суша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 17:04:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-bara-pomosh-od-eu-poradi-golemata-susha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-bara-pomosh-od-eu-poradi-golemata-susha/#respond Wed, 10 May 2023 17:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=832839

Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на април во Португалија е забележано невообичаено топло и суво време, а досега 90 отсто од копнената површина на земјата е зафатена од суша. Тешката суша зафати една петтина од територијата на Португалија, двојно повеќе отколку во март и речиси петпати повеќе од една година порано при што особено погодени се североисточниот и јужниот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-bara-pomosh-od-eu-poradi-golemata-susha/feed/ 0
Во Шпанија поради голема суша се апсат сопственици на диви бунари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-poradi-golema-susha-se-apsat-sopstvenitsi-na-divi-bunari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-poradi-golema-susha-se-apsat-sopstvenitsi-na-divi-bunari/#respond Tue, 09 May 2023 20:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=832413 Шпанската Цивилна гарда денеска соопшти дека уапсила 26 лица во рации на нелегални бунари во Андалузија, како дел од пошироката борба против нелегалната употреба на вода за време на продолжената суша.

Единицата за криминал во областа на животната средина на Цивилната гарда соопшти дека идентификувала 250 прекршоци од земјоделци кои одгледуваат овошје а изградиле нелегални бунари и бушотини во областа Ахаркија, источно од крајбрежниот град Малага. Причинетата штета на водоводната инфраструктура се проценува на 10 милиони евра.

Шпанската Влада се залага за уште построги правила за користење на водата во Андалузија, најважната област за производство на маслиново масло во светот и клучен производител на овошје и зеленчук за Европа.

Рекордно високите температури во април во Андалузија се надоврзаа на и онака хроничниот проблем со недоволниот дожд. Дури и пред почетокот на летото, количината на вода во басенот на реката Гвадалкивир, која минува низ територијата, е само околу 27,95 отсто од нормалната.

На земјоделците во тој крај им останува 10 отсто од водата што вообичаено ја користат за наводнување.

Ваквата состојба во таа голема земјоделска област, како и во североисточна Каталонија, значи дека вкупните резерви на вода во Шпанија паднаа на 48,9 отсто.

Минатиот месец беше најсушниот април досега во Шпанија. Сега 27 отсто од територијата на Шпанија е или во вонредна состојба за суша или во состојба на предупредување дека претстои суша.

Земјоделците ширум западниот Медитеран предупредија дека родот најверојатно ќе пропадне.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-poradi-golema-susha-se-apsat-sopstvenitsi-na-divi-bunari/feed/ 0
Сушата на Рогот на Африка е комбинација од недостиг на дожд и високите температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/#respond Thu, 27 Apr 2023 07:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=828146

Сушата што го зафати Рогот на Африка е резултат на комбинација од недостиг на дожд и високите температури до кои не можеше да дојде без човечкото влијание. „Климатските промени предизвикани од човечки активности ги направија сушите на земјоделските култури на Рогот на Африка за околу 100 пати поверојатни. Истражувањето го објавија група научници од World Weather Attribution (WWA). Од крајот на 2020 година, земјите од Рогот на Африка (Етиопија, Еритреја, Сомалија, Џибути, Кенија и Судан) доживуваат суша од катастрофални размери што не се забележани во претходните 40 години. Според наодите на 19-те научници кои работеле на извештајот, климатските промени имале „мало влијание врз неодамнешните годишни врнежи во регионот“. Меѓутоа, тие силно влијаеле врз зголемувањето на температурата, што е одговорна за наглото зголемување на транспирацијата кај растенијата, што доведе до рекордно сушење на почвата и сушење на растителните видови. Следејќи неколку параметри, научниците заклучија дека е „јасно“ дека климатските промени се неопходен услов за да се случи толку голема суша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/feed/ 0
Италија назначува специјален комесар за кризата предизвикана од сушата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-naznachuva-spetsijalen-komesar-za-krizata-predizvikana-od-sushata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-naznachuva-spetsijalen-komesar-za-krizata-predizvikana-od-sushata/#respond Fri, 07 Apr 2023 05:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=821302

Италијанската влада најави дека ќе назначи специјален комесар за решавање на кризата предизвикана од сушата, како и работна група составена од службеници од различни министерства. Италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини рече дека неговиот кабинет одобрил декрети со кои се предвидува комесарот да ги координира активностите за намалување на потрошувачката на вода во земјата и одржување и подобрување на инфраструктурата за вода. Салвини рече и дека заедничките бирократски процедури ќе бидат поедноставени, со цел да се олесни справувањето со итните интервенции поврзани со сушата. Минатото лето беше прогласена вонредна состојба во земјоделските области околу реката По на север во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-naznachuva-spetsijalen-komesar-za-krizata-predizvikana-od-sushata/feed/ 0
Околу 43.000 починати во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/#respond Mon, 20 Mar 2023 11:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=814133

Околу 43.000 луѓе починаа во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година, од кои половината беа деца. Тоа е првиот официјален податок за бројот на починати поради сушата што зафати големи делови од Рогот на Африка. Се предвидува дека најмалку 18.000 луѓе би можеле да починат во првите шест месеци од годинава. „Сегашната криза е далеку од завршена“, се вели во извештајот објавен денеска од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, а спроведен од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. Ситуацијата е, како што наведоа, „екстремно критична“ - само во Сомалија има повеќе од шест милиони гладни луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/feed/ 0
Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/#respond Sat, 04 Mar 2023 12:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=808027

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша. Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс. ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи. ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/feed/ 0
Франција воведува „невидени“ ограничувања за вода по најсувата зима во последните 64 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-voveduva-nevideni-ogranichuvana-za-voda-po-najsuvata-zima-vo-poslednite-64-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-voveduva-nevideni-ogranichuvana-za-voda-po-najsuvata-zima-vo-poslednite-64-godini/#respond Thu, 23 Feb 2023 07:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=803966

Франција се подготвува од март да воведе ограничувања за потрошувачката на вода во делови од државата, што е потег без преседан за овој период од годината по најсувата зима во последните 64 години, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу. Франција забележа 32 дена без дожд, објави метеоролошката служба Метео-Франс. Рестрикции има во 87 општини во јужниот дел на државата, што најчесто се случува во лето, а не во зима. „На состаноците со официјални лица в петок и понеделник ќе се разгледа можноста за продолжување на тој период“, рече Бешу. „Ова е без преседан“ во овој период од годината, изјави министерот за телевизискиот канал Франсинфо, додавајќи дека Франција е во состојба на тревога. Водните резерви во Франција се ниски во споредба со минатата година, втори најниски во последните десет години, а количината на снег на Алпите е исто така мала во споредба со 2022 година, која беше особено сушна година. „Генерално, очекуваме ниско производство на хидроелектрична енергија и пониски нивоа на реките за пролет и лето“, рече експертот Жан Пол Арман. Метео-Франс објави дека врнежите од дожд во следните три месеци ќе бидат клучни за враќање на подземните води и реките на нивните вообичаени нивоа пред летото. Од август 2021 година, сите месеци, освен три, има недостиг од дожд.
-

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-voveduva-nevideni-ogranichuvana-za-voda-po-najsuvata-zima-vo-poslednite-64-godini/feed/ 0
Во Франција најдолга суша од 1959 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-najdolga-susha-od-1959-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-najdolga-susha-od-1959-godina/#respond Wed, 22 Feb 2023 13:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=803696

Во Франција не заврнало дожд 32 дена, што е најдолгата суша од 1959 година, откако се мерат количините на врнежи. Тоа го изјави и министерот за еколошка транзиција, Кристоф Бешу, пренесува Монд. „Франција е во состојба на готовност“, рече тој. Според извештаите, последен пат во Франција врнело на 21 јануари. Посебна студија ќе покаже дали моменталната суша е последица на глобалното затоплување.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-najdolga-susha-od-1959-godina/feed/ 0
ВИДЕО: Каналите во Венеција останаа без вода, гондолите стојат, загриженоста од суша расте https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/#respond Tue, 21 Feb 2023 12:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=803138

Неделите на суви зимски временски услови ја зголемија загриженоста дека Италија е изложена на ризик од нова суша по алармантната состојба минатото лето, а научниците и еколошките здруженија велат дека главната причина е тоа што на Алпите има помалку од половина од нормалното количество снег. Венеција, каде што поплавите се голем проблем, сега се справува со невообичаено ниска плима што ги спречува гондолите, водните такси и амбулантите да пловат по каналите, пишува Гардијан. За проблемите во Венеција се обвинуваат комбинација од фактори, вклучувајќи недостаток на дожд, висок воздушен притисок, полна месечина и океански струи. Еколошката група Легамбиенте во понеделникот соопшти дека реките и езерата во Италија страдаат од сериозен недостиг на вода, а северните региони на земјата се особено загрозени. - Најдолгата италијанска река По, која тече од Алпите на северозапад сè до Јадранот, во овој период од годината има 61 отсто помалку вода од вообичаеното, велат податоците. Минатиот јули, Италија ја претрпе најголемата суша во последните 70 години и прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, кои сочинуваат околу една третина од земјоделското производство во земјата. - Вододефицитната состојба започна во зимата 2020/2021 година и оттогаш проблемот расте. Ни требаат 50 дена дожд за да ги надоместиме 500 мм во северозападните региони, изјави експертот за клима Масимилијано Паски од италијанскиот научно-истражувачки институт CNR. Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија падна на рекордно ниско ниво, што овозможува пеш да се стигне до малиот остров Сан Бјаџо. Антициклон доминира во времето во Западна Европа во изминатите 15 дена, носејќи благи температури кои вообичаено се забележуваат кон крајот на пролетта. Најновите временски прогнози го најавуваат доаѓањето на многу потребните врнежи и снег на Алпите во наредните денови.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kanalite-vo-venetsija-ostanaa-bez-voda-gondolite-stojat-zagrizhenosta-od-susha-raste/feed/ 0
Италија ќе се соочи со голема суша поради мали врнежи во текот на зимата, областите околу реката По веќе се исушени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-ke-se-soochi-so-golema-susha-poradi-mali-vrnezhi-vo-tekot-na-zimata-oblastite-okolu-rekata-po-veke-se-isusheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-ke-se-soochi-so-golema-susha-poradi-mali-vrnezhi-vo-tekot-na-zimata-oblastite-okolu-rekata-po-veke-se-isusheni/#respond Sat, 18 Feb 2023 14:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=802107

Италија може да се соочи со уште една година на тешка суша по малите врнежи оваа зима, а големи површини долж реката По веќе се суви што предизвикува загриженост за земјоделството, хидроенергијата и водата за пиење, пишува „Гардијан“. Весникот наведува дека огромни области околу реката По, најдолгата река во Италија која минува низ неколку северни и централни региони, веќе пресушиле, додека нивото на водата на езерото Гарда е на најниското зимско ниво во последните 35 години. Невообичаено ниското ниво на вода во Венеција предизвика гондоли да се насукаат во каналите. Италијанскиот национален истражувачки совет (CNR) соопшти дека врнежите на северот на земјата се намалени за 40 отсто во изминатата година, а од почетокот на оваа година има значително отсуство на врнежи. Реката По ќе се соочи со голема суша оваа година, по минатогодишната најтешка суша во последните седум децении, освен ако не дојде дожд во пролет, сезона на најсилните врнежи во областа. Најголемото италијанско здружение на фармери Колдирети соопшти дека сушата во 2022 година нанела штета на земјоделството во износ од шест милијарди евра и предупреди дека третина од производството е загрозена оваа година, доколку продолжи сушниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-ke-se-soochi-so-golema-susha-poradi-mali-vrnezhi-vo-tekot-na-zimata-oblastite-okolu-rekata-po-veke-se-isusheni/feed/ 0