св. спас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 06:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png св. спас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден моштите на Гоце Делчев беа положени во црквата „Св. Спас“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=887220

На денешен ден во 1946 година во Скопје, во црквата „Свети Спас“ биле положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев. Моштите, кои два дена претходно македонската делегација ги донела од Софија, биле положени со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/feed/ 0
Спасени две семејства од странство кои се изгубиле и заглавиле со возилата во Мариово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/#respond Sat, 11 Jun 2022 19:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=689684

Во заедничка акција на Центарот за управување со кризи и Министерството за вантрешни работи вечерва се пронајдени и спасени две изгубени семејства од странство со четири деца кои со два автомобила поради лошите временски услови залутале и заглавиле во планински предел во Мариово. ЦУК информира дека семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион. – Околу 16:00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзале со лицата кои биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде постојано се комуницира со изгубените на кои им е наложено да чекаат помошта да дојде по нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информациите семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес беа во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба, се наведува во соопштението од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/feed/ 0
Ретко видео од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/#respond Fri, 04 Feb 2022 09:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=626884

Македонија денеска слави 150-годишнина од раѓањето на македонскиот револционер Гоце Делчев. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 година бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе. Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Делчев таму да биде погребан. Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија. Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година. Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. извор: Е-магазин]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/feed/ 0