Сузана Јошевска Анастасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Feb 2021 19:45:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сузана Јошевска Анастасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Адвокат Јошевска Анастасовска: Нема одговорност пред законот, буквално сите принципи на владеење на правото се прекршени, прејдовме во авторитарен систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-nema-odgovornost-pred-zakonot-bukvalno-site-principi-na-vladeenje-na-pravoto-se-prekrsheni-prejdovme-vo-avtoritaren-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-nema-odgovornost-pred-zakonot-bukvalno-site-principi-na-vladeenje-na-pravoto-se-prekrsheni-prejdovme-vo-avtoritaren-sistem/#respond Wed, 24 Feb 2021 19:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=473453

Во вечерашното издание на „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која за скандалот со бегството на Сашо Мијалков истакна дека сите принципи на владеење на правото биле погазени. -Сите принципи кои се составен дел од она што значи владеење на правото беа погазени, вели адвокатката. Таа наброја дел од принципите кои биле погазени и тоа: -Еднаквост пред законот - ако излезете на улица сега нема да сретнете човек кој ќе ви каже дека лицето Сашо Мијалков е еднаков со сите обвинети, осомничени лица; -Одговорност пред законот - не видовме никаква одговорност, ниту од член на Владата, ниту од некој што е дел на судскиот систем; - Поделба на власта – е еклатантно прекршена дури мислам дека битните луѓе во власта на чело со премиерот веќе не препознаваат што значи поделбата на власта, кога можат на прес конференција без воопшто никаква грижа да велат дека координираат акција, со информации што се случува во Обвинителство, што се случува во судство; -Транспарентност – не видовме транспаретност, во првите два дена не знаевме каде се наоѓа министерот за внатрешни работи, наброи Јошевска Анастасовска. Адвокатката вели дека прејдовме во авторитарен систем каде премиерот на прес ни објаснува што се е преземено и како е преземено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-nema-odgovornost-pred-zakonot-bukvalno-site-principi-na-vladeenje-na-pravoto-se-prekrsheni-prejdovme-vo-avtoritaren-sistem/feed/ 0
Адвокат Јошевска Анастасовска: Ова не е триумф, Заев прави упад во судската власт, ова е пораз на демократијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-ova-ne-e-triumf-zaev-pravi-upad-vo-sudskata-vlast-ova-e-poraz-na-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-ova-ne-e-triumf-zaev-pravi-upad-vo-sudskata-vlast-ova-e-poraz-na-demokratijata/#respond Wed, 24 Feb 2021 19:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=473425

Во вечерашното издание на „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која за скандалот со бегството на Сашо Мијалков истакна дека премиерот Зоран Заев со тоа што кажал на прес конференцијата дека ги координира судските служби прави упад во судската власт тоа не е триумф како што го нарекува тој, туку пораз на демократијата. -Триумф ќе го наречеме ако сметаме дека Заев или премиерот на државата треба во Влада да координира институции кои по закон треба да бидат искоординирани, со оглед на тоа што тоа е законска определба, доколку премиерот ги координира овие служби и службите од јавното обвинителство и од судот, прави упад во власта, тоа не можеме да го наречеме триумф, туку тоа можеме да го наречеме само пораз на демократијата, вели адвокатката. Таа вели дека тој упад е пораз на основното начело на демократијата а тоа владеење на правото, а овие два дена се доказ како владеењето на правото може да биде прекршено по повеќе основи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-ova-ne-e-triumf-zaev-pravi-upad-vo-sudskata-vlast-ova-e-poraz-na-demokratijata/feed/ 0
Јошевска Анастасовска: Ниту еднаш Катица не објасни на јавноста што тоа ќе биде ОК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joshevska-anastasovska-nitu-ednash-katica-ne-objasni-na-javnosta-shto-toa-kje-bide-ok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joshevska-anastasovska-nitu-ednash-katica-ne-objasni-na-javnosta-shto-toa-kje-bide-ok/#respond Tue, 02 Jun 2020 19:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=353034

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше адвокат Сузана Јошевска Анастасовска при што посочи дека во текот на судењето на Катица Јанева не се дозна ништо од нејзе тоа што ќе биде ОК, што се слушаше во снимката која што беше објавена. Единствено Катица Јанева се правдаше и ја разубедуваше јавноста за СЈО и нејзината улога во СЈО. „Јас не можам никако да најдам разбирање за тоа што зашто Катица Јанева не одговори на некои прашања кои што беа клучни за да можеме да ја разбереме нејзината позиција, нејзината одбрана, кои работи се случувале за да можеме да сфатиме што всушност се случувало. И беше дадена можност и самата да даде исказ, а таа времето го потроши на тоа да не разубеди дека дала се за СЈО и дека го основала СЈО. И дека оставила големо наследство“, појасни Јошевска Анастасовска. Јошевска Анастасовска додаде дека денес во завршните говори не се слушна ниту еден одговор на прашањето што всушност се случувало, или тоа нејзиното што ќе биде „ОК“. „Бидејќи на снимката еиднствено нејзе што ја слушаме, каде што ние најмногу можевме да направиме некаква поврзаност помеѓу неа и другиот обвинет и фамилијата Камчеви е дека таа на тој троен разговор вели – „Се ќе биде ОК“. Ние не добивме одговор што ќе биде ОК“, истакна Јошевска Анастасовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joshevska-anastasovska-nitu-ednash-katica-ne-objasni-na-javnosta-shto-toa-kje-bide-ok/feed/ 0
Младите бегаат од Македонија: „Уште еден спакуван живот во потрага по ред, поредок и систем“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-begaat-od-makedonija-ushte-eden-spakuvan-zivot-vo-potraga-po-red-poredok-i-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-begaat-od-makedonija-ushte-eden-spakuvan-zivot-vo-potraga-po-red-poredok-i-sistem/#respond Fri, 06 Sep 2019 08:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=237690

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска објави Фејсбук статус на тема која е еден од најгорчливите проблеми во земјава. Имено, таа информира дека уште млади ја напуштаат Македонија. Вели дека нејзини блиски си заминуваат во потрага по ред, поредок и систем. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-begaat-od-makedonija-ushte-eden-spakuvan-zivot-vo-potraga-po-red-poredok-i-sistem/feed/ 0
Адвокатката Јошевска бара од Рускоска да објасни зошто против „колегите од СЈО” не е покрената истрага и никој од нив не е уапсен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-bara-od-ruskoska-da-objasni-zoshto-protiv-kolegite-od-sjo-ne-e-pokrenata-istraga-i-nikoj-od-niv-ne-e-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-bara-od-ruskoska-da-objasni-zoshto-protiv-kolegite-od-sjo-ne-e-pokrenata-istraga-i-nikoj-od-niv-ne-e-uapsen/#respond Mon, 22 Jul 2019 11:02:20 +0000 https://kurir.mk/?p=221073

Ова зеде некултурни размери, но во суштина многу опасни. Обвинителката Вилма Рускоска мора да даде официјално, институционално образложение за инволвираноста на како ги нарекува, „колегите од СЈО” или во спротивно нека молчи и нека не ја пали јавноста со опасни полу-изјави, напиша на својот Фејсбук профил адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. Во продолжение следува интегрален текст од објавата на адвокатката Јошевска за актуелниот случај „Рекет“: Треба јасно и гласно, за да ја разбере и првооделенче, да објасни зошто против „колегите од СЈО” не е покрената истрага и не се преземаат мерки ако се точни две информациички кои ги пласира на медиуми онака, ко холивудски тизер за трилер: 1. Дека има аудио снимка од „јавен обвинител” кој е вклучен на интерфон додека трае изнудата. 2. Дека предистрагата траела долго и се испитувало дали можеби „сведокот” се обидува да наштети на „колегите од СЈО” (со други зборови, пријавата од сведокот директно ги инволвира СЈО, па мора да се испитува што е точно). Што се утврдило пред отварањето на истрагата, обвинителке? Сакал ли сведокот да наштети на СЈО или имаме злосторничко здружение? Ако е утврдено дека не му е целта да наштети, бидејќи му давате статус на сведок (малтене жртва), зошто никој од „колегите од СЈО” не е уапсен при постоење на снимки? Зошто спомнувате дека се слуша при изнудата „разговор со јавен обвинител”, а не кажувате што од тоа сте утврдиле. Вмешаност или не? Како тоа „во иднина може да се прошири истрагата” ако имате снимки? Зошто не ја отворите истрагата против сите инволвирани (постоење на основано сомнение), па врз основа на резултатите да покренете обвинение само против оние лица за кои ќе се уверите дека можете да докажете кривично дело пред непристрасен суд, како во секоја нормална држава? Зошто во официјалниот прес ставот на обвинителството е дека оставката на Катица Јанева е „само лош тајминг”? Дали „сведокот” со давањето пари обезбедил влијание кај СЈО, си обезбедил куќен притвор и пасош кога му затребал, па отпосле пријавил и ако е така, зошто не е против него покренато обвинение? Јас знам зошто, ама мора сѐ да се објасни, јавно и без стискање на изјави низ заби. Ма каков е овој обид за правна држава во кој живееме? Ова е една голема трачарница, сред-село, биртија, домашна слава во која се седнати 2 милиони, мезат, пијат и сѐ знаат. Заслужуваме ли ние како јавност да изградиме доверба во институција која сега ни се пласира како ново-старо СЈО? Како да ја изградиме кога главната обвинителка на медиуми дава изјави од кои може јавноста да шпекулира до бесвест дека истата ги штити „колегите од СЈО” и уште еден куп други сценарија – напиша адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-bara-od-ruskoska-da-objasni-zoshto-protiv-kolegite-od-sjo-ne-e-pokrenata-istraga-i-nikoj-od-niv-ne-e-uapsen/feed/ 0
Адвокат Јошевска Анастасовска со стручна анализа по апсењето на Чавков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-so-struchna-analiza-po-apsenjeto-na-chavkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-so-struchna-analiza-po-apsenjeto-na-chavkov/#respond Wed, 13 Mar 2019 20:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=174526

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска со своја стручна анализа за последните случувања и апсењето на Митко Чавков. Нејзиното излагање преку Фејсбук, ви го пренесуваме во целост: Можеби додека трае 21 век, ќе ни текне дека ниту еден полициски документ не смее да биде земен како доказ доколку не се повика во суд изјава да даде неговиот составувач со што ќе се обезбеди: -верификација на документот; -предизвикување на валидноста, вистинитоста и релевантноста на документот од страна на одбраната; -предизвикување на кредибилноста на составувачот од страна на одбраната. И не го „жалам“ Чавков, не го ни познавам, но ве жалам сите вас што не сте свесни дека правната држава претпоставува предвидлива процедура која одбраната ќе има шанси да ја преиспитува и предизвикува-напиша Јошевска Анастасовска на својот Фејбук профил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-joshevska-anastasovska-so-struchna-analiza-po-apsenjeto-na-chavkov/feed/ 0
Адвокатката Јошевска Анастасовска: Ако Дурловски биде осуден, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-anastasovska-ako-durlovski-bide-osuden-toa-e-edna-golema-nepravda-i-navistina-politichki-progon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-anastasovska-ako-durlovski-bide-osuden-toa-e-edna-golema-nepravda-i-navistina-politichki-progon/#respond Tue, 25 Dec 2018 21:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=145107

Дурловски бара да биде суден правично и без мешање на политиката. Останатото во неговиот пост се емоции, пишува адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска на својот Фејсбук профил. -Секој кој гради мислење и дава опсежни коментари и прогнози во врска со оваа вест па го суди пред да е осуден, треба да ги знае следните факти: 1. Игор Дурловски има одржано 3 говори во 60тина дена протести и ниту еден не повикува на насилство. Не е дури ни безобразен. Најчесто ја пее химната и си оди. 2. На 27ми април не ја поведува толпата зошто воопшто не е пред Собрание. Доаѓа 30-40 мин подоцна откако толпата влегува, а сега веќе знаеме и од кого е поведена и со чија помош и кој ги отворил вратите. 3. Обвинителство го гони за следново дејствие -"држел говор со кој повикувал на насилство", што се докажа дека не е точно бидејќи воопшто не држи говор на 27ми во салата Македонија и за ова има снимки. 4. Обвинителството не го карактеризира како било каков организатор на насилството ниту за ова беа изведувани некакви докази. Убедена сум дека во законска процедура Дурловски НЕМА ШАНСА да биде осуден за кр.дело Терористичко загрозување на уставниот поредок. Ако биде, тоа е една голема неправда и навистина политички прогон! Затоа, кога тргате да барате крв, прво информирајте се кои се фактите. Сето спротивно на ова е ситење и признавање дека кога обвинетиот не ни се допаѓа, спремни сме да ја жртвуваме правдата, додава таа. Инаку, оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април, преку социјалнте мрежи порача дека наместо наместо молба за помилување, одлучил да се бори за докажување на неговата невиност. -Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди. Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро. Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината. Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал. Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас. Да живее Македонија, пишува Дурловски на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatkata-joshevska-anastasovska-ako-durlovski-bide-osuden-toa-e-edna-golema-nepravda-i-navistina-politichki-progon/feed/ 0