св.василиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 04:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png св.василиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се празнува Светиот свештеномаченик Василиј https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-svetiot-sveshtenomachenik-vasilij/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-svetiot-sveshtenomachenik-vasilij/#respond Tue, 04 Apr 2023 05:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=819749

Презвитер во Анкира, денешна Анкара, Турција. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Василиј му одговори: „Јас верувам во мојот Христос од Кого ти се одрече и Којшто ти го даде ова земно царство, но наскоро и ќе ти го одземе. Зарем не се срамиш од олтарот под којшто се спаси од смрт кога имаше осум години, кога те бараа за да те убијат?... Затоа наскоро ќе ти биде одземено ова земно царство; ни телото нема да ти биде погребано кога ќе ја испуштиш душата во тешки маки.“ Царот се разлути и нареди од телото на Василиј секој ден да дерат по седум ремени кожа. Вака правеа мачителите неколку дена. Кога Василиј повторно излезе пред царот, самиот си симна еден ремен од сопствената кожа и му ја фрли в лице на Јулијан извикувајќи: „Земи и јади, Јулијане, ако ова јадење ти е слатко, а мене живот ми е Христос!“ Овој настан се разгласи по целиот град и царот од срам тајно се повлече од Анкира во Антиохија. А Василиј продолжија да го мачат со усвитено железо дури не Му ја предаде својата душа на Господ, за Кого многу пострада во 363 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-svetiot-sveshtenomachenik-vasilij/feed/ 0
Денеска е Св. Василиј Велики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-vasilij-veliki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-vasilij-veliki/#respond Tue, 14 Jan 2020 07:02:24 +0000 https://kurir.mk/?p=289258

Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sv-vasilij-veliki/feed/ 0