св. петар и павле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Dec 2021 13:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png св. петар и павле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров ја продолжуваат традицијата: И оваа година дониранаа храна во црквата Св. Петар и Павле https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-ja-prodolzuvaat-tradicijata-i-ovaa-godina-doniranaa-hrana-vo-crkvata-sv-petar-i-pavle/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-ja-prodolzuvaat-tradicijata-i-ovaa-godina-doniranaa-hrana-vo-crkvata-sv-petar-i-pavle/#respond Sun, 26 Dec 2021 13:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=613340

Како ВМРО - ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров ја продолжуваме традицијата и оваа година. Дониравме храна во народната кујна во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, стои во Фејсбук статусот на Бојан Стојаноски, пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој напиша дека се надева дека со ова ќе помогнат на оние на кои им е најпотребно во овие празнични денови. - Од мое лично име им се заблагодарувам на сите кои земаа активно учество во хуманитарната акција. Да бидеме химани, да помагаме и во наредниот период, додава Стојаноски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-ja-prodolzuvaat-tradicijata-i-ovaa-godina-doniranaa-hrana-vo-crkvata-sv-petar-i-pavle/feed/ 0
Се празнуваат Св. апостоли Петар и Павле, ова се обичаите за Петровден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuvaat-sv-apostoli-petar-i-pavle-ova-se-obichaite-za-petrovden/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuvaat-sv-apostoli-petar-i-pavle-ova-se-obichaite-za-petrovden/#respond Mon, 12 Jul 2021 05:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=535203

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Меѓутоа, Петар не бил брат на Павле туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик. Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцка бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе. Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа Светата христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден. Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус ‒ мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката. Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и таму да се бори против христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ ‒ прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ ‒ одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ ‒ запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Таму ќе ти кажам што да правиш!“ Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на христијанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле“, за некоја личност што од голем противник станал приврзаник на одредена дејност. Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги Светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар, но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар). Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ʼПремини во Македонија и помогни ни!ʼ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евенгелието.“ (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“ им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот кон Европа и светот. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно. Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично. Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам“ се молеле за дожд. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuvaat-sv-apostoli-petar-i-pavle-ova-se-obichaite-za-petrovden/feed/ 0
Се празнува Петровден, ден на врховните апостоли Св. Петар и Павле – ова се обичаите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-petrovden-den-na-vrhovnite-apostoli-sv-petar-i-pavle-ova-se-obichaite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-petrovden-den-na-vrhovnite-apostoli-sv-petar-i-pavle-ova-se-obichaite/#respond Sun, 12 Jul 2020 08:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=374384

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна. Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Меѓутоа, Петар не бил брат на Павле туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик. Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцка бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе. Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа Светата христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден. Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус ‒ мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката. Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и таму да се бори против христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ ‒ прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ ‒ одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ ‒ запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Таму ќе ти кажам што да правиш!“ Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на христијанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле“, за некоја личност што од голем противник станал приврзаник на одредена дејност. Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги Светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар, но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар). Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ʼПремини во Македонија и помогни ни!ʼ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евенгелието.“ (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“ им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот кон Европа и светот. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно. Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично. Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам“ се молеле за дожд. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-praznuva-petrovden-den-na-vrhovnite-apostoli-sv-petar-i-pavle-ova-se-obichaite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров и потпретседателот Мисајловски донираа храна и облека во Ѓаконијата при црквата Св. Петар и Павле https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-i-potpretsedatelot-misajlovski-doniraa-hrana-i-obleka-vo-gjakonijata-pri-crkvata-sv-petar-i-pavle/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-i-potpretsedatelot-misajlovski-doniraa-hrana-i-obleka-vo-gjakonijata-pri-crkvata-sv-petar-i-pavle/#respond Sat, 23 Nov 2019 13:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=268085

Денес ОК Ѓорче Петров заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, традиционално во Ѓаконијата при црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, донираа храна и облека за народната кујна во која се хранат и помагаат повеќе од 150-мина наши соѓраѓани. Како христијани чија одлика е да се помогне на ближниот, апелираме до сите сожители од Ѓорче Петров и пошироко да ја помогнат Ѓаконијата во храна и облека, се со цел да се помогне на сите оние на кои им е најпотребна, стои во објавата на Фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ok-gjorche-petrov-i-potpretsedatelot-misajlovski-doniraa-hrana-i-obleka-vo-gjakonijata-pri-crkvata-sv-petar-i-pavle/feed/ 0
Во петок доаѓа најголемиот празник по Велигден: Ова никако не заборавајте да го направите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/#respond Wed, 10 Jul 2019 10:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=217016

Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба. За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Kрсти носам бога молам“ се молеле за дожд. Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работело за да не бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пост, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пост е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, а започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост секогаш не трае исто. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. Kитевски смета дека светиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „...стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10). Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/feed/ 0
Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-petar-i-pavle-vo-gorno-lisiche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-petar-i-pavle-vo-gorno-lisiche/#respond Mon, 30 Jul 2018 12:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=82762

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.П, од Скопје за извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во село Горно Лисиче. Како што наведуваат од МВР, пријавениот кривичното дело  во црквата го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот при што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози во црквата одзел околу 3.000 денари по што го напуштил местото на настанот. По превземените оперативни мерки утврден е идентитетот на сторителот - Б.П. кој што инаку е познат сторител на имотни деликти на подрачјето на Кисела Вода, за што досега осум пати е кривично пријавуван. Вчера Б.П. е пронајден и лишен од слобода во ПС ОН Кисела Вода, каде со него бил извршен разговор, при што во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој што го извршил, наведуваат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-crkvata-sv-petar-i-pavle-vo-gorno-lisiche/feed/ 0
Денес е Петровден, среќен именден Петар, Петра, Петранка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-petrovden-srekjen-imenden-petar-petra-petranka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-petrovden-srekjen-imenden-petar-petra-petranka/#respond Thu, 12 Jul 2018 06:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=75841

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле - Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-petrovden-srekjen-imenden-petar-petra-petranka/feed/ 0