„Св. Кирил и Методиј“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 12:30:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Св. Кирил и Методиј“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ахмети на македонски јазик го честиташе 24 мај – денот на светите браќа Кирил и Методиј (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-makedonski-jazik-go-chestitashe-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-makedonski-jazik-go-chestitashe-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij-video/#respond Wed, 24 May 2023 10:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=838183

Преку видеообраќање на македонски јазик лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го честиташе Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик. -Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!, вели Ахмети во видеото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-makedonski-jazik-go-chestitashe-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij-video/feed/ 0
Мисајловски со честитка по повод 24 мај – денот на Светите браќа Кирил и Методиј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-so-chestitka-po-povod-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-so-chestitka-po-povod-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/#respond Wed, 24 May 2023 08:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=838149

Честит 24-ти Мај, Ден на македонските и сесловенските просветли и учители, Светите браќа Кирил и Методиј. Нека ни е за многу години големиот празник Свети Кирил и Методиј! Да ни е вечна Република Македонија!, пишува во својата честитка потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-so-chestitka-po-povod-24-maj-denot-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/feed/ 0
Денеска се празнува 24 мај, Ден на светите браќа Кирил и Методиј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-24-maj-den-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-24-maj-den-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/#respond Wed, 24 May 2023 07:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=838121

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови старешини и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија христијанската вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна, на повик од папата, заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-24-maj-den-na-svetite-braka-kiril-i-metodij/feed/ 0
Положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polozheno-tsveke-na-spomenikot-na-svetite-kiril-i-metodij-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polozheno-tsveke-na-spomenikot-na-svetite-kiril-i-metodij-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-skopje/#respond Tue, 23 May 2023 11:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=837876

По повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, денеска беше положено цвеќе на споменикот во универзитетскиот кампус во Скопје. На настанот покрај ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, присуствуваа и декани, професори, како и други лица поврзани со Универзитетот. Како уште еден дел од низата свечености за одбележување, коа започна во петокот ќе биде и вечерашната свечена академија во НУ Филхармонија, која ќе почне од 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polozheno-tsveke-na-spomenikot-na-svetite-kiril-i-metodij-vo-univerzitetskiot-kampus-vo-skopje/feed/ 0
Вторник неработен ден за сите граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-3/#respond Fri, 20 May 2022 11:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=679513

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2022 година (вторник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот "Св.Кирил и Методиј", Денот на сесловенските просветители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-3/feed/ 0
Ковачевски денес ќе положи цвеќе пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“по повод по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-denes-kje-polozi-cvekje-pred-spomenikot-sv-kiril-i-metodij-po-povod-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-denes-kje-polozi-cvekje-pred-spomenikot-sv-kiril-i-metodij-po-povod-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli/#respond Fri, 20 May 2022 06:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=679305

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе положи цвеќе пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ на платото пред УКИМ. -На 20.05.2022 година (петок) во 12:00 часот по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј”, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј на платото пред УКИМ, се вели во владиното соопштение.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-denes-kje-polozi-cvekje-pred-spomenikot-sv-kiril-i-metodij-po-povod-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli/feed/ 0
Одбележан патрониот ден и 72-годишнината од основањето на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patroniot-den-i-72-godishninata-od-osnovanjeto-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patroniot-den-i-72-godishninata-od-osnovanjeto-na-ukim/#respond Mon, 24 May 2021 13:59:54 +0000 https://kurir.mk/?p=514458

Делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а составена од проректорите проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска, проф. д-р Ордан Чукалиев и генералниот секретар на УКИМ м-р Марија Маневска, како и од претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Анета Баракоска, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки. Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај“ свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава. -Деканите и директорите на единиците на УКИМ, се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Чинот на положување свежо цвеќе од страна на деканите и директорите на УКИМ ќе се одвива и во текот на наредните денови заради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, се наведува во соопштението.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patroniot-den-i-72-godishninata-od-osnovanjeto-na-ukim/feed/ 0
СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија, го славиме „Св. Кирил и Методиј“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-prodolzen-vikend-ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-makedonija-go-slavime-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-prodolzen-vikend-ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-makedonija-go-slavime-sv-kiril-i-metodij/#respond Tue, 18 May 2021 07:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=511647

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита празникот "Св.Кирил и Методиј", Денот на сесловенските просветители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-prodolzen-vikend-ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-makedonija-go-slavime-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0
„ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, а треба да се усогласат датумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/#respond Wed, 10 Jul 2019 08:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=216954

Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, откако вчера на владина седница беше усвоена информацијата за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за добрососедсвтво, одржан во Софија на 10 јуни годинава. Како што соопштија од владинбата прес-служба, сугестијата за заедничкото чествување на овие личности од нашата заедничка историја е предложена во Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, кој двете влади го разгледале и прифатиле. - Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува. Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за петто одделение во Република Бугарија и за шесто одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за шесто одделение во Република Бугарија и за седмо одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година, наведува Владата. Воедно, се бара од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја посочувајќи при тоа на Гоце Делчев, Илинденското востание и други прашања и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен „придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани". Премиерот Зоран Заев на бугарскиот колега Бојко Борисов на средбата во Познањ за време на самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес му упати покана да ја одбележат втората годишнина од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка склучен меѓу двете земји на 1 август 2017 година со заедничко поклонување пред споменикот на Гоце Делчев. Се очекува во текот на месец октомври двете земји заеднички да ја одбележат на највисоко ниво и 1005-годишнината од смртта на Цар Самуил. Заев и Борисов за време на разговорите изразија мислење дека тоа ќе биде доказ за ефективното исполнување на обврските преземени од двете влади со Протоколот од 10 јуни, потпишан за време на првиот состанок на Меѓувладината комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/feed/ 0
УМС на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“, но и подели книги од македонски автори во чест на празникот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-polozi-cvekje-pred-spomenikot-na-sv-kiril-i-metodij-no-i-podeli-knigi-od-makedonski-avtori-vo-chest-na-praznikot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-polozi-cvekje-pred-spomenikot-na-sv-kiril-i-metodij-no-i-podeli-knigi-od-makedonski-avtori-vo-chest-na-praznikot-foto/#respond Fri, 24 May 2019 11:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=201522

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во чест на празникот „Св. Кирил и Методиј“ положи цвеќе пред нивниот споменик во центарот на градот. Членовите на УМС освен положување на цвеќе, подели и книги на граѓаните од македонски автори со што на симболичен начин го одбележаа денот на сесловенските просветители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-polozi-cvekje-pred-spomenikot-na-sv-kiril-i-metodij-no-i-podeli-knigi-od-makedonski-avtori-vo-chest-na-praznikot-foto/feed/ 0