свадби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 09:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свадби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Компанија нуди свадби во вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/#respond Tue, 09 May 2023 09:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=832154

Џејн Појнтер е една од основачите на компанијата за вселенски патувања, „Спејс перспектив“ (Space Perspective), и сака таа да биде првата што ќе понуди можност за венчавки во вселената. - Веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а свадбите ќе се изведуваат на вселенското летало „Нептун“. Има двојки кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа, рече Појнтер за „Кул даун“ (The Cool Down). „Нептун“ е одржливо и безбедно летало за на или над планетата Земја. Се состои од „Вселенски балон“, „Резервен основен систем“ и „Капсулата Нептун“. За разлика од другите вселенски бродови каде што делот со екипажот се одвојува од другите делови при летот, капсулата тука останува поврзана со „Вселенскиот балон“ во текот на целиот лет, од полетувањето до слетувањето, со што нуди безбеден и удобен лет. „Спејс перспектив“ сака да овозможи вселенско патување за што повеќе луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/feed/ 0
Струшката полиција ќе спречува пукање на свадби и неовластено користење огномети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-policija-kje-sprechuva-pukanje-na-svadbi-i-neovlasteno-koristenje-ognometi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-policija-kje-sprechuva-pukanje-na-svadbi-i-neovlasteno-koristenje-ognometi/#respond Mon, 25 Jul 2022 11:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=709917

Преку контроли и превентивни мерки Одделението за внатрешни работи – Струга ќе работи на спречување на пукање од огнено оружје на семејни веселби, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека сите вакви нелегални активности ќе бидат соодветно санкционирани со поднесување соодветни прекршочни и кривични пријави. – ОВР Струга отпочна со засилени контролни активности за откривање и санкционирање на пукање од огнено оружје, неовластено употреба на огномети и користење на пиротехнички средства на свадби и други свечености. Ќе се преземаат контроли, превентивни и репресивни мерки за спречување на оваа незаконска појава која значи нарушувања на јавниот ред, на семејни веселби со пукање од пиштоли и друго огнено оружје, неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, истакна Димоски. Пукањето, појасни, е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години. – Потсетуваме дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки, рече Димоски. Упати апел до граѓаните, свадбите и другите семејни веселби, да ги слават без употреба на оружје со што, ќе ги избегнат опасностите од нивната употреба по животот на славениците и ќе овозможат безбедно прославување на семејните прослави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-policija-kje-sprechuva-pukanje-na-svadbi-i-neovlasteno-koristenje-ognometi/feed/ 0
СВР Тетово: Пукањето на свадбени веселби ќе се казнува од 200 до 500 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-pukanjeto-na-svadbeni-veselbi-kje-se-kaznuva-od-200-do-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-pukanjeto-na-svadbeni-veselbi-kje-se-kaznuva-od-200-do-500-evra/#respond Tue, 21 Jun 2022 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=693637

Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености. – Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, вели портпаролот Марјан Јосифоски. Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок, но и да биде кривично дело. – Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), вели полицискиот портпарол. За да се избегнат непријатностите и казнувањата, од СВР Тетово потсетуваат дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи. Од полицијата потсетуваат дека нивни службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-pukanjeto-na-svadbeni-veselbi-kje-se-kaznuva-od-200-do-500-evra/feed/ 0
И ПОГРЕБИТЕ И ВЕНЧАВКИТЕ СЕ ПОСКАПЕНИ: Црковните услуги со повисоки цени, еве го новиот ценовник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/#respond Sun, 20 Mar 2022 17:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=650295

И црквата ги покачи цените за црковните услуги. Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со 1 или со 3 свештеници. Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави Телма. Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата. Дел од битолчани велат дека цените се превисоки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pogrebite-i-venchavkite-se-poskapeni-crkovnite-uslugi-so-povisoki-ceni-eve-go-noviot-cenovnik/feed/ 0
Владата пресече: Следува забрана за организирање на настани и прослави во затворен простор – еве од кога ќе важи оваа мерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/#respond Sat, 07 Aug 2021 20:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=547798

Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти. Оваа мерка ќе стапи на сила од 16. август. -Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата. Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preseche-sleduva-zabrana-za-organiziranje-na-nastani-i-proslavi-vo-zatvoren-prostor-eve-od-koga-kje-vazi-ovaa-merka/feed/ 0
НОВИ МЕРКИ: Се бара забрана за свадби, прослави и масовни настани во затворен простор на цела територија на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/#respond Sat, 07 Aug 2021 16:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=547741

Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести утринава по состанокот објавија дека предлагаат рестриктивни мерки во Тетово, односно забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица. Филипче попладнево во изјава за „Телма“ кажа дека барањето е мерките да важат за сите градови, а не само за Тетово. – Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде, на сите места, не само за Тетово – рече Филипче за „Телма“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-merki-se-bara-zabrana-za-svadbi-proslavi-i-masovni-nastani-vo-zatvoren-prostor-na-cela-teritorija-na-makedonija/feed/ 0
СЕ БАРААТ НОВИ МЕРКИ ЗА ТЕТОВО И РЕГИОНОТ ПОРАДИ КОВИД-19: Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=547535

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот. Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено. Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции: -Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна. -Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица. -Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено. - Зсилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите. Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/feed/ 0
Невакцинираните да не одат на свадби и слави- еве што препорачува Пановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakciniranite-da-ne-odat-na-svadbi-i-slavi-eve-shto-preporachuva-panovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakciniranite-da-ne-odat-na-svadbi-i-slavi-eve-shto-preporachuva-panovski/#respond Tue, 13 Jul 2021 18:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=536308

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби. Останатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува епидемиологот Никола Пановски, по информацијата дека во Тетово, во изминатите неколку денови од свадба и семејна прослава е зголемен бројот на случаи на ковид-19. Според Пановски повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот. Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири Делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири Делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат, вели Пановски. Во моментов, во Тетовскиот Регион активни се 65 случаи, а најголем дел од нив се од два кластери создадени од прослави. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово. Од Министертсвото за здравство велат дека ја следат епидемиолошката состојба во Тетово, но дека имаат проблем затоа што заразените не даваат податоци за контактите. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, за да може да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки. Министерството за здравство апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, велат од Министерството за здравство. Свадбите, крштевките и родендените беа забранети од лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19, но од први јули поради мираната епидемиолошка состојба дозволи свадби во затворени простории со максимум 250 гости. Здравствените власти препорачуваат дека сепак и покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, треба да одлржуваме лична хигиена, дистанца, и носење на маска. Не ја исклучуваат можноста доколу бројот на заболени расте мерките да се променат и да се воведат старо – нови рестрикции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakciniranite-da-ne-odat-na-svadbi-i-slavi-eve-shto-preporachuva-panovski/feed/ 0
Пановски: Да се укинат свадбите во затворено за да се запре ширењето на Делта сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-da-se-ukinat-svadbite-vo-zatvoreno-za-da-se-zapre-shirenjeto-na-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-da-se-ukinat-svadbite-vo-zatvoreno-za-da-se-zapre-shirenjeto-na-delta-sojot/#respond Fri, 09 Jul 2021 07:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=534225

Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека за да се забави ширењето на Делта сојот потребни се навремени мерки. Тој во изјава за Телма рече дека свадби во затворен простор не смее да има, а потребни се и рестриктивни мерки на границите. -Треба контрола на границите од земјите во кои тој доминира. И на Аеродром и на границите. Треба да се размисли со исто со нашите луѓе што одат масовно во Грција. Меѓутоа, особено на иселениците кои понатаму во домовите, во затворен простор, овој вирус уште побрзо да го прошират. Треба да се повлече одлуката за одржување на свадби, барем во затворен простор бидејќи иселениците доаѓаат баш на тие места и исто така да се прекинат какви било прослави во затворен простор. Тоа е минимум што би требало да се направи, вели Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-da-se-ukinat-svadbite-vo-zatvoreno-za-da-se-zapre-shirenjeto-na-delta-sojot/feed/ 0
Од утре свадби и во затворен простор, максимум 250 гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-svadbi-i-vo-zatvoren-prostor-maksimum-250-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-svadbi-i-vo-zatvoren-prostor-maksimum-250-gosti/#respond Wed, 30 Jun 2021 06:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=529625

Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на Ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица. – На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот, напиша на неговиот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши. Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Оваа одлука, меѓутоа, не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости. Во исто време, Министерството за здравство соопшти дека на националниот систем „Мој термин“ е воведена можност за издавање сертификат за прележан Ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Ковид-19 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. – Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство, информира Министерството. Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 10.940 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со 28 јуни се вакцинирани вкупно 310.384 граѓани, вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани. Според Министерството за здравство, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, како и 49 отсто од оние над 65 години и 42 проценти од граѓаните над 60 години. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, велат од Министерството и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, нагласуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Од вчера почна дистрибуцијата на вакцините на „Синовак“ во сите центри за имунизација и масовна вакцинација во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека со ова се создадени услови за динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидено да започне и теренска вакцинација. Во периодот од 24 часа меѓу понеделникот и вчера од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата, до вчера изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-svadbi-i-vo-zatvoren-prostor-maksimum-250-gosti/feed/ 0