супермесечина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 19:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png супермесечина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Спектакуларни сцени го обиколија светот, Месечината беше поблиску до Земјата од вообичаено https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=852662

Многу луѓе синоќа беа сведоци на спектакуларни сцени од Месечината, а причината e во фактот што таа беше поблиску до Земјата за околу 22.000 километри од вообичаеното. Јулската Супермесечина е првата од четирите таканаречени супермесечини што ќе се појават оваа година, а воедно е и најсветлата што ќе се појави оваа година. Овој феномен објаснува зошто многу луѓе синоќа не спиеле добро. Имено, полната месечина може да го наруши сонот бидејќи испушта голема количина сина светлина. Оние кои имаа можност да ја видат се вистинските среќници, бидејќи сцените беа фасцинантни, а голем дел од луѓето ја искористија оваа единствена можност да ја фотографираат. -Супермесечина е кога Месечината се појавува малку поголема на нашето небо. Додека Месечината орбитира околу Земјата, таа не е во совршен круг. Значи, има точки во нејзината орбита каде што е малку поблиску или малку подалеку од Земјата, изјави директорот на планетариумот Абрамс на Државниот универзитет во Мичиген, Шенон Шмол за Си-Ен-Ен. Она што е интересно е дека повеќето години имаат 12 полни фази на Месечината, но оваа година ќе има 13. Во август ќе се појави таканаречената Сина Месечина, која ќе биде најблиску до Земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/feed/ 0
Погледнете вечерва во небото: На него ќе засјае Супермесечина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vecherva-vo-neboto-na-nego-kje-zasjae-supermesechina-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vecherva-vo-neboto-na-nego-kje-zasjae-supermesechina-video/#respond Mon, 09 Mar 2020 11:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=313896

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина. Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона. Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците. Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот. Тоа е последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи тоа е време кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите. Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата. Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути. Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vecherva-vo-neboto-na-nego-kje-zasjae-supermesechina-video/feed/ 0