сулавеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 05:41:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сулавеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 15 луѓе загинаа при превртување на ферибот траект во близина на Сулавеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-15-luge-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-feribot-traekt-vo-blizina-na-sulavesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-15-luge-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-feribot-traekt-vo-blizina-na-sulavesi/#respond Mon, 24 Jul 2023 05:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=859293

Најмалку 15 лица загинаа откако преоптоварен ферибот потона кај индонезискиот остров Сулавеси, соопштија локалните власти. Уште 19 лица се водат како исчезнати. На бродот имало вкупно 40 луѓе, кои ја прославувале годишнината од својот роден град, кога ферибот се превртел. Шест лица се спасени и пренесени во локалниот медицински центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-15-luge-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-feribot-traekt-vo-blizina-na-sulavesi/feed/ 0
Силен земјотрес го погоди островот Сулавеси во Индонезија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-ostrovot-sulavesi-vo-indonezija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-ostrovot-sulavesi-vo-indonezija/#respond Wed, 18 Jan 2023 06:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=788742

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот е регистриран на длабочина од 145 километри, а засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Точно 48 часа претходно земјотрес со јачина од 6,2 степени беше регистриран во близина на индонезискиот остров Суматра, што се наоѓа источно од островот Сулавеси. Земјотресите се многу честа појава во Индонезија, државата што се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“. Во земјотресот што се случи на 21 ноември минатата година во густо населена област во провинцијата Западна Јава, со јачина од 5,6, загинаа 602 лица. Најсмртоносниот земјотрес што е регистриран во Индонезија се случи на 26 декември 2004 година, при што загинаа повеќе од 230.000 луѓе во Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, бидејќи тресењето на земјата предизвика огромни бранови кои достигнаа висина од 30 метри. Земјотресот тогаш бил со јачина од 9,1 степени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-ostrovot-sulavesi-vo-indonezija/feed/ 0
Нов ужас во Индонезија: Ерупција на вулкан после земјотресот и цунамито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-uzas-vo-indonezija-erupcija-na-vulkan-posle-zemjotresot-i-cunamito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-uzas-vo-indonezija-erupcija-na-vulkan-posle-zemjotresot-i-cunamito/#respond Wed, 03 Oct 2018 06:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=109894

Пет дена после катастрофалниот земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси во кои загинаа 1.234 луѓе, проработи и вулканот Сопутан. Рано утрово се случи ерупција на вулканот кој се наоѓа во северниот дел на островот, на околу 600 километри североисточно од Палу, но нема извештаи за евентаулни жртви или причинета штета. Во земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 куќи, а раселени се повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош. Времето истекува и за спасување на луѓето заробени во урнатините, па властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да биде и поголем. Претседателот Јоко Видодо денеска оди во втора посета на погодената област. Најмалку седум карго авиони утрово слетаа на аеродромот во Палу носејќи повеќе тони хуманитарна помош. На авионите пишува „Помош за претседателот на Република Индонезија“. Нови потреси регистрирани се на 1.600 километри јужно од областа погодена од силниот земјотрес и цунами на Сулавеси. Американскиот геолошки институт соопшти дека првиот земјотрес бил со јачина од 5,9 степени, а вториот, со интензитет од шест степени, бил регистриран 15 минути подоцна. На островот Сулавеси, кој се наоѓа во близина на Источен Тимор, живеат околу 750.000 луѓе. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-uzas-vo-indonezija-erupcija-na-vulkan-posle-zemjotresot-i-cunamito/feed/ 0
Најмалку шестмина загинати при потонување на траект кај Сулавеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-pri-potonuvanje-na-traekt-kaj-sulavesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-pri-potonuvanje-na-traekt-kaj-sulavesi/#respond Tue, 03 Jul 2018 10:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=72398

Најмалку шест патници загинаа денеска при потонувањето на траект кај индонезискиот остров Сулавеси. Како што јави ДПА, бродот превезувал 130 патници, а бил натоварен и со 48 автомобили и камиони. Водата почнала да навлегува низ дупка во трупот на траектот, кој се превртел на страна и потонал. На социјалните мрежи беа објавени драматични снимки од обидите на патниците да се спасат, додека автомобилите се лизгаат од бродот. Несреќата доаѓа две недели по загинувањето на 200 патници на траект кој сообраќал на вулканско езеро Тоба на островот Суматра. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shestmina-zaginati-pri-potonuvanje-na-traekt-kaj-sulavesi/feed/ 0