суши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 13:43:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради сушите: Европската комисија советува повторна употреба на водата во земјоделството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-sushite-evropskata-komisija-sovetuva-povtorna-upotreba-na-vodata-vo-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-sushite-evropskata-komisija-sovetuva-povtorna-upotreba-na-vodata-vo-zemjodelstvoto/#respond Thu, 04 Aug 2022 13:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=714119

Европската комисија објави упатства за безбедно користење на пречистените урбани отпадни води за наводнување на земјоделско земјиште, поради екстремните суши со кои се соочува голем дел од Европа ова лето. „Со неколку земји-членки сè повеќе погодени од суши, повторната употреба на водата од пречистителни станици за урбани отпадни води може да стане клучна алатка за обезбедување дополнителен безбеден и предвидлив извор на вода, истовремено зголемувајќи ја способноста на ЕУ да се прилагоди на климатските промени“, соопшти Европската комисија. Европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус рече дека ресурсите на свежата вода се оскудни и се повеќе загрозени и дека насоките на Комисијата можат да придонесат за безбедна циркулација на прехранбени производи кои се одгледуваат со искористена вода низ ЕУ. „Во време на невидено високи температури, мора да престанеме да трошиме вода и да го користиме овој ресурс поефикасно со цел да се прилагодиме на климатските промени и да обезбедиме сигурност и одржливост на нашето земјоделско снабдување“, рече Синкевичиус. Екстремните суши предизвикани од климатските промени ги зголемуваат стравувањата дека ќе ги загрозат приносите на земјоделските култури, ќе ги попречат условите за производство и ќе ги зголемат цените на храната. Рекордни суши беа забележани во Франција и делови од Англија во јули. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-sushite-evropskata-komisija-sovetuva-povtorna-upotreba-na-vodata-vo-zemjodelstvoto/feed/ 0
Земјава подложна на суши и поплави, да се инвестира во опрема за рано предупредување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-podlozna-na-sushi-i-poplavi-da-se-investira-vo-oprema-za-rano-predupreduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-podlozna-na-sushi-i-poplavi-da-se-investira-vo-oprema-za-rano-predupreduvanje/#respond Wed, 13 Mar 2019 14:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=174355

Современите системи за редовно информирање и рано предупредување имаат клучна улога за заштита на земјоделското производство од негативните временски услови кои последниве години се уште поизразени поради климатските промени, рече ресорниот министер Љупчо Николовски на денешната конференција „ЕУМЕТСАТ Информативен ден за хидрометеоролошките служби од Западен Балкан“. На конференцијата беа презентирани можностите за користење сателитски метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби. -Земјава, за жал, е подложна на поплави, шумски пожари и суши кои предизвикуваат сериозни загуби во земјоделството. Важиме за едно од најсушните подрачја во Европа што негативно се одразува врз производството. Но, како резултат на климатските промени, допрва се очекуваат чести врнежи, град и слана, како и потопло и посушно време. Тоа ја наметнува потребата од успешно справување со ризиците  што може да се постигне само ако вложуваме во системите за рано информирање и предупредување, истакна Николовски. ЕУМЕТСАТ е меѓувладина организација, основана во 1986 година за да обезбеди сателитски податоци и слики поврзани со климата 24 часа на ден, 365 дена во годината, до националните метеоролошки служби на земјите-членки на ЕУ и други корисници во светски рамки. Нашата држава не е членка на ЕУМЕТСАТ, но преку УХМР како национална служба, има лиценца за користење на податоците. Како што беше речено на конференцијата, од 2010 година УХМР поседува два сателитски приемника за податоците од МЕТ-9 и МЕТ-10 сателитите на ЕУМЕТСАТ. Сателитските податоци ја следат состојбата на атмосферата, а се добиваат на секои 15 минути или на секои пет ако подрачјето е мало. Тие се важен предуслов за навремена и точна временска прогноза, особено во функција на издавање навремени метеоролошки и хидролошки предупредувања, како и најави за опасни временски појави. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-podlozna-na-sushi-i-poplavi-da-se-investira-vo-oprema-za-rano-predupreduvanje/feed/ 0