св.никола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 May 2022 20:27:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png св.никола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре е летен Св. Никола, дарувајте ги децата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-leten-sv-nikola-daruvajte-gi-decata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-leten-sv-nikola-daruvajte-gi-decata/#respond Sat, 21 May 2022 20:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=679994

Верниците на православната црква во недела на 22 мај го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец. Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар. Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола. Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи. Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на празникот, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-leten-sv-nikola-daruvajte-gi-decata/feed/ 0
ВО НЕДЕЛА ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ НИКОЛА: На овој ден не правете ги овие две работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-go-slavime-sveti-nikola-na-ovoj-den-ne-pravete-gi-ovie-dve-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-go-slavime-sveti-nikola-na-ovoj-den-ne-pravete-gi-ovie-dve-raboti/#respond Tue, 14 Dec 2021 20:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=608540

Свети Никола е голем македонски празник, а како слава го има речиси секое второ православно семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола меѓу другото, се смета за заштитник на морињата. Празникот Свети Никола, кој на 19 Декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најмасовни домашни слави што се прославуваат во Македонија. Сепак, Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или, пак, како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец и многу македонски семејства вечерта ќе го прослават празникот со богата посна трпеза, на која преовладуваат риба, посно гравче и посни сарми. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески посветени на овој светец. Овој светец имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните. Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, свети Никола живеел во 4 век, многу пред расколот помеѓу Православната и Католичката црква од 1054 година. Неговите богати родители Теофан и Нина, го добиле синот Никола во време на владеењето на римскиот цар Валеријан (253 – 260 година), алчен човек што поради страста за златото организирал воен поход на Персиското Царство. Младиот Никола растел во такво нестабилно опкружување. Кога неговите родители умреле во големата епидемија, Никола го разделил целото наследено богатство. Никола е избран за архиепископ мирликиски. Бил и еден од архиепископите што се повикани пред царот Константин на саборот во Никеја во 325 година. Свети Никола умрел на 19 декември 343 година. Погребан е во соборната црква „Мирликиска митрополија“, а кон крајот на 11 век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот „Свети Јован Претеча“. Професорот од Теолошкиот факултет во Скопје Ратомир Грозданоски вели дека свети Никола е еден од светителите што ги празнуваат сите христијани и имаат еднаква почит кон него, и католиците и православните, но интересно е што го празнуваат и протестантите. – Името Никола е многу распространето и се среќава и меѓу православните, и кај римокатолиците, и кај протестантите, како: Никола, Николај, Николаос, Ник, Никол, Ниче, Коле, па Николина, Ники… На сите овие имиња коренот им е од Никола. Сите тие се носители на едно прекрасно име – на името свети Никола – објаснува професорот Грозданоски. Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар. И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во стреде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари. За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-go-slavime-sveti-nikola-na-ovoj-den-ne-pravete-gi-ovie-dve-raboti/feed/ 0
Утре е Св. Никола – еве што треба да направите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-sv-nikola-eve-shto-treba-da-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-sv-nikola-eve-shto-treba-da-napravite/#respond Fri, 18 Dec 2020 18:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=445369

Православните верници утре го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-sv-nikola-eve-shto-treba-da-napravite/feed/ 0
Се слави Св. Никола, заштитникот на патниците – ова се обичаите и верувањата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-slavi-sv-nikola-zashtitnikot-na-patnicite-ova-se-obichaite-i-veruvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-slavi-sv-nikola-zashtitnikot-na-patnicite-ova-se-obichaite-i-veruvanjata/#respond Thu, 19 Dec 2019 07:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=279461

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола ‒ зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувњето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен). Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн. По смртта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава. Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“ Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење. По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода. Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија ѝ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај ‒ летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување. Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко. Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците. Во таа смисла Марко Цепенков запишал дека „Свети Никола је на морињата – да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат“. С. Тановиќ, пак во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал „поради дождови и поплави“, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Залив престанувал сообраќајот. И Е. Спространов во обичаите од Охрид забележал дека свети Никола бил тој „шо и поиљвит морињата. Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј“. Во македонските народни песни св. Никола е опеан како „стар свети Никола“ кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири: „Цркви гради стар свети Никола, /градил ги е од злато и сребро“. Стиховите, пак, од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето: „сребро, злато, цркви ќе дограда, / бесцен камен у олтар ќе става, / тебе рипке, курбан ќе те колам“, се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот празник кој спаѓа во Божиковите пости) како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба-крап. И во песната од зборникот на браќата Миладиновци се пее за делбата меѓу четирите светци: св. Илија, св. Никола, св. Јован и св. Петар: „На свети Никола што му паднало?/ Паднало му води и бродови, / му паднаа гемии по море, / он да имат, он да и повељат“. И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини“ кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во среде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат гемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел, на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари. Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-slavi-sv-nikola-zashtitnikot-na-patnicite-ova-se-obichaite-i-veruvanjata/feed/ 0
Вечно име Никола, Николина, Нина, Коле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechno-ime-nikola-nikolina-nina-kole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechno-ime-nikola-nikolina-nina-kole/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=279459

Денес се празнува Св.Никола, заштитник на патниците и на морепловците. Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Денес именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechno-ime-nikola-nikolina-nina-kole/feed/ 0
Се празнува Св. Никола – Среќна слава, за многу години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-sv-nikola-srekjna-slava-za-mnogu-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-sv-nikola-srekjna-slava-za-mnogu-godini/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=279448

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им случи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви невољи. Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-sv-nikola-srekjna-slava-za-mnogu-godini/feed/ 0
Вечерва е заслуг, а утре е големиот Св. Никола- обичаи и верувања https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vecherva-e-zaslug-a-utre-e-golemiot-sv-nikola-obichai-i-veruvanja-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vecherva-e-zaslug-a-utre-e-golemiot-sv-nikola-obichai-i-veruvanja-2/#respond Wed, 18 Dec 2019 07:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=279002

Православните верници утре го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере … Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vecherva-e-zaslug-a-utre-e-golemiot-sv-nikola-obichai-i-veruvanja-2/feed/ 0
Ограбена црквата „Св. Никола“ во Маврово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-nikola-vo-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-nikola-vo-mavrovo/#respond Mon, 19 Aug 2019 10:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=231127

Tешка кражба била извршена викендов во црквата „Свети Никола“ во село Маврово. Од СВР Тетово информираат дека кражбата била пријавена вчера. -Според пријавеното, сторителот насилно ја отворил вратата и одзел пари. Извршен е увид и се расчистува кражбата, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-nikola-vo-mavrovo/feed/ 0
Денес се слави Св.Никола, вечно име Нино, Никола, Николина, Нина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-slavi-sv-nikola-vechno-ime-nino-nikola-nikolina-nina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-slavi-sv-nikola-vechno-ime-nino-nikola-nikolina-nina/#respond Wed, 19 Dec 2018 06:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=142126

Православните верници денес го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина… Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-slavi-sv-nikola-vechno-ime-nino-nikola-nikolina-nina/feed/ 0