СУТКОЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 16:48:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СУТКОЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кашиковски: На вработените во „Комунална хигиена“ платата не им е зголемена за 2.175 денари, туку само за 864, со што се крши член 4 од Законот за усогласување на платите со минималната плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/#respond Mon, 10 Jul 2023 16:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855126

Основната причина која што ја истакнаа вработените од „Комунална хигиена“ – Скопје е неусогласувањето на нивните плати со растот на минималната плата што е законска обврска од месец март согласно член 4 од Законот за усогласување на останатите плати со минималната плата. Имено, во „Комунална хигиена“ платите се покачија само за 864 денари наместо за 2.175 денари“, истакна претседател на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Кашиковски додаде дека тоа е првото барање и првото незадоволство кај вработените од „Комунална хигиена“. -Второто незадоволство кај вработените кое што се појави е и неисплатата на К-15. Таму има и одредена спогодна за к-15 склучена со еден од поранешните директори која што за жал не е испочитувана. И третото барање е нерегулираниот бенефициран стаж кај работниците во „Комунална хигиена“. А, со оглед на фактот дека вработените во „Комунална хигиена“ пред се луѓето кои што работат на подигнување на сметот работат во тешки услови, а за тоа немаат бенефициран стаж кој по Закон им следува, рече тој. Посочи дека тоа се основните три барања кои што вработените од „Комунална хигиена“ ги бараат од директорката да ги испочитува и исполни. -Директорката во последната изјава кажа дека се работи за околу 27 вработени коишто се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Инаку 100-тина луѓе не им беа продолжени договорите преку Агенција за привремени вработувања пред мислам околу 6 месеци. А, сега се работи за бројка од 27 луѓе, според кажувањето на директорката, а ние како Синдикат не добивме список за кои луѓе и за која бројка станува збор, нагласи Кашиковски. Тој нагласи дека како Синдикат немаат добиено список од директорката на „Комунална хигиена“ за колкава бројка станува збор на вработени и ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kashikovski-na-vrabotenite-vo-komunalna-higiena-platata-ne-im-e-zgolemena-za-2-175-denari-tuku-samo-za-864-so-shto-se-krshi-chlen-4-od-zakonot-za-usoglasuvane-na-platite-so-minimalnata-plata/feed/ 0
СУТКОЗ: Да прекинат отказите и незаконските прераспределувања во „Водовод и канализација“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sutkoz-da-prekinat-otkazite-i-nezakonskite-preraspredeluvanja-vo-vodovod-i-kanalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sutkoz-da-prekinat-otkazite-i-nezakonskite-preraspredeluvanja-vo-vodovod-i-kanalizacija/#respond Thu, 15 Sep 2022 13:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=733273

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ бара од градоначалничката на Град Скопје да ја преиспита одлуката на новоназначениот в.д директор на „Водовод и канализација“ Скопје за прекин на договорите за вработување на повеќе од 100 вработени. Од СУТКОЗ бараат од градоначалничката Данела Арсовска да не дозволи да останат на улица над 100 фамилии во услови на светска економска и енергетска криза. СУТКОЗ се спротиставува и на, како што посчуваат, незаконските прераспоредувања на работниците во „Водовод и канализација“ Скопје со едностран акт на директорот. -СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт – договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во оваа светска, економска и енергетска криза и неизвесност, се вели во соопштението. Претходно, од Град Скопје информираа дека вонредната ревизија на вработувањата што ги склучил поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински покажала дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sutkoz-da-prekinat-otkazite-i-nezakonskite-preraspredeluvanja-vo-vodovod-i-kanalizacija/feed/ 0
ССМ, СУТКОЗ И УПОЗ на средба со градоначалникот Таравари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sutkoz-i-upoz-na-sredba-so-gradonachalnikot-taravari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sutkoz-i-upoz-na-sredba-so-gradonachalnikot-taravari/#respond Thu, 30 Jun 2022 11:18:33 +0000 https://kurir.mk/?p=697812

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија и Општина Гостивар се договорија да склучат анекс на колективниот договор во Општина Гостивар, според кој сите вработени добиваат усогласување со минималната плата од 2 806 денари во нето износ, а Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија во Јавните претпријатија ЈП комуналец Гостивар, ЈП Паркинзи и паркови и зеленило и ЈП Спортска сала Гостивар ќе склучи спогодби за 2 806 денари во нето зголемување на платите. Ова се заклучоците од денешната средба на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија и СУТКОЗ, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Травари, во врска со барањата на ССМ, УПОЗ и останатите синдикати за зголемување на платите на работниците за 2 806 денари во нето износ за сите вработени во Општината, како и јавните претпријатија на општинско ниво. – На состанокот учествуваа и тимови од ССМ и УПОЗ и Општина Гостивар кои дискутираа за начинот на остварување на ова право за работниците. ССМ и УПОЗ го поздравуваат пристапот на градоначалникот, Таравари за зголемување на платите на работниците во Општината кој ги прифати барањата на ССМ и УПОЗ, велат од ССМ. Како што посочија, Општина Гостивар заедно со градоначалникот се одговорна општина која ги почитува работниците и истата претставува пример што треба да го следат и другите Општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-sutkoz-i-upoz-na-sredba-so-gradonachalnikot-taravari/feed/ 0
СУТКОЗ: Кризата поминува, работници во угостителството нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sutkoz-krizata-pominuva-rabotnici-vo-ugostitelstvoto-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sutkoz-krizata-pominuva-rabotnici-vo-ugostitelstvoto-nema/#respond Mon, 21 Jun 2021 10:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=526037

Ситуацијата во угостителскиот сектор, што го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата е алармантна. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите, информира Синдикатот на угостителство и туризам. Од Синдикатот велат дека предупредиле уште на самиот почеток на здравствената криза дека оние работодавци кои не ги почитуваат работниците и ја злоупотребуваат состојбата нема да бидат толерирани. – Сведоци сме како работодавците од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона, велат од Синдикатот за угостителство и туризам. Според податоците на СУТКОЗ, од почетокот на кризата некои податоци говорат дека од четири илјади до 20 илјади вработени го напуштиле угостителскиот сектор. СУТКОЗ ги охрабрува вработените во овие сектори да ги пријават сите прекршувања на работничките права до СУТКОЗ и ССМ, со цел навремена интервенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sutkoz-krizata-pominuva-rabotnici-vo-ugostitelstvoto-nema/feed/ 0
Официјализирана соработката за подобрување на состојбите во туризмот и угостителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/#respond Tue, 30 Jun 2020 10:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=365730

Создавање платформа за заедничко делување со особен акцент на воспоставување квалитетен социјален дијалог, е една од целите на Договорот што денеска го потпишаа Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори и Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикати на Македонија. Целите на соработка, како што истакнаа потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски и потпретседателот на СУТКОЗ, Саше Бајчевски, се јасно прецизирани во насока на продлабочување на заемните заложби за унапредување на состојбите во секторите туризам и угостителство. -Заедно ќе делуваме за имплементација на практики за изнаоѓање квалитетни решенија, градење социјална кохезија и владеење на правото. Она што е од особен интерес е и размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Посветено ќе делуваме во насока на сузбивање на сивата економија во секторот и почитување на законите кои ја регулираат областа, изјави потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски по потпишувањето. Според него, она што е од голема важност за квалитет на услугите е институционалното делување со заеднички проекти за подигнување на стандардите на пазарот на труд. -Во актуелните услови на здравствено-економска криза од која се особено погодени туризмот и угостителството, единствено со заедничка конструктивна соработка со сите релевантни чинители од областа ќе можеме да ги надминеме бројните предизвици со кои сме соочени, дополни Ангеловски, посочувајќи дека се неопходни поддршка од надлежните институции и слух за потребите на реалниот сектор и вработените за справување со сегашните и идните предизвици. Регионалниот претседател за туризам и угостителство – Охрид при СУТКОЗ, Стефчо Маслов додаде дека мора да се искористат сите институционални можности за поддршка на претпријатијата и вработените во секторот. -Неопходно е заеднички да делуваме за да се задржат работните места и да се подобрат условите за работа. Посветено ќе работиме на воспоставување приоритети на краток и на долг рок со цел подобрување на условите за работа во туризмот и угостителството, рече Маслов. Заедничките заложби на потписниците на договорот ќе бидат насочени кон почитување на меѓународните стандарди во секторот со крајна цел зголемување на стандардот на вработените и заеднички економски просперитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalizirana-sorabotkata-za-podobruvanje-na-sostojbite-vo-turizmot-i-ugostitelstvoto/feed/ 0