сувенир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Aug 2019 16:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сувенир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Некој купува магнет, тие како сувенир земале 40 килограми песок: Пар од Франција си ја чека казната https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/#respond Mon, 19 Aug 2019 16:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=231290

Француска двојка, во чиј автомобил пронајдени се 40 килограми песок од Сардинија, може да биде осудена на шест години затвор. Тие тврдат дека песокот сакале да го однесат во својот дом како сувенир и оти не знаеле дека прават прекршок. Познатиот бел песок од Сардинија се смета за јавно добро и е строго забрането да се зема од Островот. Француската двојка може да биде осудена од една до шест години затвор поради кражба на имот што е во јавна сопственост. Трговијата со песок, камчиња и школки во 2017 година е прогласена за незаконска. Тие кои тргуваат со нив најчесто плаќаат парична казна и до 3.000 евра. Полицијата песокот го открила во петокот во багажникот на автомобилот. Песокот бил во 14 пластични шишиња. Од Сардинија секоја година исчезнуваа по неколку тони песок. Туристите, првенствено од Европа, но и некои Италијанци го пакуваат песокот во шишиња и потоа го продаваат на онлајн аукции. Од 1994 година на посетителите им е забранет пристап до познатата розова плажа на островот Будели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/feed/ 0
Се истражува експлозијата во фабриката „Сувенир“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-istrazuva-eksplozijata-vo-fabrikata-suvenir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-istrazuva-eksplozijata-vo-fabrikata-suvenir/#respond Mon, 03 Sep 2018 05:59:45 +0000 https://kurir.mk/?p=95447

Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи вчера околу 16,10 часот. Според СВР Битола нема повредени, ниту загинати во експлозијата. Ситуацијата е стабилизирана, пожарот е локализиран. При синоќешната посета на фабриката, никој на влезот не сакаше да зборува за случајот, туку само упатуваа на истражните органи кои треба да си ја завршат работата. Во Самоков, во близината на фабриката, локалната жителка Светлана Божиноска само ни изјави дека и тие нешто слушнале, но не знаат никакви детали, ниту пак што се случува во фабриката.Според неа, раководството на фабриката доцнело со платите. -Не ја слушнавме експлозијата. За неа дознавме по повеќе од еден час, кога стигна полиција од Македонски Брод, а и противпожарни возила. Знам само, како што велат жителите, имало експлозија пред влезот на еден од старите погони. Ова се нема случено 20-ина години. Тогаш имаше иксплозија и трагични последици, со загинати. Летово во фабриката беа вработени околу 150-ина луѓе, најголемиот дел од Самоков, другите од Македонски Брод. Ни беше чудно што ова се случува во недела, кога, освен чуварите, немаше никој.Во петокот се штрајкуваше зошто доцнеа платите и имаше ветување дека за неколку дена ќе се обезбеди плата. Има ново раководство, а со фабриката раководи некоја чешка фирма. Лично, експлозијата не ја слушнав, раскажува Божиноска. Случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ го истражува полицијата. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-istrazuva-eksplozijata-vo-fabrikata-suvenir/feed/ 0