свечена заклетва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 12:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png свечена заклетва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свечена заклетва на 27. класа питомци и на слушателите на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/#respond Fri, 06 Oct 2023 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=886101

Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод заклетва на 27. класа питомци и слушатели на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за потребите на Армијата во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Во своето обраќање пред присутните, соопштија од Министерството за одбрана, Јајага истакнал дека и питомците и слушателите на Курсот за офицери кои денеска дадоа свечена заклетва, започнуваат да чекорат по нова патека која е препознатлива по својата стручност, стандарди, дисциплина, но и дека со нивниот интерес да се приклучат во редовите на Армијата покажуваат дека неизмерно ја сакаат својата татковина. Тој додал дека токму тука на оваа престижна институција, Воената академија, на која се школуваат и питомци од Босна и Херцеговина од Косово и од Црна Гора, ќе се формираат во вистински лидери. - Во периодот што следува ќе научите многу за воената професија и вашите видици ќе ги проширите во поглед на заштитата и безбедноста. Вие, ќе се соочите со разни предизвици при вашето образование кои ќе ве оформат во вистински лидери. Лидери кои знаат како да се грижат за безбедноста и мирот на своите граѓани и држава, но и пошироко, потенцирал заменикот министер Јајага. Деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски упатил честитки до секој поединец за храброста и одлучноста да се избере патот на воената професија, уникатна можност која не е лесно достапна за другите. - Ви посакувам успех во школувањето, непоколеблива решителност во извршување на задачите и постигнување на извонредност, дисциплина и почит кон вашите професори, претпоставени и колеги, кои целата своја кариера ја посветиле на образовниот процес, чиј дел сте и вие сега, рекол полковникот Богдановски. На денешната свеченост присуствувал и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал Симеон Трајковски, претставници од воено дипломатскиот кор, гости од Босна и Херцеговина и Црна Гора и роднини и пријатели на питомците и слушателите. Оваа година на воената академија Генерал „Михаило Апостолски“ како дел од 27. класа се запишани 41 питомец од кои 34 од Северна Македонија (21 мажи и 13 жени), 4 питомци од Босна и Херцеговина и 3 питомци од Црна Гора, а на курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат 30 слушатели од кои 19 мажи и 11 жени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/feed/ 0
Свечена заклетва на новите пратеници во грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechena-zakletva-na-novite-pratenitsi-vo-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechena-zakletva-na-novite-pratenitsi-vo-grchkiot-parlament/#respond Mon, 03 Jul 2023 05:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=851900

Вкупно 300 пратеници кои на изборите во Грција на 25 јуни добија доверба од граѓаните и обезбедија пратеничко место во Парламентот, денеска ќе положат свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува утре да биде избран претседател на Парламентит, а во текот на викендот да се гласа доверба на Владата. Во Парламентот влегуваат осум партии кои го преминаа неопходниот изборен праг од три отсто, а победникот Нова демократија има 158 пратеници и потребното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеничко место. СИРИЗА обезбеди 48 пратеници, ПАСОК доби 32 пратенички места, Комунистичка партија 20, Спартанци и Грчко решение по 12 пратеници, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници. Првпат во Парламентот влегуваат три нови партии: Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА, Зои Константопулу, десничарска Победа од Солун и радикално десничарската Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис. Претходниот парламентарен состав од изборите во 2019 година го сочинуваа шест партии, од кои сега, само МЕРА25 на поранешниот министер од Владата на СИРИЗА Јанис Варуфакис, не успеа повторно да обезбеди пратенички места. Грција веќе доби Влада, по втор пар предводена од лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис. Министрите во вторникот положија свечена заклетва, ги презедоа функциите, а во средата беше одржана и првата владина седница. На крајот на неделава, веројатно од четврток до сабота ќе се одржи тридневната расправа во Парламентот за гласање доверба на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechena-zakletva-na-novite-pratenitsi-vo-grchkiot-parlament/feed/ 0
Службената Влада на Грција положи свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/#respond Fri, 26 May 2023 11:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=839044

Свечена заклетва пред претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и во присуство на претставник од грчката црква, положи новата службена и привремена Влада на Грција, која има едномесечен мандат до изборите на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот владин состав има 20 членови, сите се со функција министри, а од нив само шест се жени. По свечената заклетва во Претседателската палата во Атина, премиерот Јоанис Сармас, закажа и прва владина седница. Веденаш потоа ќе следи и примо – предавање на функциите во Министерствата. Почесниот амбасадор Василис Каскарелис, кој е поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен амбасадор во САД е новиот министер за надворешни работи на Грција. а попладнево и официјално ќе ја преземе функцијата од Никос Дендиас. Поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, Новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис е новиот владин портпарол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sluzhbenata-vlada-na-grtsija-polozhi-svechena-zakletva/feed/ 0
Новата грчка влада положи свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-polozi-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-polozi-svechena-zakletva/#respond Tue, 09 Jul 2019 10:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=216739

Членовите на владата на Кирјакос Мицотакис, министри, заменици и алтернативни министри, вкупно 51, денеска положија свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и пред атинскиот архиепископ Јерпнимос, во претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. По завршување на свечениот и традиционален дел на положување заклетва, што секогаш следи по објавувањето на новиот владин состав, министрите се упатија кон нивните министерства, каде официјално ќе ја преземат новата функција од нивните претходници. Новиот шеф на грчката дипломатија, од претседателската палата замина кон Министерството за надворешни работи на Грција, каде во 13 часот по локално време, Јоргос Катругалос ќе му ја предаде функцијата на новиот МНР на Грција, Никос Дендиас. За утре претпладне закажана е првата седница на новата грчка влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-polozi-svechena-zakletva/feed/ 0