суспендирани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 20:07:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суспендирани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendirani-komandirot-i-chetvoritsata-politsajtsi-koi-go-sproveduvale-bekim-memeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendirani-komandirot-i-chetvoritsata-politsajtsi-koi-go-sproveduvale-bekim-memeti/#respond Fri, 13 Jan 2023 20:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=787087

Суспендирани од работа се четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата, потврдуваат за МИА од Министерство за правда. Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор. Министерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал. – Мемети Беким род. 30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР. Беким бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а му истекува на 17.04.2040 година. Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. – Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од Управата за извршување на санкции. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendirani-komandirot-i-chetvoritsata-politsajtsi-koi-go-sproveduvale-bekim-memeti/feed/ 0
Судот во Лозана суспендираше руски кајакари поради допинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sudot-vo-lozana-suspendirashe-ruski-kajakari-poradi-doping/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sudot-vo-lozana-suspendirashe-ruski-kajakari-poradi-doping/#respond Fri, 10 Jun 2022 15:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=689292

Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана ја потврди денеска суспензијата на тројца руски кајакари, вклучувајќи го и олимпискиот првак од 2012, Александар Дјаченко, поради допинг. Дјаченко, Николај Липкин и Александра Дупик се суспендирани поради допинг од 2014 година, но Светската антидопинг агенција (WADA) вложи жалба на таа одлука во март лани. Дјаченко на Игрите во Лондон го освои златниот медал во дисциплината К-2 на 200 метри, а на Олимпијадата во Рио не настапи, откако неговото име се најде во извештајот на Ричард Мекларен. Во извештајот објавен во јули 2016 година, непосредно пред Игрите во Рио, се говори за систематски допинг во Русија од 2011 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sudot-vo-lozana-suspendirashe-ruski-kajakari-poradi-doping/feed/ 0
Суспендирани полицајците од Рочестер кои во март го задушија Афроамериканецот Даниел Прајд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suspendirani-policajcite-od-rochester-koi-vo-mart-go-zadushija-afroamerikanecot-daniel-prajd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suspendirani-policajcite-od-rochester-koi-vo-mart-go-zadushija-afroamerikanecot-daniel-prajd/#respond Fri, 04 Sep 2020 09:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=399114

Суспендирани се седуммината полицајци, кои учествувале во задушувањето на Афроамериканецот Даниел Прајд, кој почина на 30 март 2020 година, соопшти градоначалничката на Рочестер, Ловли Ворен, откако претходно беше објавена снимка од инцидентот. Даниел Прајд почина седум дена откако во март годинава полициските службеници на државата Њујорк му ставиле качулка на главата и лицето му го притинале на тротоарот, оневозможувајќи му да дише. Неговата смрт го привлече вниманието на јавноста дури пред два дена, кога неговото семејство одржа прес-конференција и прикажа полициски снимки и извештаи. Градоначалничката на Рочестер. вчера, на прес-конференција ја соопшти одлуката за суспензија на полицајците, изјавувајќи дека во случајот потфрлиле администрацијата, системот и општеството. -Даниел Прајд го изневери нашата полиција, нашиот систем за грижа за менталното здравје, нашето општество, јас го изневерив, изјави Ворен пред новинарите. Таа истакна дека употребата на сила станала очигледна дури на 4 август и дека дотогаш случајот се водел како предозирање со дрога. Таа на началникот на полицијата, кој го претстави случајот како предозирање, му соопшти дека е длабоко разочарана од неговиот неуспех да ја информира што точно се случило. Семејството Прајд побара полицајците да бидат уапсени. Неговата смрт се случи два месеци пред смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што предизвика меѓународни протести против расизмот и полициската бруталност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suspendirani-policajcite-od-rochester-koi-vo-mart-go-zadushija-afroamerikanecot-daniel-prajd/feed/ 0