суво овошје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 13:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png суво овошје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шверцувал суво овошје од Македонија, уапсен жител на Лин, Поградец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/#respond Sat, 23 Jul 2022 13:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=709304

Албанската гранична полиција открила случај на шверц на стока од Северна Македонија во Албанија, при што уапсен е возачот на комби возило, со кое се превезувала осомничената шверцувана стока, а по едно лице се трага. -Службите на граничната полициска станица Поградец запреа комбе „форд“ во село Лин, Поградец, управувано од албанскиот државјанин Љ.Б. во кое при проверка се пронајдени и како материјални докази одземени десетици кутии сушено овошје, прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. Се додава дека по процедурални дејствија, специјалците за истражување кривични дела при Полициската станица Поградец, го привеле Љ.Б.(34) жител на село Лин, а по неговиот соучесник И.Г. (37), жител на село Бучимас, Поградец, се трага. Пред судските органи во Подградец тие ќе одговараат за сторено кривично дело „криумчарење друга стока“, извршено во соработка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/feed/ 0
Оставете ги грицките, земете суво грозје – дознајте зошто е многу здраво https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ostavete-gi-grickite-zemete-suvo-grozje-doznajte-zoshto-e-mnogu-zdravo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ostavete-gi-grickite-zemete-suvo-grozje-doznajte-zoshto-e-mnogu-zdravo/#respond Sat, 27 Nov 2021 17:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=600678

Наместо разни грицки, кои секојдневно ги консумираме и кои содржат големи количини на шеќер и адитиви, треба да консумираме суво овошје и јаткасти плодови кои го подобруваат нашето здравје. Меѓу нив се наоѓа и сувото грозје кое содржи многу витамини и минерали и притоа добро влијае на здравјето на очите. Тоа, исто така, содржи полифеноли и фитонутриенти кои имаат силно антиоксидантно делување и кои ги штитат очите од дегенеративни промени, макуларна дегенерација и катаракта, но и спречуваат слабеење на видот. Покрај тоа, сувото грозје во својот состав има и големо количество на витамин А, бета-каротен и акротеноиди, кои исто така, играат важна улога во зачувувањето на очите. Олеанската киселина, која се наоѓа во неговиот состав, е важна за здравјето, важна за здравјето на непцата и забите бидејќи го намалува ризикот од појава на воспаление на непцата, кариес и пропаѓање на забите. Сепак, тоа не е се. Сувото грозје поттикнува апсорција на витамини и минерали од останатите намирници кои се внесуваат во текот на денот и со тоа придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ostavete-gi-grickite-zemete-suvo-grozje-doznajte-zoshto-e-mnogu-zdravo/feed/ 0
Со суво овошје против секојдневните проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-suvo-ovoshje-protiv-sekojdnevnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-suvo-ovoshje-protiv-sekojdnevnite-problemi/#respond Wed, 17 Jun 2020 10:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=358991

Ако сте од оние кои своите оброци ги јадат исклучиво на нозе и тоа нездраво, би требало да размислите за здравите алтернативи како на пример за сувото овошје. Замор Урмите помагаат во отстранување на чувството на исцрпеност, бидејќи тогаш најчесто сме желни за некоја слатка закуска. Урмите се многу слатки и се одлична алтернатива за нездравите слатки по кои сме особено склони во такви услови, бидејќи имаат низок гликемичен индекс. Урмите полека се ослободуваат од своите шеќери што значи дека ќе го одржите нивото на енергија константно. Висок крвен притисок Сувите кајсии имаат три пати повеќе калиум за разлика од бананите. А содржат минимално количество на сол. Одлични се за зачувување на нормален крвен притисок – додека калиумот отпушта, натриумот ја задржува водата, па зголемениот внес на калиум го одржува волуменот на крвта на пониско ниво. Една студија покажала дека консумирањето на повеќе калиум отколку натриум е совршена заштита од висок крвен притисок и останати срцеви заболувања. Запек Само шест сушени сливи, два пати дневно подобро го ублажува запекот од било кој друг лаксатив, покажало едно истражување. Сливите се богати со сорбитол, еден вид на алкохолен шеќер кој природно ја задржува водата во столицата. Анемја Четири суви смокви во себе содржат една четвртина од препорачаниот дневен додаток на железо – што е доволна количина за ублажување на анемија. За да го зголемите дејството, комбинирајте смокви со портокал, природен извор на витамин Ц кој помага во апсорпцијата на железо од растителни извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-suvo-ovoshje-protiv-sekojdnevnite-problemi/feed/ 0