св. јован крстител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 09:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png св. јован крстител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕРНИЦИТЕ ДЕНЕС НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА ГО ПРАВАТ ОВА – ден по Водици го прославуваме Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vernitsite-denes-nikako-ne-treba-da-go-pravat-ova-den-po-voditsi-go-proslavuvame-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vernitsite-denes-nikako-ne-treba-da-go-pravat-ova-den-po-voditsi-go-proslavuvame-jovan-krstitel/#respond Fri, 20 Jan 2023 09:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=789636

Денес на 20-ти јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован СЕ ПОСТИ. Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли. На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден. Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vernitsite-denes-nikako-ne-treba-da-go-pravat-ova-den-po-voditsi-go-proslavuvame-jovan-krstitel/feed/ 0
Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovata-veleshka-tsrkva-sv-jovan-krstitel-za-prvpat-go-proslavuva-svojot-patron/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovata-veleshka-tsrkva-sv-jovan-krstitel-za-prvpat-go-proslavuva-svojot-patron/#respond Fri, 20 Jan 2023 06:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=789540

Повардарската Епархија денеска, на 20 јануари, на денот на Св.Јован Крстител за првпат го прославува својот патрон на најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ во месноста Багремче во најновиот дел на Велес. По тој повод утрово во 8:15 часот со Света Златоустова Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреостештенство Митрополитот Повардарски Агатангел. Во пресрет на празникот синоќа свештеници од оваа црква и Епархијата Повардарска отслужија Вечерна Богослужба и потоа поделија Славски Колач на присутните православни верници кои дојдоа на Богослужбата. Инаку Црквата „Св Јован Крстител“ беше осветена на 23 октомври минатата година. Изградбата на црквата „Св Јован Крстител“ заврши во јануари 2020 години, а се градеше четири години и пет месеци, почнувајќи од 30 август 2015 година кога беше осветен камен-темелник. Новата црква се градеше според архитектонското решение на Благој Здравев архитект од Штип, а техничката изведба ја изврши градежната фирма „Тргоцемент“ од Велес. За скоро три години со извесни прекини, црквата беше фреско – живописана од двајцата велешки зографи Велко Свеќаров и Гоце Василески.Иконостасот го изработи Љубомир Бисинов. Во рамки на црковниот комплекс изградена е и камбанарија, на која на 17 септември 2019 година беа поставени три камбани, како и црковно-административни простории, а изграден е и параклис посветен на „Свети Агатангел Битолски“. Оваа најнова црква во Велес се изгради со средства на Повардарската Епархија како и со доброволни прилози на православните верници.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovata-veleshka-tsrkva-sv-jovan-krstitel-za-prvpat-go-proslavuva-svojot-patron/feed/ 0
Следниот петок е голем празник: Големиот светец се празнува по Богојавление – ова се верувањата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/#respond Thu, 12 Jan 2023 11:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=786415

Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Свети Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос. Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликувал со толку голема морална чистота што попрво можел да биде нарекуван ангел отколку смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал. Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата. Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан карактер. Овој наследил некои особини од татко си, па ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекорувал и го разобличувал за тоа, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страсна игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка си, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот. Ирод наредил и Јован бил обезглавен. Иродијада продолжила да се изживува над мртвата Јованова глава и го избодела неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопал главата на Свети Јован Крстител.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledniot-petok-e-golem-praznik-golemiot-svetets-se-praznuva-po-bogojavlenie-ova-se-veruvanata/feed/ 0
ДЕНЕСКА Е ТЕЖОК ПРАЗНИК – црн Св. Јован, оваа грешка никако не ја повторувајте секоја година, а една работа мора да ја направите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-crn-sv-jovan-ovaa-greshka-nikako-ne-ja-povtoruvajte-sekoja-godina-a-edna-rabota-mora-da-ja-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-crn-sv-jovan-ovaa-greshka-nikako-ne-ja-povtoruvajte-sekoja-godina-a-edna-rabota-mora-da-ja-napravite/#respond Sun, 11 Sep 2022 07:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=731201

Православните христијани денес го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Народот на овој ден држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. На овој ден, треба да барате и лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење. Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто с ? уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод ? вети на танчерката дека ќе ? даде с ? што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка ? , Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место. Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 24 февруари. Но набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 29 август е востановено затоа што тој ден е осветена црквата којашто на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј. Тропар Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема. Кондак Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот. Преподобна Теодора Солунска Како жена на имотен и благочестив човек живееше на островот Егина. Но кога Арапите ја загрозија Егина, тие се преселија во Солун. Овде својата единица ќерка ја дадоа во манастир. Во монаштво го доби името Теописта. Наскоро мажот на Теодора се упокои, та и Теодора се замонаши. Беше голема подвижничка. Често слушала ангелско пеење и им говорела на сестрите: „Не слушате ли колку прекрасно пеат ангелите во небесното светилиште?“ Се упокои во седумдесет и петтата година од животот, во 879 година. Од нејзиното тело потече целебно миро, од коешто многумина се исцелија. Светата маченичка Василија Пострада за Христа во Срем. Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година. Тропар Телото твое падна под ударите на зловерието, но душата пат проби во нејзиното очистување, закрепена од благодат Христова, до Небесното Царство, о Анастасие свет мачениче. Од верата не откажувајќи се, нас молитвено н? поведе кон Спасителот на сите, пред Кого и сега моли за наше спасение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-crn-sv-jovan-ovaa-greshka-nikako-ne-ja-povtoruvajte-sekoja-godina-a-edna-rabota-mora-da-ja-napravite/feed/ 0
Денеска е Трето наоѓање на главата на Св. Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel-2/#respond Tue, 07 Jun 2022 04:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=687522

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква. Тропар Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој не’ спасува од распадливоста со твоите молитви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel-2/feed/ 0
ДЕНЕСКА Е ТЕЖОК ПРАЗНИК: Отсекување на главата на Св. Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-otsekuvanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-otsekuvanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/#respond Sat, 11 Sep 2021 06:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=562232

Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител. Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори. Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител. Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпанија, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-tezok-praznik-otsekuvanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/feed/ 0
ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН: Вечно име Иван, Ивана, Јане, Јана https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-vechno-ime-ivan-ivana-jane-jana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-vechno-ime-ivan-ivana-jane-jana/#respond Wed, 07 Jul 2021 05:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=533062

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-vechno-ime-ivan-ivana-jane-jana/feed/ 0
Денеска е Трето наоѓање на главата на Св. Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/#respond Mon, 07 Jun 2021 05:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=519820

Според календарот на МПЦ денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цариград и положена во царската придворска црква од страна на тогашниот патријарх Игнатиј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-treto-naogjanje-na-glavata-na-sv-jovan-krstitel/feed/ 0
Тежок празник: Наоѓање на главата на свети Јован Крстител- избегнувајте ги овие работи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tezok-praznik-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-izbegnuvajte-gi-ovie-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tezok-praznik-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-izbegnuvajte-gi-ovie-raboti/#respond Mon, 08 Mar 2021 21:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=479260

Православните верници на 9 Март, го одбележуваат денот на Наоѓање на главата на Св. Јован Крстител. Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Исус врши големи чуда, се уплаши и рече: „Тоа е Јован кого што јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16). По извесно време еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата висока позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида келија копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот. Тој ја целива и ја закопа на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора - мајка на Михаил а жена на царот Теофил - и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград. Од главата на Светиот Предвесник се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство. Тропар Откако нераспадливата глава Претечева засветли од земјата, на верните им испушта зраци на исцеленија. Од висините собира мноштво ангели, а долу го повикува човечкиот род да Му испратат на Христа Бога слава едногласна. Кондак Пророче Божји, и Претечо на благодатта, откако ја најдовме твојата глава како најсвета роза, постојано добиваме исцеленија, бидејќи и сега, како и порано, во светот проповедаш покајание.
Според обичаите и верувањата за овој ден, никако не смее да се работи тешка работа, ниту пак да се допираат ножеви или нешто остро.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tezok-praznik-naogjanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel-izbegnuvajte-gi-ovie-raboti/feed/ 0
Денеска е Собор на Св. Јован Крстител или Женски Водици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sobor-na-sv-jovan-krstitel-ili-zenski-vodici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sobor-na-sv-jovan-krstitel-ili-zenski-vodici/#respond Wed, 20 Jan 2021 06:22:30 +0000 https://kurir.mk/?p=457262

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата. На домаќинот му се пее песната: Домаќине Стамјанине, дали пиеш или спиеш, ако пиеш весели се, ако спиеш разбуди се. Долетало лепо пиле на рамена на Стамена. Тогај велит домаќинот: ‒ Ај подајте лак и стрела, да застрела ова пиле. Одговори лепо пиле: ‒ Не сум пиле за стрелање, тук сум пиле аберџија, абер носам од далеку, ти си имаш мила сина, царот има мила ќерка, двајца да се сосватите, и пак да се понашате како вејка со јаболка, како нива со пченица, како трло со јаголнца. На жена со машко дете ѝ се пеела песната: „Има мајка мила сина“, на жена со ќерка: „Има мајка мила ќерка“ или „Има мајка мили ќерки“, ако имала повеќе женски деца, а на жена без деца и се пеела песната „Еливер ми коња коит“ итн. Според содржината но и според начинот на исполнувањето овие песни се блиски со лазарските песни. Најсвечено и највесело е вечерта кај кумот кога се одврзува крстот и кога кумот му го предава крстот, а со тоа и кумството, на новиот кум. Стариот и новиот кум седнуваат еден до друг, кумот го одврзува крстот и на секоја фамилија од компанијата ѝ дава по еден страк од босилекот и по дел од црвениот конец со кој бил врзан крстот. Потоа крстот му го предава на новиот кум и му го честита кумството. По ова неколкумина мажи го креваат новиот кум три пати високо, до таванот, а сите присутни стануваат и пеат: Сопаши се, стари куме опаши се, нови куме, личен Господ се распашал, со јариња, со јагниња, со дечиња во куќава, со бериќет низ полено, танки ржи до шлемиња, пчејнците до гредите, јачмењата до појаси, а урвите до колена. Исчекале и в година, и в година и за многу сосе рода што имаме и мајкина и таткова. Додека го креваат кумот тој благословува да се живи луѓето, да се јачи компанијата, а потоа на низата со пари околу крстот врзуваат уште една пара што означува уште една успешно помината година. Од сиве овие активности на кумот може да се види дека во народното верување тој ја претставува врската со богот заштитник. Во Разлошко вечерта спроти Водици (Јордановден) се правела „Попова најатка“, со посна храна исто како и на Бадник. На овој ден свештеникот одел низ селото и со светена вода ги прскал куќите, со што ги отстранувал злите демони познати како „караконџери“. Со тоа завршувале и Поганите денови. Во селото Елешница, следниот ден на Водици, по службата во храмот „Св. Атанасиј“ народот заедно со свештеникот, оделе на реката каде што го фрлале крстот во водата. При овој чин тројца мажи пукале со пушки во воздухот. По фрлањето на крстот и осветувањето на водата сите се миеле за здравје, а вода носеле и дома, за да се измијат тие што не можеле да појдат на реката, како и за да ги попрскат просториите во куќата и во шталата кај стоката. На тој ден на реката ги крштевале децата родени во Караконџеровите денови, зашто таквите деца не ги крштевале во црквата. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sobor-na-sv-jovan-krstitel-ili-zenski-vodici/feed/ 0