суфицит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jul 2022 08:31:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суфицит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина со рекорден трговски суфицит од 97,9 милијарди долари во јуни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-rekorden-trgovski-suficit-od-97-9-milijardi-dolari-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-rekorden-trgovski-suficit-od-97-9-milijardi-dolari-vo-juni/#respond Wed, 13 Jul 2022 08:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=704310

Месечниот трговски суфицит на Кина се зголеми на рекордни 97,9 милијарди долари во јуни, бидејќи растот на извозот се забрза по олеснувањето на мерките против Ковид, кои привремено го ставија во карантин цел Шангај и ја нарушија трговијата. Извозот се зголеми за 17,9 отсто на 331,2 милијарди долари во јуни, надминувајќи го мајскиот раст од 16,9 отсто, покажаа денешните податоци од царината. Увозот се зголеми за само 1,0 отсто на 233,3 милијарди долари поради слабата домашна побарувачка, пренесе АП. Со речиси никаков раст на увозот, надворешнотрговскиот суфицит на Кина скокна за 90 отсто во споредба со минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-rekorden-trgovski-suficit-od-97-9-milijardi-dolari-vo-juni/feed/ 0
Кина ги надмина очекувањата и во март оствари трговскиот суфицит од 20 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-nadmina-ochekuvanjata-i-vo-mart-ostvari-trgovskiot-suficit-od-20-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-nadmina-ochekuvanjata-i-vo-mart-ostvari-trgovskiot-suficit-od-20-milijardi-dolari/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=331922

Кина во март регистрира надворешнотрговски суфицит од 19,9 милијарди долари, според царинските податоци објавени денеска, со што ги надмина прогнозите на аналитичарите на пазарот за вишок од 18,55 милијарди долари. Трговските податоци за кинеската стоковна размена со светот во март се далеку подобри отколку во јануари и февруари, кога земјата, во екот на пандемијата на коронавирусот, забележа надворешен трговски дефицит од 7,09 милијарди долари. Економистите за март предвидоа пад на извозот од 14 отсто на меѓугодишно ниво. Во исто време, кинескиот увоз во март се намали за 0,9 проценти во однос на претходната година, што е исто така значително подобро од очекувањата на пазарите кои предвидуваа пад од 9,5 проценти. Царинската управа овој резултат го припишува на подобрување на домашната побарувачка, која во првите два месеци падна за четири проценти. Акциите на берзите во Азија забележаа раст по извештајот за надворешна трговија на Кина и ги зајакнаа валутите чувствителни на ризик, вклучувајќи ги и австралискиот и новозеландскиот долар, како и британската фунта, бидејќи на инвеститорите им олесна откако презентираните податоци беа подобри од очекуваните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-nadmina-ochekuvanjata-i-vo-mart-ostvari-trgovskiot-suficit-od-20-milijardi-dolari/feed/ 0