свечена изјава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Feb 2021 11:29:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свечена изјава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зибери даде свечена изјава како народен правобранител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-dade-svechena-izjava-kako-naroden-pravobranitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-dade-svechena-izjava-kako-naroden-pravobranitel/#respond Mon, 01 Feb 2021 11:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=462579

Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари годинава. Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години. Зибери е роден во 1961 година. Дипломирал во 1985 година на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 2010 година положил правосуден испит. Во периодот од 1986 год 1990 година работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. На првите парламентарни повеќепартиски избори во 1990 година, но и на изборите во 1994 година и 1998 година, бил избран како пратеник во Собранието. Од 1996 до 1998 година, Зибери бил и министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на Владата. Зибери на последните парламентарни избори во јуни минатата година беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец во Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-dade-svechena-izjava-kako-naroden-pravobranitel/feed/ 0
Даштевски: Ќе работам стручно и професионално, по закон и Устав https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-kje-rabotam-struchno-i-profesionalno-po-zakon-i-ustav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-kje-rabotam-struchno-i-profesionalno-po-zakon-i-ustav/#respond Fri, 15 Jan 2021 10:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=455663

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи со истекот на мандатот на сега веќе, минатиот состав на Комисијата. Претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што се се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии. За својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија вели дека „изборот е по предлог на партија до избирање“, а оти потоа согласно законот и Уставот ќе работи стручно и професионално. – Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене, изјави Даштевски. Даштевски негираше дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Гревски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски исполнува ветувања кон него. На прашањето дали е сигурен во тоа тој одговори: „100 отсто“. За тоа дали новиот состав на ДИК ќе иницира одредени измени на Изборниот законик, Даштевски изџјави дека тие не се во таква улога и оти тоа треба да го направи Собранието кое ги носи законите и оти Изборниот законик и другите закони поврзани со изборите ги договаат политичките партии. – Доколку дојде до некој таков процес ние можеме само да помогнеме со наши совети кои ги имаат колегите од искуство и јас како поранешен член исто така, рече Даштевски. Тој на сакаше да ги коментира процесите поврзани со пописот, ниту пак дали резултатите ќе имаат некакво влијание врз изборниот процес, велејќи дека тоа е статистичка операција и се врши на друг начин. – Не. Пописот е друга операција која се врши на друг начин, статистичка операција, така што да речеме да е за референдум да коментирам, бидејќи ние не одлучуваме нема што да го коментираме пописот. Останува да се заврши целата постапка околу тоа па ќе видиме, рече Даштевски. Новоизбранаите членови на ДИК на своите работни места ќе седнат в понеделник, според тоа што се договориле. Тогаш и ќе се информираат и за тоа што е започнато, што гтреба да се продолжи, а што да се преземе. Одговоарајќи на прашање за очитувачите на отпечатоци од прсти, Даштевски рече дека не знае дали е отпочната постапката за нивно набавување, но доколку не е, бидејќи е по закон, ќе биде иницирана. Тројца од членовите на ДИК остануваат и натаму на своите позиции – Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се предложени од СДСМ и Дитмире Шеху, која доаѓа на предлог од ДУИ, и е сегашен потпретседател на ДИК, како и во мандатот што завршува денеска. Нови членови на ДИК се Даштевски, Бобан Стојановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Ристовски на предлог од СДСМ и Кренар Лога од Алијансата на Албанците. Денеска им истече мандатот на сега веќе поранешниот претседател на ДИК Оливер Деркоски и Елизабета Постолоска, кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, на Јанаке Витановски предложен од СДСМ и на Енвер Салихи од Беса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-kje-rabotam-struchno-i-profesionalno-po-zakon-i-ustav/feed/ 0
ФОТО: Новоизбраните членови на ДИК дадоа свечени изјави во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novoizbranite-chlenovi-na-dik-dadoa-svecheni-izjavi-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novoizbranite-chlenovi-na-dik-dadoa-svecheni-izjavi-vo-sobranieto/#respond Fri, 15 Jan 2021 10:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=455654

Пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и генералната секретарка, Цветанка Иванова денеска новоизбраните членови на Државната изборна комисија, дадоа свечена изјава. Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 12 јануари 2021 година, се: Александар Даштевски, претседател; Дитмире Шеху - потпретседателка и членови: Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска, Бобан Стојаноски и Кренар Лога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novoizbranite-chlenovi-na-dik-dadoa-svecheni-izjavi-vo-sobranieto/feed/ 0
Новоизбраните членови на ДИК ќе дадат свечени изјави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-chlenovi-na-dik-kje-dadat-svecheni-izjavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-chlenovi-na-dik-kje-dadat-svecheni-izjavi/#respond Fri, 15 Jan 2021 06:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=455502

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даваат свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува денеска, а него во изминатиот период го предводеше Оливер Деркоски, а негов заменик беше Шеху. Новиот состав на ДИК беше избран со консензус на 31. собраниска седница во вторникот. Првиот предизвик на овој состав на ДИК е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен. Претседателот на ДИК Даштевски доаѓа на оваа позиција со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, како и членот Стојановски. Кондарко и Ристеска, на кои ова ќе им биде втор последователен мандат се поддржани од СДСМ како и Ристовски. Кондарко беше член на Комисијата и во други два состави. Дитмире Шеху е предложена повторно на истата функција од ДУИ, а Кренар Лога доаѓа во ДИК како предлог на Алијансата на Албанците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-chlenovi-na-dik-kje-dadat-svecheni-izjavi/feed/ 0