ја наруши глобалната трговија. Минатата година, реморкерите извлекоа танкер за нафта кој кратко беше заглавен во каналот по дефект на кормилото, додека дефектот на контејнерскиот брод во каналот предизвика мали доцнења во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvlechen-nasukaniot-brod-vo-suetskiot-kanal/feed/ 0
Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/normalizirana-plovidbata-niz-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/normalizirana-plovidbata-niz-sueckiot-kanal/#respond Mon, 09 Jan 2023 10:24:08 +0000 https://kurir.mk/?p=784974

Поморскиот сообраќај во Суецкиот Канал денеска се нормализира откако реморкери го одвлекоа товарниот брод кој се расипа при транзит од Средоземното Море до Црвеното Море. Се веруваше дека дефектот ќе предизвика само мали доцнења и дека конвоите на бродови ќе продолжат да работат редовно до 11 часот по локално време, но на крајот четири реморкери мораа да го влечат  бродот за поправка, се вели во соопштението на Управата на Суецкиот канал. Суецкиот канал е еден од најфреквентните водни патишта во светот и најкратката поморска рута меѓу Европа и Азија.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/normalizirana-plovidbata-niz-sueckiot-kanal/feed/ 0
Загубите поради заглавениот брод во Суецки канал може да надминат милијарда долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/#respond Thu, 01 Apr 2021 06:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=490600

Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби синоќа изјави дека загубите поради тоа што бродот „Евер дгивен“ бил заглавен во каналот неколку дена може да достигнат милијарда долари. – Износот, штетата и загубите односно колку пари се потрошија за ископување, на влечења, се уште не се пресметани,но проценката е можеби повеќе од милијарда долари, изјави Осама Раби. Бродот „Евер гивен“ беше заглавен во Суецкиот канал речиси една недела, а беше извлечен во понеделникот. Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри, што ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја одделува Африка од Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/feed/ 0
Над 400 бродови чекаат да преминат преку Суецкиот Канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-400-brodovi-chekaat-da-preminat-preku-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-400-brodovi-chekaat-da-preminat-preku-sueckiot-kanal/#respond Tue, 30 Mar 2021 08:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=489557

По шестдневна блокада повторно е воспоставен сообраќајот преку Суецкиот Канал и првите бродови запловеа од езерото меѓу северниот и јужниот крак на каналот, каде беа блокирани 45 бродови. Еден од најголемите светски товарни бродови со контејнери „Ever Given“ го блокираше Суецкиот Канал речиси една недела, откако се насука, а денеска е преместен во пловниот дел од каналот и „ослободен“ без да биде оштетен, потврди претседателот на Управата на Суецкиот Канал, Осама Раби. По деблокирањето на 400-метарскиот брод „Ever Given“, утрово се очекува да поминат 113 бродови преку Суецкиот Канал, изјави шефот на египетската служба за управување со водни патишта, Осама Раби. Тој посочи дека 422 брода чекаат да преминат. Штетата предизвикана од оваа блокада на Суецкиот Канал, низ кој минува и до 20 отсто од светската трговија меѓу Истокот и Западот, се проценува милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-400-brodovi-chekaat-da-preminat-preku-sueckiot-kanal/feed/ 0
Заглавениот брод „Евер Гивен“ повторно плови и се движи по Суецкиот Канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/#respond Mon, 29 Mar 2021 15:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=489304

Бродот Евер Гивен (Ever Given), кој со денови го блокираше Суецкиот Канал, повторно плови и се движи низ каналот, соопштија египетските власти. Сопственикот на бродот рано изутринава рече дека Евер Гивен конечно се помрднал откако се заглави минатата недела иод вторникот го блокираше Суецкиот Канал, генерирајќи загуба од една милијарда долари поради застојот во сообраќајот од 425 брода кои чекаат да се ослободи најкратката трговска рута меѓу Азија и Европа. Не е точно познато кога сообраќајот по Суецкиот Канал ќе се стабилизира, но некои проценки сугерираат дека ќе трае три дена. Суецкиот Канал е долг 190 километри и по него минуваат 10 проценти од меѓународниот комерцијален поморски сообраќај, а блокадата создаде огромни загуби. Повеќе од 400 бродови беа блокирани утрово од двете страни на каналот што го поврзува Црвеното Море со Медитеранот. Осигурителната компанија „Алијанц“ процени во петокот дека секој ден од блокадата може да носи загуба од шест до 10 милијарди долари. Вкупната вредност на товарот блокиран поради закрченоста на каналот или товар испратен во алтернативна насока осцилира помеѓу три и 9,6 милијарди долари. Цената на нафтата нагло падна по блокадата на Суецкиот Канал. Египетските власти соопштија дека земјата губи од 12 до 14 милиони долари на ден поради блокадата. Речиси 19.000 бродови поминале низ каналот во 2020 година, според СЦА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/feed/ 0
Ослободен бродот кој го блокираше Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/#respond Mon, 29 Mar 2021 05:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=488990

Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи, соопшти компанијата за поморски услуги Inchcape Shipping. – „Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден, напиша компанијата на својот твитер-налог. Но иако спасувачките екипи успеале да го ослободат бродот, се уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај. Бродот на компанијата „Japans Shoei Kisen“, кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот. Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри. Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ). Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/feed/ 0
Повеќе од 300 бродови чекаат да го поминат Суецкиот Канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-brodovi-chekaat-da-go-pominat-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-brodovi-chekaat-da-go-pominat-sueckiot-kanal/#respond Sat, 27 Mar 2021 19:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=488655

Шефот на египетската служба за управување со Суецкиот Канал денеска изјави дека силниот ветер не е главната причина за заглавувањето на товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given). Продолжуваат операциите за ослободување на бродот долг 400 метри,  кој од вторникот го блокира бродскиот сообраќај. – Силните налети на ветерот и метеоролошките фактори не се единствените главни причини за заглавувањето на бродот, бидејќи и други грешки, човечки или технички, исто така може да одиграле улога, рече Осама Рабие на прес-конференција во Суец. – Истрагата ќе ги открие сите овие фактори, рече тој. Рабие појасни дека денешните напори да се помести гигантот „Ever Given“ овозможија да се придвижи крмата (заден дел) и кормилото, но останува нејасно кога ќе може да плови. Тој рече дека Египет губи помеѓу 12 и 14 милиони долари на ден од блокирањето на каналот. Во моментов, 321 брод чекаат да го преминат Суецкиот Канал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-brodovi-chekaat-da-go-pominat-sueckiot-kanal/feed/ 0
Сопственикот на бродот „Евергрин“ се извини за блокадата на Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-brodot-evergrin-se-izvini-za-blokadata-na-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-brodot-evergrin-se-izvini-za-blokadata-na-sueckiot-kanal/#respond Thu, 25 Mar 2021 10:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=487510

Јапонскиот сопственик на огромниот товарен брод „Евергрин“, што два дена е заглавен во Суецкиот канал, денеска се извини за инцидентот што ја нарушува глобалната пловидба преку овој светски значаен сообраќаен крвоток. Американските медиуми пренесуваат дека сопственикот Шоеи Кисен се извини за „огромната загриженост што инцидентот ја предизвика кај другите бродови и нивните сопственици“. Тој додаде дека со неговата компанија и локалните власти работат бродот да отплови од каналот, но дека „операцијата е исклучително тешка“. „Евергин“, бродот долг колку зградата „Емпајер Стејт билдинг“ во Њујорк, што носи товар меѓу Азија и Европа под знамето на Панама, попречно се насука во вторникот утрината, во вештачкиот канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров, откако изгуби контрола поради силните ветрови и пустинската прав, соопшти Управата на каналот Суец (СЦА), пренесе Си-Ен-Ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-brodot-evergrin-se-izvini-za-blokadata-na-sueckiot-kanal/feed/ 0
Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-traat-naporite-za-pomestuvanje-na-tovarniot-brod-zaglaven-vo-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-traat-naporite-za-pomestuvanje-na-tovarniot-brod-zaglaven-vo-sueckiot-kanal/#respond Wed, 24 Mar 2021 10:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=487033

Неколку реморкери се обидуваат да го повлечат товарниот брод што вчера се насука во Суецкиот Канал, нарушувајќи го сообраќајот во еден од најголемите водени трговски патишта во светот. Државната управа на каналот Суец (СЦА) соопшти дека осум реморкери се обидуваат да го свртат насуканиот панамски супертанкер „Евер Гивен“ (Ever Given). Бродот е долг 400 метри и широк 59 метри, соопштија властите. Инцидентот се случи во вторникот поради слаба видливост како резултат на лошите временски услови, додава СЦА во соопштението. Поради инцидентот, други бродови не можат да поминат низ каналот поради што денеска скокнаа и цените на нафтата. Сепак, шефот на СЦА, Осама Рабае, рече дека сообраќајот се нормализирал во стариот дел од каналот. Во 2015 година, Египет отвори продолжение од 35 километри паралелно со историскиот канал, кој беше отворен во 1869 година. Вештачката рута за испорака ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и Азија и Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-traat-naporite-za-pomestuvanje-na-tovarniot-brod-zaglaven-vo-sueckiot-kanal/feed/ 0